Извадок на дел дневните настани 15.05.2022

На 14.05.2022 во 22.50 часот во Кичево од полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за внатрешни работи Кичево е лишен од слобода И.Б.(39) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се кокаин, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (15.05.2022) во 08.00 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Т. и С.Р. од Куманово. При претрес извршен со судска наредба во домот на С.Т. биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, пиштол „Екол“ без дозвола, како и поголем износ на пари во различни валути, а на лице место е затекнат С.Р. при купопродажба на амфетамин. Лицата се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Денеска (15.05.2022) во 02.50 часот пред угостителски објект во Охрид полициски службеници од СВР Охрид - Одделение за недозволена трговија го лишиле од слобода М.А.(27) од с.Лабуништа, струшко, затоа што кај него е пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.05.2022 во 16.20 часот на подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода М.М.(22) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.05.2022 во 23.15 часот во с.Г.Палчиште полициски службеници од Полициско одделение Камењане го лишиле од слобода А.Б.(22) од с.Г.Речица, затоа што кај него се пронајдени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.05.2022 во рамки на спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 158 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

На 14.05.2022 во 11.10 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово во с.Желино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „поло“, управувано од Б.Д.(24) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Н.Ј.(30) од с.Ларце, и двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата Н.Ј.(56) од с.Ларце, сопатничка во возилото „голф“ се здобила со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Тетово.

На 14.05.2022 13.20 часот во Полициска станица Кисела Вода, М.М.(23) од Скопје пријавила дека во населба „11 Октомври“, во близина на спортско игралиште, била касната од куче скитник.

На 14/15.05.2022 во периодот од 23.00 до 04.00 часот, на подрачјата на Охрид и Дебар извршени се контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале 12 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-11, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

На 15.05.2022 во 00.55 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид патничко возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од с.Зајас, излетало од коловозот. А.А. починал на местото на несреќата, а лекар од Медицински центар Кичево констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.

На 14.05.2022 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 32 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 10 мерки за користење на мобилен телефон, 23 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за технички неисправни возила и нерегистрирани возила, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

На 14.05.2022 околу 17.00 часот на крстосница од ул.„1“ во с.Кучевиште, скопско и локален пат кон манастир, мопед „јијинг“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(31) од Крива Паланка, изгубил контрола и паднал на коловозот. Б.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

На 14.05.2022 во 17.50 часот за време на ракометен натпревар во спортска сала во Кавадарци, полициски службеници од Полициска станица Кавадарци го привеле А.М.(26) од Скопје, затоа што недолично се однесувал на спортски натпревар и го нарушил јавниот ред и мир. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесне соодветен поднесок.

На 14.05.2022 во 14.10 часот во Полициската станица Струмица, З.Ј.(58) од с.Вељуса, струмичко, пријавил дека околу 13.00 часот во с.Сарај бил физички нападнат од М.„Н”. од истото село. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 14.05.2022 околу 16.30 часот во с.Небрегово, Општина Долнени, настанал пожар во столарска работилница, сопственост на З.Ц.(50) од с.Небрегово. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Прилеп, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од Полициска станица Прилеп.
,
На 14.05.2022 во Полициска станица Прилеп А.К. од с.Канатларци пријавил дека на место викано „Корија“, атар на с.Канатларци, пронајдени се три неексплодирани гранати од 105 мм, кои најверојатно датираат од Првата светска војна. Полициски службеници излегле на местото, а гранатите се безбедно подигнати од Дирекцијата за заштита и спасување.

На 14.05.2022 во 15.45 часот во Полициската станица Струмица, С.Ш.(20) од с.Банско, струмичко, пријавил дека околу 15.20 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица бил физички нападнат од Ш.М.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14/15.05.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола спроведена е локална акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на подрачјето на Битола, Ресен, Крушево. Во текот на контролата санкционирани се 16 пијани возачи.

На 14.05.2022 во 13.00 часот на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Тодор Скаловски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(57) од Битола и патничко возило „опел антара“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.С.(41) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.А.Т.(36), а со телесни повреди М.С.(50), сопатнички од Кичево во возилото „опел антара“, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициска станица Битола.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.К.(40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 15.12.2021 во Куманово во домот на пријавениот, при извршен претрес, биле пронајдени марихуана и амфетамин.

На 13.05.2022 во 23.10 часот во Тетово од полициски службеници од Полициска станица Тетово е лишен од слобода А.М.(27) од Тетово, затоа што по претходна расправија физички ја нападнал својата 26-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.05.2022 во 13.30 часот во Прилеп, на ул.„Браќа Ламески“, патничко возило удрило во малолетен пешак, по што го напуштило местото на несреќата. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.П.(42) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2022 година во атарот на с.Радожда пријавениот во својство на инвеститор започнал со изградба на викенд куќа, без одобрение за градба, на приватна парцела, сопственост на Б.М. од Свети Николе. Од извршениот инспекциски надзор донесено било решение со кое на инвеститорот му се наложува да гo отстрани изградениот објект.

На 15.05.2022 во 00.20 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле З.С.(47) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.05.2022 во 21.40 часот во Полициска станица Драчево Д.Д.(18) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, бил физички нападнат од 17-годишник од с.Батинци и уште три лица. Во врска со случајот денеска (15.05.2022) во 03.50 часот, С.Л.(48) од Скопје пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Драчево неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од Д.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.05.2022 во 16.00 часот во Полициска станица Кочани, И.Ј.(46) од с.Тркање пријавил дека околу 01.00 часот, пред угостителски објект во Кочани, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Б.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(31) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 26.10.2021 во Охрид кај пријавениот била пронајдена марихуана.


На 14.05.2022 во 19.50 часот во Полициско одделение Теарце, Г.А.(20) од с.Орашје пријавил дека на 12.05.2022 околу 20.00 часот бил физички нападнат од две лица од с.Орашје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.05.2022 во 06.00 часот во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека од СОС Детско село самооволно се оддалечил М.О.(17) од Кавадарци, кој и претходно се оддалечувал од установата и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.М.(69) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.03.2022, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом, со што постапил спротивно на издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.