На 11.05.2022 во 22.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода М.Н.(30) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и поголема количина семки од марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Денеска (12.05.2022) во 03.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(42) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.05.2022 полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Ф.К.(23) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 11.05.2022 во ОВР Прилеп, од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп било пријавено дека во просторијата во која бил сместен Е.Ј.(33) од Република Албанија биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.05.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 24 прекршоци, од кои 16 надвор од населено место и 8 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 18 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 2 за технички неисправно возило, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 1 за непрописно паркирање.
На 11.05.2022 во периодот од 11.00 до 16.00 часот на подрачјето на Велес спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават мотоциклисти. Притоа, биле констатирани и санкционирани 30 прекршоци.
На 11.05.2022 во 16.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(41) од Штип излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 11.05.2022 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Елисие Поповски – Марко“, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.А.(28) од Скопје изгубил контрола и удрил во ограда. По несреќата Љ.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал. Со телесни повреди се здобила сопатничката Г.С.(27) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
На 11.05.2022 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, нНа територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 44 мерки за прекршоци што ги прават возачи на моторцикли, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за прекршоци што ги чинат пешаците. Изречени се 16 мерки за возач почетник, 10 мерки за користење на мобилен телефон, девет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...
На 11.05.2022 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Емил Зола“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М.К.(38) од Кичево и мотоцикл, со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобил Ј.Д.(21) од Скопје, кој се превезувал на мотоциклот, а на возачот на автомобилот М.К. му биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
На 11.05.2022 во 16.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Ц.К.(48) од Скопје пријавила дека во с.Долно Соње нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 11.05.2022 во 13.45 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.Б.(31) од Скопје пријавил дека на бул.„АВНОЈ“ бил каснат од куче скитник.
На 11.05.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Аеродром, С.К.(27) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.
На 12.05.2022 во периодот од 06.00 до 10.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, биле санкционирани 8 неисправни возила (ТЕ-2 и ГВ-6), од кои 4 (ТЕ-2 и ГВ-2) со неисправни уреди за кочење и 4 (ГВ) за неизвршен вонреден технички преглед. Возилата веднаш биле исклучени од сообраќај, а на прекршителите им се изготвени соодветни платни налози. За време на контролата биле откриени и 7 возила (ТЕ-2 и ГВ-5) кои вршеле јавен превоз на патници без соодветна документација и биле соодветно санкционирани согласно член 284А од Кривичниот законик на РСМ.
На 11.05.2022 во 19.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода С.В.(49) од с.Радишани, скопско, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.05.2022 во 12.30 часот во Полициската станица Центар, В.С.(37) од Велика Британија пријавил дека околу 03.30 часот пред угостителски објект на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, тој и неговите пријатели Д.И., С.Д.Х, И.С.Л. и Л.К. биле физички нападнати од четири лица, исто така, од Велика Британија, при што едно од нив со стаклен предмет му нанело повреда на раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.05.2022 во 21.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Мице Козар“ и ул.„Борис Кидрич“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “бмв“, управувано од Д.Б.(37) од Прилеп и мотоцикл, управуван од А.Џ.(46) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
На 11.05.2022 во 23.15 часот во Полициската станица Центар, С.С.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитрие Чуповски“ бил физички нападнат од неколку лица поради расправија во врска со сообраќајот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.05.2022 во 21.10 часот во Полициската станица Центар, Х.М.(47) од Скопје пријавил дека во двор на основно училиште на бул.„Кочо Рацин“, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.05.2022 во 00.05 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека на ул.„Македонско-косовска бригада“, поради нерасчистени семејни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.С.(58) и С.Р.(22), двајцата од Скопје, од една страна и С.Ф.(60), Ш.Ф.(64), С.Ф.(33) и Ф.Ф.(46), сите од Скопје, од друга страна. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
На 11.05.2022 во 20.20 часот во Полициската станица Центар, С.Џ.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„11 Октомври“ едно лице физички го нападнало со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.05.2022 во 11.30 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека со употреба на сила било влезено во манастирот „Св.Илија“ во с.Катланово, скопско, и биле одземени икони. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.05.2022 во 15.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај порта „Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир. Во врска со пријавата, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда од остар предмет бил донесен С.К.(45) од Скопје. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека повредата со остар предмет му ја нанел негов познаник С.„Н“, по вербална расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.05.2022 во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез на Железничка станица Маџари, патничкиот воз кој сообраќал на релација Табановце-Скопје бил оштетен од неколку лица. Повредени лица нема и се работи на расчистување на случајот.
На 12.05.2022 околу 02.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Глумово, скопско, настанал пожар во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Е. од с.Глумово. Повредени лица нема, а екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
На 11.05.2022 во 11.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на банка на ул.„Ѓорче Петров“ две лица со закана одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Ш.(26) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.12.2021 на крстосница помеѓу ул.„Јане Сандански“ и ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници го забележале пријавениот како на импровизирана тезга продава пиротехнички средства. Пиротехничките средства му биле одземени и било констатирано дека станува збор за 4.460 парчиња од различен вид.