Извадок на дел дневните настани 14.05.2022

 На 13.05.2022 во 21.40 часот на подрачјето на Аеродором полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.05.2022 во 23.15 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода С.Р.(55) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.05.2022 полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишија од слобода Н.К. од Радовиш и С.И. од с.Тополница, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“. Имено, по претходно добиена наредба од Основен суд Радовиш извршени се претреси во домовите на двете лица, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичните дела. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.05.2022 во 23.15 часот на подрачје на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.05.2022 во 20.20 часот на подрачјето на Аеродором од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода М.Б.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.05.2022 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 20 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 10 мерки за користење на мобилен телефон, осум санкции за возење под дејство на алкохол, 13 мерки за технички неисправни возила и нерегистрирани возила, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

На 13.05.2022 во 07.15 часот кај бензинска пумпа на ул.„15. Корпус“, товарно возило „ман“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(29) од Скопје удрило во пешак А.К.(56) од Скопје. Во несреќата А.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

На 13.05.2022 во периодот од 18.00 до 23.00 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли на територија на СВР Битола. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 90 прекршоци, од кои 50 на територија на Прилеп и 40 на територија на Битола. Исто така, во периодот од 23.00 до 02.00 часот, на подрачјето на Битола била спроведена акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 5 прекршоци.

На 13.05.2022 во 17.10 часот на ул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од С.М.(47) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“, управуван од М.Н.(23) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата М.Н. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

На 13.05.2022 во 13.00 часот во Полициска станица Гази Баба, Ц.С.(39) од Крива Паланка пријавила дека во нас.Хиподром нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

 


На 13.05.2022 во 18.30 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.С.(28) од Охрид. При преглед извршен на ул.„Железничка“ во Охрид, кај него е пронајдена и одземена марихуана. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.05.2022 во рамки на засилената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 174 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 77 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.

На 13.05.2022 во периодот од 14.00 до 20.00 часот, при извршени контроли во патниот сообраќај, полициските службеници регистрирале и санкционирале 11 возачи кои извршиле непрописно престигнување (Охрид-07, Кичево-04).

На 13.05.2022 од страна на полициски службеници во Надворешната канцеларија за криминалистички работи извршен е службен разговор со И.Б. од Пробиштип, кој се сомничи дека искористил згодна прилика да фалсификува три рецепти за издавање на лекарства на наркозависници. За таа цел полициски службеници извршиле проверки во здравствена ординација во Пробиштип и во аптеки на подрачјето на Пробиштип, при што е констатиран направениот фалсификат, а рецептите се пронајдени и одземени од една од аптеките. За случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Штип и по негово целосно документирање ќе се следи поднесок.

На 13.05.2022 околу 12.00 часот во СВР Скопје, Ш.С.(36) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна распоравија поради нерасчистени имотно-правни односи тој, неговиот татко С.С. и неговиот брат С.Б. биле нападнати со тврди предмети од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.05.2022 во 01.45 часот во ОВР Прилеп, Р.Е.(36) од Прилеп пријавил дека на 13.05.2022 околу 19.30 часот пред влез на угостителски објект во Прилеп бил физички нападнат со тврд предмет од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против К.С.(23) од виничко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 25.07.2021 во домот на пријавениот, при извршен претрес, биле пронајдени остатоци од мешавина од марихуана и тутун и стебло од растение канабис кои ги држел во својот дом.

На 13.05.2022 во 17.45 часот во Полициска станица Гостивар, Ј.В.(52) од Гостивар пријавил дека околу 14.40 часот во Гостивар, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговите роднини Н.Ј. и Д.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.05.2022 околу 22.00 часот во Полициска станица Драчево Н.Ч.(50) од с.Батинци, скопско, пријавил дека околу 21.30 во неговата викенд куќа во с.Лубош настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 13.05.2022 во 23.20 часот во Полициска станица Гази Баба, Б.М.(27) од Тетово пријавил дека, додека извршувал работни задачи во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.К. (51) од с.Долно Татеши, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 21.01.2022 на ул.„Пролетерски бригади“, при извршена контрола на патничко возило „мерцедес“ со натпис „такси“, управувано од пријавениот, било констатирано дека возилото го управува без соодветната потребна документација за вршење јавен превоз.

На 13.05.2022 на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од СВР Скопје е приведен А.Ј.(26) од Скопје, по претходна пријава од Е.А.(39) од Скопје дека околу 23.00 часот на подрачјето на Гази Баба таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од него. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.05.2022 во 22.08 часот во с.Градец, гостиварско, од полициски службеници од Полициска станица Гостивар е приведен Х.М.(20) од с.Градец, затоа што по претходна расправија и физичка пресметка околу случена сообраќајна незгода, со остар предмет го повредил на раката и ногата М.Х.(36) од истото село. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.05.2022 во 22.45 часот во ОВР Кавадарци, И.В.(37) од Кавадарци пријавила дека околу 17.30 часот во с.Ваташа, по претходно недоразбирање, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Д.В. од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.05.2022 во 00.30 часот во Полициска станица Струмица Б.Ф.(60) од с.Вељуса пријавил дека на 13.05.2022 околу 23.00 часот во угостителски објект во с.Вељуса бил физички нападнат од Б.Г и А.Г.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.05.2022 во 23.20 часот во Полициска станица Битола П.Д.(60) од с.Лопатица, битолско, пријавил дека околу 19.15 часот во с.Лопатица, по претходно недоразбирање, неговиот внук бил физички нападнат од Д.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.05.2022 во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар е приведен С.С.(24) од Куманово, постапувајќи по пријава според која околу 00.30 часот, во близина на казино во Гостивар, по претходна расправија, физички ја нападнал својата 28-годишна девојка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Љ.(48) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности’’. Во текот на 2021 година пријавениот поплочил и заградил земјиште во државна сопственост, по што им забранил на соседите да го користат.

На 13.05.2022 во 19.15 часот во Полициска станица Центар Д.С.(41) од Скопје пријавил дека околу 18.40 часот, во трговски центар на подрачје на Центар, неговата малолетна ќерка физички била нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.05.2022 во 18.00 часот во Полициска станица Бит Пазар, А.М.(36) од Скопје пријавила дека од нејзиниот дом се оддалечила нејзината ќерка С.С.М.(13) која и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 13.05.2022 во 23.20 часот од страна на полицикски службеници од Полициската станица Гевгелија во близина на Негорски Бањи се пронајдени 44 лица мигранти од Пакистан. Со нив е извршен разговор и тие се пренесени во Транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С.(23) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. На 21.04.2021 во 22.55 часот пријавениот бил затекнат на бул.„Трета македонска ударна бригада“ за време на забрана за движење на територијата на државата.