На 22.02.2022 во 21.40 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 21.15 часот во аптека на бул.„Борис Трајковски“ со употреба на сила кон вработената се обидел да одземе пари од дневниот промет. Ф.М. бил приведен во полициска станица и од него биле одземени предмети поврзани со кривичното дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
На 22.02.2022 околу 20.30 часот на ул.„Браќа Капчеви“ во Велес, полициски службеници од Полициската станица Велес го лишиле од слобода Д.Ј.(28) од Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветeн поднесок.
На 23.02.2022 околу 00.20 часот во централното подрачје на Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 18-годишниот тетовец В.Л., кој не поседувал документи за идентификација и кај кого бил пронајден метален боксирач. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 80 од Законот за оружје.
На 22.02.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 15 прекршоци, од кои 12 надвор од населено место и 3 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во времето од 16.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоци сторени од страна на возачите за недавање првенство на минување на пешаците во сообраќајот. Од извршената контрола биле констатирани 9 прекршоци. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци. Санкционирани биле и 28 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 2 за технички неисправно возило, 2 за нерегистрирано возило, 1 за непрописно престигнување, 4 за некористење сигурносен појас, 6 за користење мобилен телефон и 3 за непрописно паркирање.
На 22.02.2022 во периодот од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци. Притоа, биле констатирани 10 прекршоци. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
На 22.02.2022 во периодот од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат предност на минување на пешаци на пешачки премин. Притоа, биле констатирани и санкционирани 6 прекршоци (Велес 5 и Кавадарци 1).
На 22.02.2022 во 18.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Васко Карaнгелевски“, ул.„13-ти Јули“ и ул.„Младински бригади“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(60) од Битола и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(22) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од второто возило, Б.Б.(23) од Битола констатирани во Општата болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 22.02.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.Д.(38) од Скопје пријавил дека на крстосница од бул.„Србија“ со бул.„Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.К.(63) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, на 29.04.2021, во својство на раководител на Шумското стопанство „Лопушник“ од Кичево, незаконски склучил писмена спогодба со правно лице, кое без финансиски надомест требало да изврши отстранување на дрва од обележани траси кај месноста „Прострање Белица“. Од проверките извршени од Одделението за внатрешна ревизија на Јавното претпријатие „Национални шуми“ било констатирано дека за склучената спогодба не било дадено овластување од директорот на ЈП„Национални шуми“. Со тоа пријавениот овозможил да биде исечено буково огревно дрво во вкупна маса од 332,5 метри кубни при што е причинета материјална штета од 2.327.500 денари.
На 23.02.2022 од 08.00 до 12.00 часот полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу на автобуси и такси возила. При контролата биле откриени и со законски предвидени поднесоци се заокружени вкупно 6 прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-4). Три возила имале неисправни сопирачки (ТЕ-2 и ГВ-1), кај две возила (ГВ) не бил извршен технички преглед, а едно (ГВ) било со неисправна друга опрема. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци согласно Законот за возила. Санкционирани, исто така, биле и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ 9 и ГВ-6).
На 22.02.2022 во 16.50 часот во Полициската станица Гази Баба, М.С.(27) од с.Кадино, скопско, пријавила дека околу 16.30 часот на подрачје на Гази Баба била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.Г.(20), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено прозводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 23.10.2021, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле марихуана.
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Х.(26) од село Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.08.2021 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.К.(68) од с.Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. На 04.02.2022 на бул.„Туристичка“ во Охрид, пријавениот бил затекнат како управува автобус, сопственост на правно лице од Охрид, при што било констатирано дека вршел превоз на патници без да поседува соодветна документација за вршење јавен превоз.
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Х.И.(41) од село Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 08.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во својот дом со што не постапил согласно решението за задолжителна домашна изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Х.(28) од село Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 08.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не ја затекнале пријавената во својот дом, со што не постапила согласно решението за задолжителна домашна изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
На 23.02.2022 во 04.31 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ настанал пожар во патничко моторно возило. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.С.(24) од село Градец, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 07.08.2021 година, полициски службеници извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во својот дом со што не постапил согласно решението за задолжителна домашна изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.