Извадок на дел од дневни настани 19.05.2022

На 18.05.2022 во периодот од 09.50 до 11.30 часот на улица „Илинденска“ и улица „180“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судски наредби, ги привеле Ш.А.(63) од тетовско Рогле и Е.Р.(21) од Тетово за издржување на затворски казни. По приведувањето, лицата биле предадени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казните.

На 18.05.2022, поциски службеници од Одделението за внатрешни работи Виница го лишиле од слобода С.Д.(37) од Виница. При претрес во дом и простории во Виница, кои што ги користел С.Д., извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени ампули со кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

На 18.05.2022 во 17.40 часот на ул.„Македонија“, полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишиле од слобода Д.К.(19) и А.А.(28), двајцата од Скопје. Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во објект на ул.„Македонија“. Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесени пријава по член 236 од Кривичниот законик.

На 18.05.2022 во 22.25 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.С.(52) од Тетово затоа што кај него биле пронајдени 20 кесички со хероин. Тој бил задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 18.05.2022 во 23.10 часот во тетовско Камењане, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Ф.(43) од Тетово. При контрола на патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, и при преглед кај него биле пронајдени марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела кражби или тешки кражби. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 19.05.2022 во 02.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.А.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.05.2022 во 21.30 часот на бул.„Јане Сандански“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Г.(47) и Г.С.(39), двајцата од Скопје, поради сомнение дека извршиле „разбојничка кражба“. При преглед кај Г.С. биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, додека кај А.Г. била пронајдена и одземена прашкаста материја. Исто така, било пронајдено и возилото со кое била извршено делото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.05.2022 во 18.55 часот во СВР Струмица, А.Ш.(36) од Гевгелија пријавил дека во неговото дворно место пронашол неексплодирана бомба, која била подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Струмица, при што било утврдено дека потекнува од Првата светска војна.

На 18.05.2022 околу 21.30 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Н.(42) од Република Грција. Тој се однесувал агресивно и физички нападнал царински службеник кој вршел царинска контрола на неговото товарно возило со кое пристигнал на преминот. Н.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.05.2022 во 08.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода К.А.(32) од Азербејџан затоа што при проверка било констатирано дека е евидентиран во службената евиденција со мерка „апси“ издадена од Интерпол. Лицето е задржано во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

На 18.05.2022 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Од извршената контрола било констатирано дека 13 возачи ја пречекориле брзината на движење, од кои 8 надвор од населено место и 5 во населено место. Сите биле соодветно санкционирани.
Истиот ден во периодот од 07.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. За време на акциската контрола биле констатирани 8 прекршоци од кои 6 за неисправен уред за запирање и 2 за неисправни светлосни уреди. Сите биле соодветно санкционирани. Санкционирани биле и 31 други видови на прекршоци, од кои 16 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за некористење сигурносен појас, 4 за некористење заштитна кацига и 6 за непрописно паркирање

На 18.05.2022 во периодот од 07.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, биле санкционирани 15 неисправни возила (ТЕ-12 и ГВ-3), од кои 2 (ГВ-2) со неисправни уреди за кочење и 13 (TE-12 и ГВ-1) за неисправни уреди за управување. Сите 15 возила веднаш биле исклучени од сообраќај, а на прекршителите им се изготвени соодветни платни налози, како и 3 барања (ТЕ) за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.

На 17.05.2022 во 18.50 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат Струга – Ќафасан се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со албански национални ознаки, управувано од Л.Б.(23) од Република Албанија и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со албански национални ознаки, управувано од Ј.Т.(38) од Република Албанија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.Б., неговиот сопатник Ф.Б.(39) и патникот во патничкото моторно возило „пасат“, М.Ф.(38), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле Ј.Т. и неговиот сопатник Ф.Б.(35) од Република Албанија, констатирани во Медицински центар Струга. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

На 18.05.2022 во 11.50 часот во Полициската станица Шуто Оризари, С.Р.(21) од Скопје пријавил дека на улица „Брсјачка буна“ бил каснат од куче скитник.

На 18.05.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(65) од Скопје пријавила дека на улица „Лазар Поп Трајков“ била касната од куче скитник.


 На 18.05.2022 во 12.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишиле од слобода Б.В.(23) од Битола. При преглед, извршен на магистралниот пат Охрид-Струга, кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (19.05.2022) во 12.00 часот на ул.„376" во нас.Топанско поле- Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(26) од Скопје. Тој бил баран со централна потерница по наредба на Основно јавно обвинителство Скопје за кого била определена мерка притвор за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

 

СВР Штип, до Основното јавно обвинителство Свети Николе, поднесе кривична пријава против В.С.(30) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „несовесно работење во службата“ казниво по чл.353-в ст.5 и „неизвршување на судска одлука“ казниво по чл.377 ст.2 од Кривичниот законик. Пријавениот, референт за управни работи за Свети Николе во Отсек за управни работи Штип, во текот на 2021 година на лице-возач му ја вратил возачката дозвола која му била привремено одземена без да му ја впише изречената прекршочна санкција „забрана на управување со моторно возило од Б категорија во траење од 3 месеци“ која му била изречена со судска пресуда и на тој начин ги повредил законските прописи за спроведување на управна постапка, несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и не извршил правосилна и извршна судска одлука.

 

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.К.(46) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад" по чл.230 ст.3 од Кривичниот законик. Во текот на февруари 2022 година во Скопје, полициски службеници од Единица за економски и компјутерски криминал и преставници од други надлежни инспекторати извршиле контрола во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини на ул.,,1" во с.Арачиново, при што го затекнале пријавениот како во моментот неовластено тргува со отпад без да е регистриран во Централен регистар на Република Северна Македонија како правно лице и без да поседува Дозвола за вршење на дејност „Складирање и третман на отпад", издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање. На тој начин тој го сторил делото кое му се става на товар.

 

На 18.05.2022 во 13.15 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода С.А.(52) од село Осиче, кривопаланечко, затоа што во Меѓуопштински центар за социјални работи во Крива Паланка со остар предмет го нападнал Г.Ц.(45). С.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.05.2022 во 15.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварски Сенокос малолетник од селото со остар предмет повредил друг малолетник од истото село, кој бил пренесен во Општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар за укажување на лекарска помош, а подоцна во Полициската станица родител сам го донел неговиот син кој го извршил нападот. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 18.05.2022 околу 19.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со повреди кај нив бил донесен Л.М.(50) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив, Л.М. пријавил дека околу 19.00 часот на улица „28“ во Сингелиќ бил нападнат од три лица, по што Б.Ј., кој го познавал, од огнено оружје испукал неколку куршуми кон него и му нанел прострелна рана на ногата. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.05.2022 во 23.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во фирма на улица „Црногорска“, сопственост на Г.С.(37) од с.Горно Свиларе, скопско. Во пожарот биле опожарени градежни материјали, а повредени лица нема. Екипа на Бригата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Г.К.(48) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 05.03.2022 на Граничен преми „Деве Баир“, полициски службеници извршиле контрола и било констатирано дека бил фалсификуван серискиот број на патничкото возило „БМВ Х5“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(23) од Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено ккривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 09.12.2021 година, по објавен текст од интернет портал на социјална мрежа Фејсбук, напишал коментар со кој поттикнал омраза и насилство.

 

На 18.05.2022 во 13.49 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(57) од Крива Паланка. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за фирма во с.Говрлево, општина Сопиште. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје и трудов инспектор.

 

На 18.05.2022 во 10:00 часот во СВР Скопје, К.Ќ.(60) од Скопје пријавил дека во продавница за мотоцикли на улица „Франклин Рузвелт“ настанал пожар во неговиот мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, каде што пред неколку дена го однел на поправка. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 18.05.2022 околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Ласкарци, општина Сарај, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Б.(43), С.И.(41) и С.Б.(34), сите од с.Ласкарци, од една страна и Н.С.(50) и Б.С.(25), двајцата од с.Грчец, скопско, од друга страна, поради нарушени семејни односи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.05.2022 во 21.27 часот во Полициската станица Кисела Вода, Л.Ј.(39) од Скопје пријавила дека на улица „Христо Татарчев“ физички бил нападнат нејзиниот малолетен син од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.05.2022 во 11.00 часот во СВР Скопје, В.К.(54) од Скопје пријавил дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бил каснат од куче скитник.

 

На 18.05.2022 во 22.00 часот во СВР Скопје, Д.Џ.(44) од Скопје пријавила дека од својот дом се оддалечил нејзиниот брат К.Џ. (45) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.