Извадок на дел дневните настани 04.05.2022


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против И.С.(47) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 3 во врска со член 45 и „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 3 во врска со член 45 од Кривичниот Законик. Пријавениот, во периодот од 01.01.2014 до 22.11.2017, како директор на Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ – Виница, без претходно донесена одлука на Управниот одбор и без финансиски план за начинот на користење на средствата од буџетот, од буџетот на комуналното претпријатие за репрезентации потрошил сума од 2.249.950 денари. Исто така, пријавениот во истиот период, со непреземањето на потребните мерки и активности за наплата на побарувањата, дозволил да застарат ненаплатени побарувања во износ од 32.752.532 денари. Н атој начин пријавениот го оштетил јавното претпријатие за износ од 35.002.482 денари .

На 03.05.2022 во 17.20 часот во Полициската станица Центар, Д.Н.(26) од Скопје пријавил дека на кеј „13-ти ноември“ бил каснат од куче скитник.

На 03.05.2022 во 12.45 часот во Полициската станица Петровец, А.Т.(74) од Шведска пријавила дека во с.Катланово била касната од куче скитник.

На 03.05.2022 во 21.00 во Полициската станица Чаир, Р.И.(71) од Скопје пријавила дека на подрачјето на населба Бутел била касната од куче скитник.

На 03.05.2022 во 11.30 часот, полициски службеници од ОВР Струга го привеле Ф.Р.(36) од скопско Шуто Оризари. Приведувањето е извршено врз основа на претходно распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Скопје каде бил на издржување казна затвор во траење од 2 години и 10 месеци. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени две пакувања хероин и по документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок. Тој бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

На 03.05.2022 година во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Џ.С.(50) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 03.05.2022 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.И. (30) и Е.И. (34) од Куманово. Тие се сомничат дека минатата недела со употреба на сила влегле во објект на улицата „Димитар Влахов“ и одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во рамките на континуираните контролни активности што ги спроведува СВР Тетово за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, на тетовско-гостиварското подрачје вчера (3 мај) од 8 до 20 часот вкупно се изречени 43 санкции (ТЕ-32 и ГВ-11). Од нив, 22 мерки се однесувале на пречекорување на брзината надвор од населено место (ТЕ-11 и ГВ-11), а 21(ТЕ) во населено место. Меѓу санкционираните, 4 возачи (ТЕ) се движеле со брзина до 70 километри повеќе од дозволената надвор од населено место и 1 (ТЕ) со брзина до 50 километри повеќе од дозволеното во населено место. При контролата биле откриени и санкционирани и 33 други видови прекршоци (ТЕ-29 и ГВ-4).

На 03.05.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 43 прекршоци, од кои 16 надвор од населено место и 27 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 16 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас...

На 03.05.2022 на територијата на СВР Битола полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 39 возачи, од кои 7 на територија на Ресен, 14 санкции на територија на Битола, 15 во Прилеп, 1 во Демир Хисар и 2 во Крушево.

На 03.05.2022 околу 05.45 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Браќа Миладиновци" во населба Точила во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „Ман" со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(60) од Прилеп и автобус „Мерцедес" со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ц. Ц.(68) од Прилеп, двата превозници на работници од фирми, од кои едниот бил празен, а другиот бил со патници. Во несреќата седум лица(К.Н., П.Т., М.И., М.Д., Б.П., Д.Ѓ. и А.М.) се здобиле со тешки телесни повреди, а 33 лица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп.

На 03.05.2022 во 23.15 часот во СВР Куманово, А.С.(53) од Куманово, вработен во Одделението за рентген во Општа болница во Куманово, пријавил дека додека бил на работното место бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.05.2022 година во 16.10 часот во ОВР Крива Паланка, од Здравствен дом било пријавено дека кај нив со повреди биле донесени Р.О.(62) и М.О.(66) од Крива Паланка. Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при експлозија на плинска боца во нивната семејна куќа во Крива Паланка. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед на патничко возило, што тој го управувал во близина на кичевското село Другово, полициските службеници пронашле и и одзеле ќесе со марихуана.

На 03.05.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.М.(52) од Скопје пријавил дека на булевар „Јане Сандански“ физички бил нападнат од А.К. (34) од Скопје, по претходна вербална расправија поради должничко-доверителски односи. По целосно комплетирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 03.05.2022 околу 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир го пронашле М.М.(19) од с.Љуботен, скопско, за кого на 30.04.2022 неговиот брат пријавил дека се оддалечил од домот.

На 04.05.2022 околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје едно лице со закана кон вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.П.(37) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 15.12.2021, полициски службеници извршиле преглед и во дворот и непосредна близина на куќата на пријавениот пронашле и одзеле марихуана и амфетамин.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против четири малолетници од Охрид поради тоа што на 11.04.2022 во Охрид, со закана се обиделе да извршат обљуба врз малолетничка од Скопје.