Извадок на дел дневните настани 01.05.2022

 Ноќеска (01.05.2022) во 00.15 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово лишен е од слобода И.Б.(39) од Тетово. При контрола извршена во неговиот угостителски објект во Тетово, биле пронајдени 37 пакувања марихуана, дигитална вага, реквизити за организирање комар (чипови, карти и коцка) и нож. Тој е задржан во Полициската станица Тетово, во тек е претрес во неговиот дом и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат изготвени соодветни, законски предвидени поднесоци. Во објектот, исто така, бил приведен и Д.Х.(21) од Тетово кај кого бил пронајден и одземен нож и против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Ноќта на 30.04./01.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода се 14 лица, поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Притоа, кај А.Г.(21), С.Н.(24), С.Д.П.(25), А.З.(24), Х.Ј.(18), М.К.(23), А.Н.(28) била пронајдена марихуана, додека кај С.С.(18), С.В.(33), И.Т.(25), М.К.(29), Л.Н.(19) и К.М.(29) била пронајдена бела прашкаста материја, а кај Т.Б.(22) грутчеста материја, инаку сите од Скопје. Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

На 30.04.2022 во 21.45 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Полициската станица Центар бил приведен Т.Б.(19) од Скопје. Кај него биле пронајдени нож, метален боксирач и метален синџир и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок по Законот за оружје.

На 30.04.2022 во 13.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, при извршена контрола во оперативната евиденција на К.А.(32) од Швајцарија, кој управувал патничко возило со скопски регистарски ознаки, било констатирано дека е со мерка „забрана за управување на моторно возило од Б категорија на територијата на РСМ“, според телеграма за пресуда од Основен суд Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и предаден на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај од СВР Скопје за понатамошна постапка.

На 30.04.2022 во 14.10 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ на влез во државата, при контрола на осигурителните полиси на Ј.М.(47) од Р.Турција, со турска патна исправа, кој управувал патничко возило „мерцедес“ со полуприколка со турски национални ознаки, било констатирано дека истите биле фалсификувани. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 30.04.2022 во 21.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.М.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Воин Драшкоци“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.


На 30.04/01.05.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на Охрид извршени се контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници утврдија дека 6 возачи управуваат моторно возило под дејство на алкохол. Тие се веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и против нив се поднесени соодветни пријави.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Ч.(31) од с.Непроштено, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено произвоство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 11.06.2021 полициски службеници извршиле преглед врз пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 30.04.2022 во 12.00 часот Н.П.(25) од Куманово пријавил дека околу 03.30 часот во угостителски објект во Куманово бил физички нападнат од Н.В., В.Т. и уште три лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 30.04.2022 во 15.30 часот Л.М.(62) од с.Чепигово пријавила дека во с.Чепигово, по претходна расправија со нејзиниот сопруг, Д.Б. физички ги нападнал со тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.

На 30.04.2022 во 15.24 часот во СВР Битола било пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј.(59) и М.Ш.(45), двајцата од Битола. Од здобиените повреди, М.Ј. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. М.Ш. е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Х.Д.(24) од селото Зајас. При преглед извршен во кичевската населба „Крушино“, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

На 01.05.2022 во 09.00 часот во Полициската станица Карпош, Т.В.(55) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот татко Д.Л.(81), кој имал здравствени проблеми. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 30.04.2022 во 12.52 часот С.С.(30) од Штип пријавила дека во близина на с.Крупиште, по претходно недоразбирање, била физички нападната од А.П.(42) од с.Крупиште. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.04.2022 во 16.25 часот Ж.Д.(28) од Велес пријавил дека во Велес бил физички нападнат од О.Ѓ.(29), А.Ѓ.(67) и Б.Н.(23), сите од Велес. Се работи на расчистување на случајот.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.С.(35) село Србиново, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 03.02.2022 на регионалниот пат за с.Беловиште, полициски службеници извршиле контрола патничко возило комбе, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без поседување на соодветна лиценца за вршење на дејноста издадена од надлежна институција.

На 30.04.2022 во 23.00 часот било пријавено дека во с.Арнакија, скопско, во близина на угостителски објект, М.С. од с.Грчец, кој бил со патничко возило „ауди“, испукал во воздух со огнено оружје. Повредени лица нема, а на местото излегле полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А.(42) од с.Милетино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 14.03.2022 на регионалниот пат Тетово-Бервеница, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „форд транзит“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца.

На 30.04.2022 во 18.15 часот во Полициската станица Чаир, М.М.(22) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат М.М.(19). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 30.04.2022 во 17.30 часот од Љ.Д.(37) и Б.А.(34) двајцата од Скопје, пријавиле дека на 29.04.2022 околу 21.30 часот подрачјето на Гази Баба, во угостителски објект и во близина на бензинска пумпа, по претходна вербална расправија, биле физички нападнати од З.Т. и М.Ц.. Според пријавеното, Љ.Д. и Б.А. возвратиле на нападот, при што Б.А. користел и тврд предмет. По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.04.2022 во 12.40 часот Е.Л.(44) од Тетово пријавил дека на 29.04.2022 околу 17.30 часот во Тетово, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од Ф.И.(30) од Тетово. Се работи на расчистување на случајот.

На 30.04.2022 во 15.55 часот А.И.(26) од с.Чегране, гостиварско, пријавил дека околу 12.30 часот во Гостивар, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од Ф.Т.(48) од с.Балиндол, гостиварско, по што А.И. возвратил, а потоа бил физички нападнат и од членови на семејството на пријавениот. Се работи на расчистување на случајот.

На 30.04.2022 во 03.22 часот 63-годишна скопјанка пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров било испукано од огнено оружје кон влезната врата од стан во зграда, сопственост на М.А., а во кој живеело семејството на пријавителката. Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 30.04.2022 во 20.50 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар во аптека едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.05.2022 во 00.05 часот во СВР Штип, А.А.(45) од Штип пријавил дека во дворот од неговата куќа во Штип настанал пожар на патничко возило „пежо 807“, со штипски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син. Повредени лица нема, пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.05.2022 во 02.45 часот М.Т.(39) од Скопје пријавил дека пред тобако на подрачјето на Аеродром каде работел, додека бил со Т.Ј.(32) од Скопје, слушнале неколку истрели од огнено оружје, при што Т.Ј. се пожалил на болка. Од страна на лекар од Итната медицинска помош кај него е констатирана повреда, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

На 30.04.2022 во 21.11 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром во спортска обложувалница две лица со закана од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.