Извадок на дел дневните настани 30.04.2022

 На 29.04.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје лишен е од слобода Г.М.(38) од Скопје. По добиени информации дека тој набавува дрога во поголеми количини која ја препакува и ја продава, по добиена наредба од Основен суд Скопје, извршен е претрес во домот во кој живее и помошна просторија-гаража, при што се пронајдени и одземени 13 пакувања кокаин, 7 пакувања кристал мет, 1 пакување екстази и ќесички со марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана. По документирање наслучајот против Г.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Одделенијата за криминалистички работи во единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Меѓуопштински центар за социјална работа - Скопје, во текот на изминатата недела преземаа мерки и активности за спречување на „питачење“ на најпогодените подрачја - ЕВР Центар и Бит Пазар, ЕВР Карпош, ЕВР Гази Баба, ЕВР Ѓорче Петров, ЕВР Чаир и ЕВР Аеродром и Драчево. Притоа, лишена од слобода била Е.С.(30) од Скопје, која била затекната со своето малолетно дете како питачи на булевар на подрачјето на Центар. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик.

На 29.04.2022 во 19.45 часот во с.Желино, тетовско, од полициски службеници од СВР Тетово била лишена од слобода А.А.(54) од с.Палатица, тетовско, поради постоење основи на сомнение дека од куќа во с.Групчин, тетовско, одзела накит. Таа била приведена и задржана во полициска станица, со неа бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 29.04.2022 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење на мобилен телефон. Изречени се четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за управување под дејство алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

На 29.04.2022 во 09.40 часот било пријавено дека на сервисна улица која ја поврзува ул.„Загребска“ со влез во црква, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(46) од Скопје удрило во пешакот Љ.П.(69) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.П., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 29.04.2022 во 20.30 часот на излез од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „сеат толедо“, со скопски регистарски ознаки, но тоа не застанало. Набрзо возилото било пронајдено во близина на наплатна рампа Смоквица и во него откриени биле 7 лица мигранти од Сирија. Истовремено, на излезот од Гевгелија било сопрено и патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пронајдени 6 лица мигранти од Сирија. Возачот А.Н.(27) од с.Горно Количани, скопско, се обидел да избега, но бил фатен, лишен од слобода и приведен во полициска станица. На 30.04.2022 околу 02.00 часот бил фатен и лишен од слобода и возачот од „сеат толедо“ - О.И.(21) од с.Црвена Вода, општина Студеничани. За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок. Лицата мигранти биле предадени во Транзитниот центaр „Виноjуг“ Гевгелија.

На 29.04.2022 во 17.10 часот во Полициската станица Центар М.И.(33) од Скопје пријавила дека на ул.„Даме Груев“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 29.04.2022 во 20.30 часот во Полициската станица Кисела Вода А.А.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Саса“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

 
Денеска (30.04.2022) во 00.05 часот, при контрола извршена во угостителски објект лоциран на ул.„Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници ги привеле Ф.Ш.(30) и Н.С.(22), двајцата од Охрид. Имено, кај Ф.Ш. била пронајден кокаин, додека Н.С. бил затекнат при користење на дрога. По целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.04.2022 во 20.55 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Р.К.(50), од струшкото село Долна Белица. Тој, при семејна вербална расправија, испукал во воздух со пиштол, а при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа два пиштола марка „WALTHER“ и „LUGER“ и 55 куршуми калибар 9 милиметри. Истите се одземени, лицето е приведено на полициска станица и по целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

На 29.04.2022 во 17.20 часот С.К.(19) од Скопје пријавил на подрачјето на Шуто Оризари, Џ.А. со закана одзел предмет од угостителски објект. Се работи на расчистување на случајот.

На 29.04.2022 во 15.00 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Е.А.(22) од с.Трубарево, скопско, постапувајќи по пријава од В.С.(25) од Р.Германија, според која по претходна комуникација на социјална мрежа со Е.А., таа дошла во Скопје, а тој ја однел во неговиот дом во с.Трубарево, ѝ го одзел мобилниот телефон, физички ја нападнал и не ѝ дозволувал да си оди. При претрес извршен од страна на полициски службеници од Одделението за насилен криминал при Единицата за насилен криминал од СВР Скопје, по добиена судска наредба, во домот на пријавениот биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Е.А. бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 29.04.2022 во 22.15 часот Ф.Ѓ.(29) од Прилеп пријавила дека околу 19.40 часот во адвокатска канцеларија во Прилеп била физички нападната од С.А. и К.Т., сите странки во канцеларијата. Се работи на расчистување на случајот.

На 29.04.2022 во 18.00 часот било пријавено дека на 28.04.2022 околу 22.00 часот во угостителски објект во с.Самоков, З.К.(59) бил физички нападнат од Ј.Н.. Се работи на расчистување на случајот.

Денеска (30.04.2022) во 02.46 часот Љ.Н.(52) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Р.М.(47) од Скопје. Сочинет бил записник по чл.12 од ЗППЈРМ.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.А.(42) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.11.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Кавадарци, при што пронашле и одзеле хероин и марихуана.

На 29.04.2022 во 10.00 часот З.В.(44) од Росоман пријавила дека околу 08.00 часот во продавница во Росоман, додека била на работното место, едно лице со закана ѝ одзело мобилен телефон. Се работи на расчистување на случајот.

На 29.04.2022 во 17.20 часот било пријавено дека во угостителски објект во Росоман М.Т. од Росоман физички го нападнал Б.Р. од Неготино. Се работи на расчистување на случајот.

На 29.04.2022 во 20.45 часот М.А.(63) од с.Ново Село пријавил дека околу 17.00 часот во с.Камењане, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од Х.А.(19) од с.Селце Кеч. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.Б.(57) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 18.04.2022 во Дебар, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел вектра“, управувано од пријавениот, при што констатирале дека врши јавен превоз без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

На 29.04.2022 во 21.00 часот И.П.П.(40) од Велес пријавила дека околу 20.00 часот во Велес нејзината малолетна ќерка била физички нападната од двајца малолетници. Се работи на расчистување на случајот.

На 29.04.2022 во 16.00 часот А.К.(62) од Скопје, пријавила дека на 28.04.2022 во угостителски објект на подрачјето на Центар, едно женско лице ѝ ја одзело чантата во која имало пари и физички ја нападнало. Се работи на расчистување на случајот.

На 29.04.2022 во 21.20 часот Ш.М.(37) од Скопје пријавила дека околу 19.20 часот на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ со ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, по претходно случена сообраќајна незгода, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од М.З.(30) од Р.Бугарија. Се работи на расчистување на случајот.

На 29.04.2022 во 18.15 часот во Полициската станица Карпош, Љ.Б.(58) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син Б.Н.(27). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.