Извадок на дел дневните настани 06.05.2022

 На 05.05.2022 во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од село Слупчане, општина Липково. Тој бил баран со потерница од Основен суд Куманово за издржување на затворска казна од три години и четири месеци за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната.  

 

На 05.05.2022 околу 23.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, В.М.(59) од Скопје пријавил дека на улица „Моцартова“ бил каснат од куче скитник.

 

На 05.05.2022 во 15.50 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.Б.(60) од Скопје пријавил дека на улица „Благоја Паровиќ“ бил каснат од куче скитник.

 

На 05.05.2022 во 12.15 часот во Полициската станица Карпош, З.А.(56) од Кочани пријавил дека дека на подрачјето на Карпош бил каснат од куче скитник.

 

На 05.05.2022 во 17.20 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода И.А.(34) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело и кои ќе бидат вратени на сопствениците. И.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 05.05.2022, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(31) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 06.05.2022 околу 00.30 часот на локалниот пат во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.У.(22), О.М.(24), И.Х.(24), Ф.Ф.(24) и А.М.(21), сите од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал А.У., кај О.М. била пронајдeна марихуана, а кај А.М. бил пронајден нож. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци по член 215 од Кривичниот законик и член 80 од Законот за оружје.

 

На 06.05.2022 во 00.10 часот кај Транспортен центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

На 05.05.2022 во 11.15 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници ја лишиле од слобода Н.Ј.(33) од Република Турција затоа што при пасошка проверка дала на увид патна исправа на име на друго лице од Република Турција. Н.Ј. е предадена на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

 

На 05.05.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 33 прекршоци, од кои 15 надвор од населено место и 18 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 11 други видови на прекршоци, 3 за нерегистрирано возило, 5 за управување возило без возачка дозвола, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за непрописно престигнување и 1 за непрописно паркирање.

 

На 05.05.2022 во 09.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Неготино-Демир Капија, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(42) од Скопје, излетало од патот. Во несреќата со тешки телсни повреди се здобил сопатникот Б.А.(44) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Итна медицинска помош Неготино. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

 

На 05.05.2022 околу 10.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „11-ти Ноември“ мотоцикл со неготински регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово, удрил во Џ.Ш.(78) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Џ.Ш. констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

 
 Денеска (06.05.2022) околу 11.20 часот во с.Нераште, тетовско, со наредба од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 42-годишниот Ј.Ќ. од Нераште за доиздржување на затворска казна. Ј.Ќ. бил осуден на 15-годишна затворска казна за сторено кривично дело „разбојништво“, казниво по член 237 од Кривичниот законик и по приведувањето бил спроведен во затворот „Идризово“.
 

На 05.05.2022, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Џ.(40) од Скопје. Тој бил баран со распис од Полициската станица Чаир поради сомнение дека возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, противправно го присвоил за себе. На 03.04.2022 со лице од Скопје направил усмен договор да го купи возилото, по што го зел и не го платил. Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот возилото ќе биде вратено на сопственикот, а на С.Џ. ќе му биде поднесена пријва по член 239 од Кривичниот законик.

 

На 04.05.2022, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода Н.А.(23) и С.Т.(26), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека претходно околу 19.10 часот на ул.„Ефтим Спространов“ со закана одзеле предмети од М.А.(25) од Скопје. Тие биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 237 од Кривичниот законик.

На 06.05.2022 во 11.00 часот на подрачје на Бит пазар, полициски службеници од Единица за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Чаир го лишиле од слобода А.А.(59) од Република Турција. Тој бил баран по меѓународна потерница издадена од Интерпол Анкара. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против А.Т.(25) од Скопје, со привремен престој во Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 30.08.2021 на ул.„Браќа Џунови“ во Кавадарци, таа на Ѓ.П. од Скопје му продала едно ќесе со марихуана.

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против В.П.А.(31) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.06.2021 на ул.„Илинденска“ во Кавадарци, пријавениот на Ѓ.И. од Кавадарци му продал амфетамин. При претрес на неговиот дом биле пронајдени марихуана, амфетамин, повеќе таблети и дигитална вага со остатоци од повеќе опојни дроги.

На 06.05.2022 околу 02.50 часот на улица „Петре Прличков“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало. Набргу потоа возилото било пронајдено и во него и во негова близина биле пронајдени осум лица мигранти од Авганистан. Се работи на расчистување на случајот.

На 05.05.2022, полициски службеници од ОВР Kавадарци ја лишиле од слобода И.М.(27) од Росоман затоа што по претходна вербална расправија со остар предмет нанела повреда на нејзиниот 32-годишен сопруг. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 05.05.2022 во 12.30 часот на Граничен премин Богородица, при контрола во товарно моторно возило со ирански национални ознаки, управувано од С.С. од Иран, царински службеници пронашле шест лица - илегални мигранти (четири од Пакистан, 1 од Иран и 1 од Сирија). Се работи на расчистување на случајот.

На 05.05.2022 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улица „Методија Шаторов – Шарло“, М.К.(28) од Скопје физички го нападнал М.Т.(28) од Скопје, а оштетил и дел од инвентарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.05.2022 во 23.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Кримска“, по претходна вербална расправија, С.Р.(28) од Скопје физички го нападнал Ј.Љ.(28) од Скопје, по што кон него испукал неколку куршуми. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.05.2022 во 03.35 часот во Полициската станица Центар, К.Ѓ.(31) од Скопје пријавил дека на булевар „Св.Климент Охридски“ бил физички нападнат од М.З.(24) и Д.К.(22), двајцата од Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.05.2022 во 16.20 часот во СВР Скопје, М.И.(39) од Скопје пријавил дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека бил на работното место, бил физички нападнат од И.Р.(54) од Скопје. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.05.2022 во 14.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, И.А.(50) од Скопје пријавил дека на улица „Јашар Ерабара“ неговиот син бил физички нападнат од едно лице кое притоа му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.05.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Е.Т.(44) од Скопје пријавила дека на булевар „Борис Трајковски“ нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од две малолетни лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.05.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, В.С.(41) од Скопје пријавил дека во туристичка агенција на улица „Пандил Шишков“ бил физички нападнат од К.С. од Скопје поради должничко-доверителски односи. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.05.2022 околу 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на населба Карпош едно лице со закана кон вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.05.2022 во 23.30 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.М.(56) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечил нејзиниот сопруг П.М.(63) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 05.05.2022 во 20.20 часот во Полициската станица Центар, Н.Г.(67) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син С.Г.(39) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривичнa пријавa против Д.Б.(47) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“. На 01.10.2021 во Свети Николе, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле семки од растението канабис.

СВР Штип поднесе кривичнa пријавa против П.Т.(41) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.07.2021, надзорници во Казнено-поправната установа Затвор Штип извршиле претрес кај пријавениот – осуденик во затворот, при што пронашле хероин.
На 05.05.2022 околу 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено било дека во колонијална продавница на улица „Пандил Шишков“ едно лице со закана кон вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.