Извадок на дел од дневни настани 07.05.2022

На 06.05.2022 во 12.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода З.С.(51) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе куршуми непозната марка и калибар, марихуана, дигитална вага, еден пиштол за светлосни звучни сигнали и неколку куршуми за светлосна звучна сигнализација.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.05.2022 во 22.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Л.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.05.2022 во 16.40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.05.2022 во 00.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(42) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.05.2022 во 00.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ф.(44) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.05.2022 во 22.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.05.2022 во 17.10 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле А.Г.(48) од Косово затоа што при проверка било констатирано дека бил баран од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол. Тој бил пренесен и задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, 7 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 54 за непрописно паркирање...

На 06.05.2022 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена Републичка акциска контрола за „непрописно престигнување" при што биле превземени вкупно 20 мерки. Откриени биле и 12 останати прекршоци.

На 06.05.2022 во 13.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Русиново-Русинска крстосница, на место викано „Шталите“, атар на с.Русиново, патничко моторно возило „киа капитал“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.М.(20) од с.Русиново, удрило во пешаците Ж.М.(59) и К.П.(38), двајцата од с.Русиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.

На 06.05.2022 во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул.„Кочо Рацин“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(21) од с.Горобинци, светиниколско и мопед со радовишки регистарски ознаки, управувано од малолетник од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и уште еден малолетен сопатник констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

На 06.05.2022 во 13.20 часот во Полициската станица Центар, С.Г.(73) од Скопје пријавил дека во Градски парк бил каснат од куче скитник.

 На 06.05.2022 во 15.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода М.Ј.(21) од Битола. Таа се сомничи дека околу 14.30 часот во продажен објект во Битола со закана и употреба на физичка сила кон вработената одзела повеќе производи. Одземените производи биле пронајдени и вратени на сопственикот. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.05.2022 во 23.05 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода Е.А.(56) од с.Лакавица и Х.Ј.(38) од Гостивар затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.05.2022 во 01.00 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар бил лишен од слобода А.Н.(25) од с.Вруток затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против М.К.(28) и М.М.(43), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. На 05.05.2022 во 12.20 часот во угостителски објект на улица „Методија Шаторов – Шарло“ во Скопје, пријавените физички го нападнале М.Т.(28) од Скопје и оштетиле дел од инвентарот. По преземени мерки, тие биле пронајдени и лишени од слобода од полициски службеници од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје. Од страна на Судија на претходна постапка на пријавените лица им е одредена мерка притвор.

На 06.05.2022 во 11.20 часот на подрачјето на Илинден, полициски службеници од Полициското одделение Петровец го лишиле од слобода С.М.(63) од с.Бунарџик, скопско, затоа што се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници при извршувале службени дејствија. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (06.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 145 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час, а еден со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 64 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 81 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден (06.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување, при што санкционирани се 144 возачи. Најголемиот број од прекршоците – 95 се однесувале на престигнување на места каде е забрането престигнување, а 22- се за престигнување на непрегледно место.

На 06.05.2022 околу 16.00 часот во Полициското одделение Мирковци било пријавено дека во с.Кучевиште, скопско, било пронајдено лице со рана од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за П.С.(64) од с.Кучевиште. Тој бил пренесен во здравствена установа за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.05.2022 во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ настанал пожар во патничко возило „Митсубиши Колт“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.П.(24) од Скопје. Од пожарот бил зафатени уште две возила - „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Б.(30) и патничко возило „Дајхатсу Сирион“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(55) од Скопје, Исто така, со пожарот била зафетена една бандера, сопственост на ЕВН. Увид бил извршен.

На 06.05.2022 во 19.00 часот во СВР Скопје, М.И.(29) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од Џ.Д.(48) од Скопје, кој употребил и метален предмет. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 06.05.2022 во 19.30 часот во ОВР Прилеп, Џ.Џ.(40) од Прилеп пријавила дека во билијард клуб во Прилеп, А.И. физички го нападнал нејзиниот малолетен син. Се работи на расчистување на случајот.

На 06.05.2022 во 21.10 часот во ОВР Прилеп, Ѓ.Ц.(54) од Прилеп пријавил дека околу 20.30 часот во Прилеп неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 06.05.2022 во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.К.(28) од Скопје пријавил дека во текот на минатата недела во дворот од зградата, додека бил заедно со пријатели, слушнал пукање од огнено оружје и почувствувал болка во раката и грбот. Според пријавеното, на местото од каде се слушнало пукањето го забележал М.Т.(28) од Скопје и се сомнева дека тој пукал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.05.2022 во 19.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во домот каде живеела како потстанар во Велес била пронајдена почината М.Н.(70) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

На 06.05.2022 во 21.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Фрањо Клуз“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.05.2022 во 23.15 часот во СВР Скопје, М.К.(31) од Малта, со престој во Скопје, пријавил дека околу 22.30 часот во близина на Катлановска бања четири лица го нападнале со остар предмет, му нанеле повреда и му одзеле пари. Се работи на расчистување на случајот.