Извадок на дел од дневни настани 10.05.2022

Денеска (10.05.2022) во 05.45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Б.Д.(42) од село Конопница, кривопаланечко. Тој бил осуден на 8 години затворска казна, а се барал со судска наредба за доиздржување на 5 години казна затвор. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната.

 

На 09.05.2022 во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.В.(40) од Куманово. Тој се сомничи дека претходниот ден извршил кражба во станбен објект на улицата „Народна револуција“. И.В. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 09.05.2022 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(35) од Куманово. Тој бил затекнат во деловен објект на улица „Индустриска“ при обид да изврши кривично дело кражба. Б.В. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 09.05.2022 во 19.15 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода С.С.(48) од Кочани. При преглед во возилото „опел астра“, со бугарски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и за настанот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против С.С. ќе биде поднесена содветна пријава.

 

На 09.05.2022 во 20.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Д.Н.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Денеска (10.05.2022) во 01.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода К.К.(25) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 09.05.2022 во 23.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Ј.Д.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 09.05.2022 во 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Х.Х.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 09.05.2022 година во 19.10 часот на локален пат во тетовско Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода Б.С.(36) и С.А.(61), двајцата од тетовско Желино. При преглед во возило „сузуки свифт“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.С., било констатирано дека превезуваат огревни дрва без соодветна документација. Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.05.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 31 прекршок, од кои 18 надвор од населено место и 13 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 12 други видови на прекршоци, од кои 2 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за некористење сигурносен појас, 4 за некористење заштитна кацига и 2 за непрописно паркирање.

 

На 09.05.2022 околу 13.38 часот во СВР Штип било пријавено дека на улица „Сремски фронт“, мопед „априлија“, со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Ч.(23) од Штип, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мопедот М.И. (22) од Штип, а со телесни повреди се здобил возачот М.Ч. констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

 

На 09.05.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Карпош, З.П.(53) од Скопје пријавил дека во населба Трнодол неговата ќерка била касната од куче скитник.

 

На 09.05.2022 околу 19.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Отиштино, општина Чашка, малолетник, управувајќи велосипед, паднал на коловозот. Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

На 09.05.2022 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.П.(24) од Катланово, скопско, Р.Ј.(23), А.С.(20) и малолетник, тројцата од с.Огњанци, скопско. Тие се сомничат дека на 06.05.2022 во 22.30 часот во близина на Катлановска Бања, со закана му одзеле пари на М.К.(31) од Малта, со живеалиште во Скопје. Тие биле приведени во Полициската станица Гази Баба и во службен разговор го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(61) од Скопје и против правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад", казниво по член 230 ст.3 од Кривичниот законик. Првопријавениот, како сопственик и управител на правното лице, во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини во с.Љубош, неовластено тргувал со отпад без да поседува Дозвола за управување со отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, со што постои основано сомнение дека првопријавениот и второпријавениот го сториле кривичното дело што им се става на товар.

 

На 09.05.2022 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, постапувајќи по наредба на Основен суд Радовиш, извршиле претрес во домот и помошните простории на А.П.(67) од с.Подареш, радовишко. Притоа, во дворот пронашле и одзеле 60 стебла од растението канабис, за кои постои сомнение дека ги засадил и одгледувал неговиот син С.П.. За случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

 

На 09.05.2022 во 22.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Драговити“ во Скопје едно лице со тврд предмет ги нападнало С.Р.(45) и С.С.(41), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Н.Х.Л.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“. На 26.01.2022, пријавениот на бензинска пумпа платил со фалсификувана банкнота од 500 евра, што било потврдено и од извршената проверка на банкнотата од страна на НБРСМ.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.И.(69) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Во текот на 2021 година во викенд населба на Попова Шапка, на катастарска парцела во државна сопственост, пријавениот без да поседува соодветна дозвола - одобрение за градба од надлежен орган од Општина Тетово, изградил објект со површина од 98 м².

 

На 09.05.2022 во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.А.(31) и З.А.(31), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Е. од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 23.03.2022, пријавениот, искористувајќи згодна прилика, одзел предмет од златарница во Струмица.

 

На 09.05.2022 во 11.22 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на брегот на р.Вардар во с.Зелениково, скопско, било пронајдено тело на женско лице. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за Г.Н.(71) од с.Банско, струмичко. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.

 

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривични пријави против Л.Р.(37) косовски државјанин, Р.М.(27), Ќ.Ф.(24), Д.И.(42), И.И.(19), И.Д.(51) и Д.Д.(41), македонски државјани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“. Во периодот од 10.02.2022 до 28.02.2022 на Граничниот премин Блаце пријавените приложиле фалсификувани ПЦР тестови.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.П. од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 30.03.2022, пријавениот, искористувајќи згодна прилика, одзел пари во наплатен пункт во подземен паркинг, сопственост на ЈП „Паркиралишта“ – Струмица.

 

На 09.05.2022 во 13.15 часот во Полициската станица Чаир, З.Ј.(24) од с.Љуботен, скопско, пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата малолетна сестра С.Ј.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ф.(47) од с.Лопате, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. На 28.04.2021 во 23.20 часот пријавениот бил затекнат како се движи во с.Лопате за време на забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија.

 

На 09.05.2022 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, жена од Скопје пријавила дека Е.М.(53) од Скопје се обидел да изврши обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 08.05.2022 околу 20.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода А.Ѓ.(22) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејства. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Ш.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’. На 06.04.2022, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом, со што постапил спротивно на решението за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.