Извадок на дел од дневни настани 13.05.2022

На 12.05.2022 во 21.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.Ц.(24) и А.Т.(25) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.05.2022 во 20.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.З.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 12.05.2022 во 13.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 12.05.2022 во 16.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ж.(26) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 12.05.2022 во 19.50 часот во Градски парк, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 13.05.2022 околу 03.30 часот на Граничен премин „Богородица“, на влез во Република Северна Македонија по извршени проверки на Ѓ.И.(49) од Кочани констатирано било дека се барал по пресуда од Основен суд Куманово за сторено кривично дело по чл.156 ст.3 вв чл.22 од Законот за игри на среќа и забавни игри осуден на казна затвор во траење од 3 години. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Гевгелија за понатамошна постапка.


На 12.05.2022 во 20,30 часот било пријавено дека на велосипедската патека покрај кејот на река Вардар С.Д.(62) од Скопје додека управувала електричен велосипед паднала на велосипедската патека. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д. констатирани во ПЗУ “Систина“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 12.05.2022 во 09.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Младо Нагоричане-Граничен премин Пелинце во атар на с.Младо Нагоричане патничко моторно возило “сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.М.(20) с.Младо Нагоричане, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., а со телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(19) од с.Младо Нагоричане констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.


На 12.05.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Кисела Вода М.Р.(56) од Скопје пријавил дека на ул.“Христо Татарчев“ бил каснат од куче скитник.

На 12.05.2022 во 17.55 часот во Полициската станица Гази Баба Д.П.(36) од Скопје пријавил дека на ул.“Бапчор“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.


На 12.05.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 32 прекршоци, од кои 26 надвор од населено место и 6 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 15 други видови на прекршоци, од кои 4 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за некористење сигурносен појас, 2 за некористење кацига и 5 за непрописно паркирање.

На 12.05.2022 во Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д (42) од Велес поради постоење основано сомнение дека ноќта помегу 09 и 10.05.2022 извршил четири кривични дела „Тешка кражба“ во три продажни објекти и детска градинка на подрачјето на Велес. Лицето е задржано во Полициската станица во Велес, а дел од предметите се пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.05.2022 во 15.15 часот полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.В. (52) од Гевгелија затоа што при претрес на неговиот дом извршен врз основа на судска наредба била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.05.2022 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола го лишиле од слобода А.А(30) од Битола, бидејќи кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичен законик.

На 12.05.2022 од полициски службеници при СВР Битола го лишиле од слобода К. М (39) од Битола затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на настанот против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.  

На 12.05.2022 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(22), Д.Ќ.(44) и малолетник, сите од Скопје. Тие се сомничат дека во 11.25 часот извршиле разбојништво во Спомен куќата на Мајка Тереза на ул.„Македонија“, при што со закана со нож кон вработената, одзеле пари. Тројцата се приведени во полициска станица, кај нив се пронајдени одземените пари и вратени кај оштетената. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.05.2022 во 13.29 часот во СВР Скопје, Ф.К.(37) од с.Долно Свиларе, скопско, пријавила дека додека бил на училиште во с.Долно Свиларе нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од наставничката А.К. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Одделението за внатрешни работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „лихварство“ предвидено во член 260 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената, во месец октомври 2018 година на женско лице од Кочани ѝ дала на заем 50 евра, а за услугата договорила за себе 1.500 денари месечна камата сѐ до враќање на главниот долг. С.И., злоупотребувајќи ја тешката имотна состојба и потребата на пријавителката, во периодот од ноември 2018 до март 2022 година остварила противправна имотна корист во износ од 33.000 денари и предмет во вредност од 20.700 денари. Односно, оштетената за заем од 50 евра на пријавената ѝ вратила 53.700 денари.

На 12.05.2022 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Виница, по добиена судска наредба, извршиле претрес на дом и други простории кај О.А.(40) во Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „тешка кражба“ од две викенд куќи, едната во место викано Среден дол, атар на Виница, другата во место викано Вршник, атар на с.Блатец, виничко. При претресот одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците. О.А. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.05.2022 во 18.45 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.А.(19) од с.Арачиново, скопско, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 12.05.2022 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода М.Р. (44) од Куманово. Тој се барал за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик за „фалсификување исправа“. М.Р. бил спроведен во Казнено-поправната установа К’шање за издржување на казната.

Денеска (13.05.2022) околу 00.20 часот на пат кон тетовска Брвеница полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.С.(26), Б.Б.(26), В.З.(26), тројцата од Тетово, Г.Б.(26), Х.А.(25), двајцата од тетовска Мала Речица, кои биле во паркирано патничко возило „пежо“, со тетовски регистарски ознаки, затоа што во нивна непосредна близина била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.05.2022 во 21.20 часот во Полициска станица Гази Баба, А.А.(30) од Скопје пријавила дека во нас.Ќерамидница била касната од куче скитник.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(58) од Скопје, поради тоа што на 13.03.2022 на игралиште на подрачјето на Центар, по претходна вербална расправија физички нападнал малолетник.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Н.(25) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, по чл.239 ст.1 вв ст.3 од Кривичниот законик. Пријавената, вработена како касиер во правно лице за игри на среќа во Скопје, на 07/08.11.2021 додека била на работното место, присвоила за себе пари во износ од 276.220 денари кои ѝ биле доверени како задолжен депозит во врска со нејзината работа, со што го сторила кривичното дело.

На 13.05.2022 околу 01.20 часот на подрачје на Чаир од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода С.К.(29) од с.Батинци, скопско, затоа што физички нападнал полициски службеник при извршување службени дејства. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.05.2022 околу 02.05 часот полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар на ул.„Никола Малешевски“ го пронашле А.К.(70) од Скопје во бессознание, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид изврши екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.И.(30) од Скопје, поради тоа што на 01.04.2022 на паркинг на подрачјето на Центар, со тврд и со остар предмет физички нападнал вработени во ЈП Паркинзи Центар додека извршувале службени дејства.

На 12.05.2022 во 21.40 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, дошло до физичка пресметка со употреба на тврди предмети помеѓу М.С.(30) и Ј.Л.(72), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.М.М. (27) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 03.10.2021 во Прилеп, во домот на пријавениот, бил извршен претрес од страна на полициски службеници, при што била пронајдена марихуана.

На 12.05.2022 во 19.30 часот во Полициско одделение Сарај, А.Е.(44) од с.Грачани, скопско, пријавил дека во с.Кондово, скопско, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 12.05.2022 во 15.40 часот во СВР Скопје, С.Б.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Драчево од залутано зрно му е оштетено стакло во неговиот дом. Повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 12.05.2022 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продавница на подрачјето на Центар, едно лице со закана се обидело од вработената да одземе пари, но не успеало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(19) од с.Подгорци, струшко и против правно лице со седиште во с.Подгорци, сопственост на првопријавениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 25.02.2022 на регионален пат Струга–Дебар, при контрола на автобус било констатирано дека пријавениот го управувал автобусот со измината дозвола – лиценца.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ј.(30) од Скопје, поради тоа што на 27.03.2022 на бензинска пумпа на ул.„Лука Геров“, по кратка вербална расправија тој со тврд предмет го нападнал А.Ш. (49) од с.Бојане.

На 12.05.2022 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продавница во Градскиот трговски центар на подрачјето на Центар, едно лице со закана кон вработената одземал пари. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(35) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.01.2022 во с.Лабуништа, при вршење контрола, пријавениот не бил затекнат во домот, иако имал решение за изолација од ДСЗИ, со што не ги почитувал мерките за заштита од Ковид- 19.