Извадок на дел дневните настани 20.05.2022


На 19.05.2022 во 20 часот полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода Б.Б.(36) од с.Неготино, гостиварско. Тој бил баран по наредба од Основен суд Гостивар за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по чл.215 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово - Скопје за издржување на казната.

На 19.05.2022 во 15.30 часот на ул.„Ташко Караџа" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Е.(45) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 239 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

На 19.05.2022 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булевар „Трета македонска бригада“ патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. (50) од Скопје, удрило во Ѓ.Д.(36) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.Д., констатирани во Градска општа болница „Осми септември“ - Скопје. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

На 19.05.2022 во 14.21 часот во Полициската станица Аеродром, З.М.(44) од Скопје пријавил дека на улица „Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник.

На 19.05.2022 во 19.35 часот во СВР Скопје, Д.Р. (48) од Скопје пријавила дека на улица „69“ била касната од куче скитник.

На 19.05.2022 во 14.40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Н.М.(26) од с.Тремник, неготинско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе садници канабис. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.05.2022 во 01.05 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода М.Т.(21) од село Покрајчево, радовишко и А.С.(34) од Радовиш. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и семки од марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, а по целосно расчистување на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.05.2022 во 20.50 часот на ул.„Благоја Стефковски“, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Д.Т.(24) од Скопје. Тој се сомничи дека на 05.05.2022 одзел мотоцикл од фирма во индустриска зона „Чојлија“. Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признал делото. Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.05.2022 во 22.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на улица „Орце Николов“, патничко моторно возило удрило во С.С. (57) од Скопје и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје. Увид бил извршен.

На 19.05.2022 во 22.30 часот, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А. (21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.05.2022 во 04.40 часот, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.05.2022 во 12.40 часот во дворното место на П.Р.(61) во близина на крстосница Лакавица, општина Конче, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле дабови огревни дрва без соодветна документација. Дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавно претрпријатие „Национални шуми“ подружница „Плачковица“ Радовиш. По целосно документирање на случајот против П.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

19.05.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 29 возачи, од кои 15 санкции се изречени на територија на Битола, 11 на територија на Прилеп и 3 во Ресен.

На 19.05.2022 во 16.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „7-ми ноември“, мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(19) од Охрид, удрил во пешак С.Ш.(53) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и пешакот, констатирани во ЈЗУ „Свети Еразмо“ - Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

На 19.05.2022 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 26 прекршоци, од кои 22 надвор од населено место и 4 во населено место. Истиот ден во периодот од 10.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци. Притоа биле констатирани 6 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани. Санкционирани биле и 24 други видови на прекршоци, од кои 15 за управување возило без возачка дозвола, 2 за управување нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 3 за некористење заштитна кaцига и 1 за непрописно паркирање.

На 20.05.2022 во периодот од 10.00 до 14.00 часот во подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите кон пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани и санкционирани 18 прекршоци (ТЕ-16 и ГВ-2) за кои биле изготвени соодветни платни налози. За време на контролата биле констатирани и 09 (ТЕ-8 и ГВ-1) други прекршоци, кои биле соодветно санкционирани.

На 19.05.2022 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „3“ во с.Трубарево, скопско, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопја. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Н.(50) од Гостивар поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“ Пријавената, на 20.01.2022 кај Здуњска крстосница во Гостивар, во својство на сопственик на фирма за такси превоз, без да поседува соодветна документација од надлежните институции, пуштила такси возило кое вршело јавен превоз на луѓе на подрачјето на општина Гостивар, констатирано при извршена проверка од полициски службеници.

На 19.05.2022 во 07.20 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека за укажување на лекарска помош кај нив бил донесен Ј.М.(58) од Пробиштип, кој се повредил при работа во рудник во Пробиштип. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

На 19.05.2022 во 19.45 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна рампа Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.А.(47) од тетовска Шипковица поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „фалсификување на исправа“, казниво по член 378 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица Тетово за понатамошна постапка.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во охридското село Долно Лакочереј, против сопствениците и управителите И.В. и М.В. како и против Н.Ј.-возач во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. При контрола извршена на 08.05.2022 година, полициските службеници, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, сопреле автобус со охридски регистарски ознаки, сопственост на правното лице, управуван од пријавениот Н.Ј. Притоа, констатирале дека тој нема лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.

На 19.05.2022 во 21.45 во СВР Штип било пријавено дека околу 21.45 часот малолетник паднал од терасата на Градскиот трговски центар Штип, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на СВР Штип.

Во текот на изминатата недела СВР Куманово продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 89 санкции, 32 санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, 17 за управување возило без возачка дозвола и 1 одземено возило поради тоа што било нерегистрирано.

На 19.05.2022 во 19.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Џ.С.(28) од Скопје пријавил дека во с.Ергеле, скопско, бил физички нападнат од малолетник од с.Трубарево, скопско, кој употребил и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.05.2022 во СВР Велес било пријавено дека во нива во атар на с.Бузалково, велешко, малолетник од истото село се здобил со повреди откако паднал од трактор. Малолетникот е пренесен во Општа болница Велес каде му е укажана лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.

На 19.05.2022 околу 14.30 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на булевар „Св.Климент Охридски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(62) и И.Л.(39), двајцата од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
На 19.05.2022 во 15.06 часот во СВР Скопје, С.А.(53) од Скопје пријавил дека во неговиот дом неколку лица физички го нападнале и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.05.2022 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на улица „Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Љ.(20) и А.А., двајцата од Скопје, при што биле употребени и остри предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.05.2022 во 21.30 часот во СВР Скопје, И.Т.(41) од с.Трубарево, скопско, пријавил дека пред автобуска постојка на улица „Индира Ганди“, додека извршувал обврски како возач на автобус, бил физички нападнат од С.Н. од Скопје и уште три лица, кои притоа го оштетиле и возилото кое пријавителот го управувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.05.2022 во 19:00 часот во СВР Скопје, 24-годишен жител на село од општина Сарај пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 300 евра. Според пријавеното, лицето побарало од него и се договориле да му изврши градежни работи кај него во с.Блаце, скопско. Како што е пријавено, тие се договориле веднаш да земе мерки, но прво да земе и плати еден пакет со делови, а откако ќе се видат ќе му ги врати парите и ќе му даде аванс. Подоцна, според пријавеното, кога пристигнал во селото, лицето било недостапно, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.05.2022 во 15.00 часот во Полициската станица Сарај, 37-годишен жител на скопско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 300 евра. Според пријавеното, лицето се претставило дека е од тетовско и од него побарало да му направи ограда. Како што е пријавено, откако се договориле лицето побарало од него кога ќе тргне да земе мерки да застане кај еден објект, да земе и плати еден пакет со делови, а откако ќе се видат ќе му ги врати парите и ќе му даде аванс. Кога пристигнал во тетовско, според пријавеното, лицето не било достапно, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.05.2022 во 20.30 часот во СВР Скопје, 20-годишна девојка пријавила дека на територија на Карпош едно лице се обидело да изврши обљуба врз неа, но не успеало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.05.2022 во 14.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека од Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјално проблеми и нарушено поведение на улица „Ибе Паликуќа“ се оддалечил штитеникот Н.А.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 19.05.2022 во 22.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Б.(50) од Тетово пријавил дека на булевар „Јанде Сандански“ бил каснат од куче скитник.