Извадок на дел дневните настани 02.05.2022

Ноќта на 01.05./02.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода се 10 лица поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Притоа, кај З.Д.(39) од Битола, В.К.(33) од Струга, И.Т.(21) и М.Б.(19) од Куманово, Б.Е.(37), Е.Б.(24) и М.Х.(25) од Косово, В.Ц.(50), Г.Ц.(47) и Л.М.(18) од Скопје била пронајдена марихуана. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.05.2022 во 19.00 часот на ул.„Радански пат“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Е.К.(20) и 17-годишник од Штип, затоа што биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“. Тие со употреба на сила влегле во објект на ул.„Брегалничка“ и одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.05.2022 во 16.20 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле Р.А.(24) од Република Албанија, затоа што при пасошка контрола на увид дал албанска патна исправа на друго лице. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 01.05.2022 во 08.40 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од полициската станица Гостивар го лишиле од слобода А.К.(38) од Република Албанија, со престој во гостиварско, поради основано сомнение дека во близина на угостителски објект го нарушил јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.05.2022 во 17.15 часот во Полициското одделение Новаци било пријавено дека во с.Долна Чарлија, општина Могила, била пронајдена стара рачна бомба од Првата светска војна. Во 19.40 часот бомбата било безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, а увид извршила екипа од Полициското одделение Новаци.

На 01.05.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 13 прекршоци, од кои 10 надвор од населено место и 3 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 17.00 до 22.00 часот, на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 11 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози.

На 01.05.2022 Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 92 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

На 01.05.2022 околу 03.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Куманово-Скопје, атар на с.Романовце, кумановско, М.Д.(27) од Република Србија, управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“, со српски национални ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Е.Ч.(23) од Република Србија, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово.

На 01.05.2022 во периодот од 17.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани 25 возачи под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Куманово – 19, на подрачјето на Кратово – четири, два на подрачјето на Крива Паланка. За време на контролата биле санкционирани и седум останати прекршоци.

На 01.05.2022 во 15.17 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот од с.Новаци кон с.Брод, општина Новаци, патничко возило „хјундаи“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Битола, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Љ.Т. и сопатниците Т.Н.(51) и З.Т.(38), двајцата од Битола, додека сопатникот З.С.(50) од Битола се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.

На 01.05.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, И.С.(47) од Скопје пријавил дека на ул.„Архиепископ Доситеј“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 01.05.2022 во 09.45 часот во Полициската станица Карпош, Д.Л.(62) од Скопје пријавил дека на бул.„Партизански одреди“ бил каснат од куче скитник.

На 01.05.2022 во 15.00 часот, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(21) од с.Бојане, скопско. Тој се сомничи дека во периодот од 13.00 до 14.00 часот одзел предмет од продажен објект во трговски центар во Гази Баба. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.05.2022 во 22.50 часот во трговски центар во населба Карпош во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Крушопек, скопско. Тој се сомничи дека одзел предмет во продажен објект во трговскиот центар. Кај него бил пронајден одземениoт предмет и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.05.2022 во 19.00 часот на излез од с.Негорци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ дале знак за запирање на товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало. Набргу, на влезот на с.Прдејци, гевгелиско, возилото било пронајдено и во него биле затекнати 20 лица мигранти од Сирија, Индија и Пакистан. Мигрантите биле предадени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка, а за случајот е известен надлежен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.05.2022 во 11.00 часот на место викано „Големиот Поток“ во с.Групчин, полициски службеници од Полициското одделение Групчин пронашле огревни дрва без жиг, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „пустошење на шуми“ или „кражба на дрва“. Пронајдените дрва биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.05.2022 на подрачјето на СВР Охрид реализирани се акциски контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале 8 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

На 01.05.2022 од 00.00 до 05.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд извршија контроли во угостителските објекти во Охрид. Притоа, во угостителски објект лоциран на ул.„Стив Наумов“ во Охрид затекнати се повеќе малолетни лица од Охрид и Струга. При контролите, инспекциските служби констатирале повеќе недоследности во работењето од нивна надлежност. По овие основи изречени се соодветни казни.

На 01.05.2022 во 16.40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.М.(33) од Велес, затоа што претходно во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна мајка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОВР Крушево поднесе кривична пријава против С.К.(26) од ресенско и И.Л.(32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.07.2021 во Отешево, полициски службеници кај пријавените пронашле марихуана.

На 01.05.2022 во 21.35 часот во СВР Струмица, 41-годишен жител на струмичко село пријавил дека околу 19.30 часот во дворот од куќата тој, неговиот син и неговата сопруга биле физички нападнати од неговиот татко Т.Р. и неговиот брат В.Р.. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.05.2022 во 16.50 часот во Кратово, полициски службеници од Полициската станица Кратово го лишиле од слобода Д.К.(31) од Кратово, затоа што во домот на неговиот татко се однесувал агресивно и се обидел со тврд предмет да ги нападне неговиот татко и дедо. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.05.2022 во 15.00 часот во Демир Хисар, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар ги лишиле од слобода М.М.(47) од Битола и Б.А.(30) од Демир Хисар, затоа што на ул.,,Маршал Тито“ во Демир Хисар учествувале во меѓусебна физичка пресметка. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.05.2022 во 10.00 часот во СВР Скопје, Д.К.(40) од Скопје пријавил дека во угостителски објект во с.Матка, скопско, бил физички нападнат од Т.Г.(47) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 01.05.2022 во СВР Скопје, Е.К.(43) од Скопје пријавил дека во круг на бензинска станица на ул.„Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од А.М., поради нерасчистени должничко- доверителски односи. Сочинет е записник за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.М.(21) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.07.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Тетово, при што пронашшле и одзеле марихуана и кокаин.

На 01.05.2022 во 19.40 часот во с.Стајковци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(41) од Скопје, затоа што претходно физички го нападнал О.Ј.(44) од с.Стајковци и се обидел да го повреди со остар предмет. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.05.2022 во 19.15 часот во СВР Скопје, З.Р.(62) од Скопје пријавил дека во кругот на Железара, додека бил на работно место во фирмата во која работел, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице од обезбедувањето, кое притоа употребило и метален предмет. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.05.2022 во 21.45 часот во СВР Струмица било пријавено дека во околу 20.30 часот во с.Висока Маала, струмичко, Р.Д. и М.Д. биле физички нападнат од Н.М. и Ј.М. од истото село. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.05.2022 во 19.37 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека во с.Мартиница, кривопаланечко, настанала физичка пресметка помеѓу И.М.(38) и Д.М.(42), двајцата од с.Мартиница. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(25) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 02.02.2022, полициски службеници извршиле контрола и не ја затекнале пријавената во својот дом и покрај тоа што имала решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

На 01.05.2022 во 12.40 часот на магистралниот пат Штип – Радовиш, по претходно случена сообраќајна незгода, настанала расправија помеѓу К.М.(35) и М.И.(25) од с.Селце, штипско, од една страна и Ј.В.(55), В.В.(28) и И.В.(30), сите од Штип, од друга страна. Притоа, В.В. физички го нападнал М.И., а тој се обидел со остар и тврд предмет да ги нападне В.В. и И.В., но го погодил К.М.. Со лицата бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.05.2022 во 09.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Солунска“ во Битола настанал пожар во куќа сопственост на П.Н.(82), при што била опожарена една соба. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а во собата била пронајдена почината П.Н.. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено за погреб.