Извадок на дел од дневни настани 16.05.2022

На 15.05.2022 во периодот од 11 до 17.00 часот на територијата на СВР Битола, полициски службеници спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 85 возачи, од кои 26 на територија на Ресен, 21 санкција на територија на Битола, 28 во Прилеп, 6 во Демир Хисар и 4 во Крушево.

На 15.05.2022 во периодот од 11.00 до 17.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 67 пречекорувања на брзината, од кои 22 на подрачје на Струмица, 18 на подрачје на Гевгелија, 14 на подрачје на Радовиш и 13 на подрачје на Валандово. Во 34 случаи брзината била пречекорена надвор од населено место, а во 33 случаи во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

На 16.05.2022 во 00.45 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ш.(35) од Република Албанија затоа што при проверка било констатирано дека е евидентиран во службена евиденција со мерка „апси“ по барање од Интерпол – Шведска. Лицето е предадено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

На 15.05.2022 во 18.05 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „ЈНА“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат дукато“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.К.(24) од Гостивар и патничко моторно возило „бмв“ со германска национална ознака, управувано од С.С.(51) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.К., додека со телесни повреди се здобиле Е.„Н“, сопатник во товарното возило и возачот С.С., констатирани во Општа болница Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

На 15.05.2022 околу 20.30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на патот во изградба Крупиште-Кочани, патничко моторно возило „рено клио“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.К. (42) од Струмица, излетало на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани.

На 15.05.2022 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спровеле акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 116 прекршоци, од кои 53 надвор од населено место и 63 во населено место. Од нив 54 на подрачјето на Штип, 17 Свети Николе, 14 Кочани, 12 Виница, 12 Делчево и 7 Пробиштип. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 13 останати прекршоци.

На 15.05.2022 околу 05.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на улица „Борис Кидрич“, мопед со штипски регистарски ознаци, управуван од малолетник, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

На 15.05.2022 во 20.35 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на улица „Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.М.(18) од с.Звегор, делчевско и мопед со делчевски регистарски ознаки, управуван од А.А.(22) од с.Габрово, делчевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.А., констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од ОВР Делчево.

На 15.05.2022 во 17.45 часот во СВР Скопје, А.М.(37) од Скопје пријавила дека на улица „Никола Киров Мајски“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.


На 15.05.2022 во спортската сала „Младост“ за време на одигрување на кошаркарски натпревар помеѓу екипите на КК „Гостивар“ и КК „Пелистер“ од Битола бил нарушен јавниот ред и мир со фрлање предмети од публиката и од играчи, како и со физичка пресметка помеѓу членови на двете екипи. За време на натпреварот од публиката на источната трибина биле фрлени повеќе предмети на теренот и бил погоден тренерот на екипата на Пелистер М.И.(47) од Скопје, кој потоа ја скршил клупата за резервни играчи. Истовремено, настанала физичка пресметка помеѓу играчот на Пелистер, Б.С.(29) од Скопје и физиотерапевтот на КК „Гостивар“, В.Ѓ.(29) од Гостивар. После тоа, играчите од гостинската екипа Б.С.(29) и Д.Н.(28) фрлале предмети кон публиката, при што, според пријавеното, Б.С. го погодил гледачот Б.П. од Гостивар. Во врска со настанот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода В.Ѓ.(29) од Гостивар, Б.С.(29) од Скопје, М.И.(47) од Скопје и Д.Н.(28) од Битола и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци.

Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 93 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 32 санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол и 10 за управување возило без возачка дозвола. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

На 15.05.2022 од 11 до 17 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници санкционирале 70 возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење (Охрид-25, Струга-24, Кичево-15- Дебар-06).

На 15.05.2022 во Полициското одделение Велешта, В.М.(46) од Охрид, со живеалиште во Скопје, пријавил дека при реновирање на кровот во неговата куќа во Вевчани пронашол 106 куршуми за карабин, 4 рачни бомби, една кутија со барут и 33 капсули за ловечка пушка. Увид на местото извршиле полициски екипи, а пронајдените предмети се безбедно подигнати од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

На 16.05.2022 во ОВР Прилеп, Б.А.(46) од с.Ропотово, општина Долнени, пријавил дека пред болницата „Борка Талески“-Прилеп бил физички нападнат од П.С., С.С., В.С., Ф.С. и Б.С., сите од с.Ропотово, при што го оштетиле и неговото патничко моторно возило „Форт Фиеста“ кое било паркирано пред Болницата. Претходно било пријавено дека лицата физички го нападнале и В.Т.(45) од с.Ропотово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.05.2022 во 22.15 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на железничкиот мост во Гевгелија било пронајдено починато машко лице со убодна рана од остар предмет на телото. Од извршениот преглед кај лицето биле пронајдени лични документи од кои било утврдено дека се работи за 24 годишен мигрант од Авганистан. Увид на местото бил извршен од Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.02.2022 во 14.40 во Полициската станица Центар, Ф.М.(19) од Скопје пријавил дека на автобуска постојка на улица „Димитрие Чуповски“ три лица му се заканиле со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.05.2022 во 10.23 часот во СВР Скопје, Х.М.(54) од с.Сарај, скопско, пријавил дека од залутано зрно биле оштетени кров од гаража и патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

На 15.05.2022 во 14.00 часот во Полициската станица Сарај било пријавено дека во с.Сарај, скопско, настанал пожар во подрумски простории сопственост на А.А.(22) од с.Сарај. Екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје целосно го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Сарај.

На 14.05.2022 во 17.00 часот во полициска станица, 48-годишен жител на Скопје пријавил дека во село во скопско бил физички нападнат од неговата сопруга М.К.(33) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.05.2022 во Полициската станица Шуто Оризари, И.Ш.(22) од Кочани пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари заедно со неговиот брат биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.