Извадок на дел од дневни настани 17.05.2022

На 16.05.2022 во 17.10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.С.(32) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.05.2022 во 16.40 часот, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.Г.(18) и С.С.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.05.2022 во 18.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.К.(70) од Пехчево пријавила дека на улица „Христо Татарчев“ била касната од куче скитник.

На 16.05.2022 во 12.35 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.К.(62) од Скопје пријавил дека на подрачјето на населба Ченто бил каснат од куче скитник.

На 16.05.2022 во 21.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Ј.Г.(34) од Скопје пријавила дека на улица „Ташко Караџа“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Денеска (17.05.2022) во 03.00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во близина на спортската сала во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода П.М.(27) од Тетово. При преглед во возилото „фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (17.05.2022) во 00.35 часот во с.Камењане, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Камењане го лишиле од слобода Б.М.(39) од Гостивар. При преглед кај него и во возилото „шевролет каптива“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.05.2022 околу 20 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, го лишиле од слобода Р. П (37) од Битола. При преглед кај него пронајдена е паковка амфетамин. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Денеска (17.05.2022), Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(27) од Радовиш поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „разбојништво“ по член 237 став 4 и „спречување на докажување“ по член 368 и против М.Т.(22) и О.А.(21), двајцата од село Покрајчево, радовишко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 од Кривичниот законик. На 09.05.2022 во 04.00 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица „Свети Спасо Радовишки“ во Радовиш одзеле два коверти со исплатени тикети за кои сметале дека има пари. После тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на с.Раклиш, радовишко. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана. На 16.05.2022 лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

На 16.05.2022 во 17:45 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(49) од село Лакавица, гостиварско, затоа што кај него бил пронајден хероин. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 16.05.2022 во 11.25 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода В.В.(39) од Република Албанија затоа што при контрола било констатирано дека непријавено престојувал во државата. Лицето е предадено на инспектор за прекуграничен криминал за понатамошна постапка.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.Б.(40) од Кичево. При претрес извршен во неговиот дом, по претходна судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кокаин. На И.Б. изречена му е мерка притвор во траење до 30 дена, по што е спроведен до Казнено - поправната установа Затвор Битола.

На 16.05.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 33 прекршоци, од кои 16 надвор од населено место и 17 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 12 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за некористење сигурносен појас, 1 за некористење заштитна кацига и 1 за непрописно паркирање.

На 16.05.2022 околу 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „10“ во с.Инџиково, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(62) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Ј.(49) од с.Инџиково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Ј., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 16.05.2022 околу 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар „Македонско-косовска бригада“ со улица „Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“, сопственост на Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(33) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „голф“, Н.Б.(66) од Скопје, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.


Денеска (17.05.2022) во 11.00 часот на ул.„Мајка Тереза" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(40) од Скопје. Тој бил баран по три централни потерници од Основен кривичен суд Скопје за издржување вкупна затворска казна од осум години и шест месеци за сторени кривични дела по член 378, член 206 и член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Денеска (17.05.2022) во 09:50 часот на ул.„Христо Татарчев" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(34) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 16.05.2022 во 21.15 часот во Полициската станица Аеродром, В.Л.(48) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот од дома со патничко возило „пежо 406“ се оддалечил неговиот татко В.Л.(74), лице со здравствени проблеми. Веднаш се преземени мерки и во 05.00 часот, инспектори по потраги од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево го пронашле лицето во возилото. Лицето било предадено на семејството.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен на улицата „Аргир Маринчев“ во Охрид, полициските службеници кај него пронашле марихуана.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.В.(24) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен на улицата „Партизанска“ во Струга, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.Б.(64) од струшкото село Делогожда поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола извршена на 21.04.2022 година на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, полициските службеници го затекнале пријавениот како врши такси превоз на патници без да поседува соодветна лиценце за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај издадена од надлежен државен орган.

На 16.05.2022 во Полициската станица Карпош било пријавено дека од Јавна установа за згрижување деца се оддалечил нивниот штитеник Н.К.(18) од Штип, кој и претходно се оддалечувал од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.А.(45) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен на улицата „Арсо Војвода“ во Кичево, полициските службеници кај него пронашле кокаин.

На 16.05.2022 во 15.00 часот во СВР Скопје, Н.И.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил физички нападнат од неговите внуци Љ.И. и А.И., кои притоа употребиле тврди и остри предмети и му го оштетиле патничкото моторно возило „шкода фабиа“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2022 околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од Е.Н.(22) од с.Долна Баница, гостиварско, врз Р.Р.(45) од Куманово, кој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 16.05.2022 во 10.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во фирма на подрачје на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Т.(40) и Ѓ.В.(40), двајцата од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок.

На 16.05.2022 во 19.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Б.(30) од Тетово пријавил дека во 18.20 часот, по претходно недоразбирање во сообраќајот, на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од З.Ж.(50) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок.

На 16.05.2022 во 20.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Г.П.(45) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на подрачје на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Р.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2022 во 23.45 часот во Полициската станица Аеродром, 49-годишен жител на Скопје пријавил дека во 23.35 часот во угостителски објект на подрачје на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот син К.Ц.(23) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок.

На 16.05.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на 15.05.2022 во 22.00 часот во СОС Детско Село се вратил нивниот штитеник М.О.(17) од Кавадарци за кој на 14.05.2022 било пријавено дека се оддалечил од установата.

На 16.05.2022 во 19.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кучково, скопско, настанал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со српска национална ознака, сопственост на А.С.М.Р.(54) од Иран. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 16.05.2022 во Полициската станица Карпош било пријавено дека од Јавна установа за згрижување деца се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(15) од Куманово, кој и претходно се оддалечувал од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 16.05.2022 во 21.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.С.(68) од Скопје пријавил дека на кеј на реката Вардар на подрачје на населба Ќерамидница бил каснат од куче скитник.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(34) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед кај него полициски службеници пронашле и одзеле амфетамин и МДМА таблети.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Т.(47) од Куманово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот, пронашле и одзеле марихуана, амфетамин и предмети со остатоци од кокаин и марихуана.