Извадок на дел од дневни настани 18.05.2022

На 17.05.2022 во 21.50 часот на место викано „Живкова карпа" во Куманово, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(35) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од една година и девет месеци, а бил осуден на пет години и шест месеци за сторени кривични дела по член 201 и 236 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната.

 

На 17.05.2022 во 11.40 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле И.М.(57) од Тетово за издржување на затворска казна. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 17.05.2022 во 20.00 часот во угостителски објект на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 17.05.2022 во 19.10 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(21) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 17.05.2022 во 22.30 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ѓ.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 18.05.2022 во 00.50 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(25) од с.Муртино, струмичко, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

17.05.2022 на територијата на СВР Битола полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 27 возачи, од кои 13 санкции на територија на Ресен, 5 санкции во Битола и 9 во Прилеп.

 

На 17.05.2022 во 15.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, во близина на превојот „Стража“, Л.Е.(28) од с. Поповјане, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Л.Е. бил пренесен во Медицински центар Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Кичево.

 

На 17.05.2022 во 18.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај с. Колари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мини купер“ со италијански регистерски ознаки, управувано од Х.Б.(26) од с.Колари, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(76) од с. Зајас, кичевско и патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(52) од Скопје. По незгодата, тројцата возачи и сопатниците во патничкото моторно возило „ауди“, Ф.А.(74) од с. Зајас и патничкото моторно возило „мини купер“ А.З.(23), Н.А.(54), И.З.(56) и Л.З.(31), сите од с. Колари биле пренесени во Медицински центар Кичево и кај Х.Б., А.З., Н.А. и И.З. биле констатирани повреди, а кај Л.А. и З.И. биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.

 

На 17.05.2022 во 14,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Призренска“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(71) од Скопје, удрило во велосипедистка С.Г.(50) од Скопје. С.Г. била пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 17.05.2022 во 18.15 часот во Полициската станица Карпош, Љ.М.(66) од Скопје пријавил дека на бул.„Партизански одреди“ бил каснат од куче скитник.


 

На 17.05.2022 во 23.45 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Ј.(22) од Тетово. Таа била бара по потерница од Основен суд Тетово за издржување затворска казна и поради сомнение дека околу 23.00 часот на 17.05.2022 одзела предмет од возило на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, сопственост на М.Т.(48) од Скопје. Таа била приведена во Полициската станица Центар и во службен разговор со полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го признала делото. При преглед кај неа бил пронајден предметот, кој подоцна бил вратен на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Денеска (18.05.2022), таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

 

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Х.А.(56) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности" по чл.225 ст.2 и „бесправно градење" по чл.244-а ст.1 од Кривичниот законик. На 17.01.2022 на место викано „Копаница“ - катастарска општина Копаница, претставници на Градежен инспекторат извршиле инспекциски надзор на земјиште сопственост на Република Северна Македонија и на местото го затекнале пријавениот како врши градежни активности со тврд материјал без да поседува Одобрение за градење издадено од општина Сарај. Со ваквите дејствија тој ги сторил делата кои му се ставаат на товар.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Џ.С.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола во патниот сообраќај, извршена на 26.04.2022, во 09.25 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, полициските службеници сопреле такси патничко моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од пријавениот. Притоа, констатирале дека тој нема извод и лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај издадена од надлежен државен орган.

 

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, по преземени мерки и активности, расчисти кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка" по чл.274-б од Кривичниот законик. Имено, М.А. од Скопје пријавил дека во текот април 2022 година без негово знаење и согласност во два наврати му била злоупотребена платежната картичка и му биле повлечени парични средства во вкупен износ од 18.200 денари. Веднаш биле преземени мерки и било утврдено дека сторител на делото е Д.А., по што од Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесен е соодветен поднесок.

 

На 17.05.2022 околу 22.40 часот на експресен пат Штип – Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Штип го лишиле од слобода Е.С.(25) од Велес. При контрола на возилото „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, на увид приложил фалсификувана возачка дозвола. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а Е.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (18.05.2022) од 07.00 до 12.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола на подрачјето на СВР Куманово за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 8 возила. Од нив 3 поради неисправен уред за запирање, 2 поради неисправни светлосно-сигнални уреди, како и други видови неисправности.

 

На 18.05.2022 во 02.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.И.(39) од Скопје затоа што со метален предмет оштетил влезна врата од куќа сопственост на Д.Ф., при што барал пари и се заканил на Х.Д.(65), Ш.Н., Б.Р. и нејзината внука, сите од Скопје, кои живееле во куќата. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 17.05.2022 во 11.10 часот во Полициската станица Карпош, А.Т.Г.(48) од Скопје пријавила дека во маркет во трговски центар на подрачјето на Карпош, по претходна вербална расправија, била физички нападната од лице кое го обезбедувало објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.05.2022 во 10.00 часот во СВР Скопје, Н.Ј.(48) од Скопје пријавил дека на улица „Мајка Тереза“, тој и М.К. биле физички нападнати од Х.Е. и Г.Н. поради должничко-доверителски односи, при што му одзеле и личен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.05.2022 во 22.50 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на улица „4“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.У.(55) и Ѓ.У.(54), двајцата од Скопје, од една страна, и Ф.И., М.И. и Д.А., сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.05.2022 во 22.40 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека настанал пожар во помошна просторија во основно училиште на улица „Јустинијан Први“. Екипа на бригадата за противпожарна заштита Скопје целосно го изгаснала пожарот. Повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 18.05.2022 во 01.40 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Џ.М. од Скопје пријавила дека нејзиниот брат Н.М.(43) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.05.2022 во 10.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во водите на река Вардар, под мостот кој води од Градско кон с.Уланци, било пронајдено човечко тело. Екипа од Територијалната противпожарна единица Велес го извадила телото, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

 

На 17.05.2022 во 16.40 часот во Полициската станица Карпош, жител на населбата Карпош пријавил дека едно лице ја допирало по телото неговата ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.05.2022 во 01.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.М.(40) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека во селото патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на такси компанија, кое тој го управувал, било оштетено од залутано зрно. Повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 17.05.2022 околу 18.42 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на железничка станица Кукуричани настанал пожар во локомотива од патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Гевгелија. Екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото ивршила екипа од ОВР Неготино.

 

На 17.05.2022 околу 19.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на улица „Христо Татарчев“ две лица со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(51) од Гостивар поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемијата“. На 10.03.2022 полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.