Извадок на дел од дневни настани 15.01.2022

 На 15.01.2022 во 01.30 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Д.(28) и С.Ч.З.(37), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена бела тврда материја. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 14.01.2022 во 23.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 14.01.2022 во 22.35 часот во Градски парк од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил приведен Д.С.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

На 14.01.2022 во 13.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 14.01.2022 во 20.00 часот на Средно Водно, на пат кон црквата Св.Пантелејмон, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.У.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

На 14.01.2022 во 21.15 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.П.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

На 14.01.2022 во 11.00 часот во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го  привеле К.Е.(21) од Р.Турција, постапувајќи по претходна пријава за неовластена употреба на пиротехнички средства, а за кого било констатирано и дека го злоупотребил туристичкиот престој во државата.

 

На 15.01.2022 во 04.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево, пред с.Славеј, патничко возило „опел тигра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(20) од Прилеп, излетало од патот. Во несреќата сопатникот Х.Н.(20) од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди, а возачот со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

На 14.01.2022 во 23.30 часот полициски службеници од СВР Тетово во угостителски објект во Тетово ја привеле Ф.С.(30) од Косово, поради непријавен престој во државата. Таа била приведена и задржана во полициска станица, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.01.2022 во 11.40 часот во Полициската станица Аеродром, Д.А.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Жорж Бизе“ бил каснат од куче скитник.

 

Во текот на изминатото деноноќие (14.01/15.01.2022) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се седум  прекршоци.  

 

На 14.01.2022 во 12.40 часот во Полициската станица Аеродром, Г.Л.(35) од Скопје пријавил дека бул.„Кузман Јосифоски Питу“ бил каснат од куче скитник.

На 14.01.2022 во 20.40 часот во ОВР Кичево приведени се H.X. (27) и Д.Е.(25), двајцата од Драч, Република Албанија. При преглед на патничко возило „ауди“, со албански национални ознаки, со кое се превезувале, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 14.01.2022 во ОВР Кичево приведен е А.П.(27) од Кичево. При контрола извршена во 23.40 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Кичево, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа вкупно 507 пиротехнички средства. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 15.01.2022 во 00.40 часот од полициски службеници од СВР Тетово, во Тетово бил лишен од слобода Е.Б.(26) од Косово, кој претходно физички ја нападнал неговата сестра, при што било констатирано и дека нема пријавен престој во државата. Тој бил приведен и задржан во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 14/15.01.2022 во периодот од 20.00 до 03.00 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид полициските службеници затекнале 8 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-06, Струга-02). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

 

На 14.01.2022 во 22.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино на регионалниот пат Неготино-Велес, во близина на с.Ногаевци, во патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, пронашле осум лица мигранти, од кои пет од Сирија и три од Сомалија. Со лицата бил извршен службен разговор, по што биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 14.01.2022 во 23.05 часот на подрачјето на Аеродром, од Единицата за интервентна полиција бил приведен С.Т.(28) од с.Претор, ресенско, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 14.01.2022 во 20.30 часот М.Ј.(18) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, поради семејно нетрпение, нивниот зет К.А., кој имал и остар предмет, физички ги нападнал него и неговиот брат О.Ј.(23),по штопријавителот бил физички нападнатодуште две лица. Се работи на расчистување на случајот.  

 

На 14.01.2022 во 15.35 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека З.К.(32) од Скопје, за која на 12.01.2022 било пријавено дека се оддалечила од домот, се вратила дома.

 

На 15.01.2022 во 02.00 часот било пријавено дека Ф.Р.(31) од с.Г.Оризари, додека работел како обезбедување во угостителски објект во Велес, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Д.Т.(31) од Велес и уште едно лице. Сочинет е записник по чл.12 од ЗППЈРМ.

 

На 14.01.2022 во 21.25 часот било пријавено дека на бензинска пумпа во Неготино, З.Г.(37) бил физички нападнат со тврд предмет од М.П., и двајцата од Р.Србија. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 14.01.2022 во 22.30 часот Б.О.(25) од с.Батинци пријавил дека на место викано Марков Манастир, кај напуштените фарми, бил физички нападнат од повеќе лица, а попретходно недоразбирање со еден од нив, при што му биле одземени пари и мобилен телефон. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 14.01.2022 во 21.00 часот Х.И.(21) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека околу 14.00 часот во с.Арачиново бил физички нападнат од З.З. и Б.З.. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 14.01.2022 во 16.56 часот А.П.(48) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Аеродром, во сендвичарница во која работела, била физички нападната од М.П.(41) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 14.01.2022 во 18.30 часот Џ.Љ.(63) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот на подрачјето на Чаир, поради нерасчистени должничко-доверителски односи со неговиот зет, Ј.М. му се заканувал со пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.01.2022 во 17.10 часот О.Д.(47) од Струмица пријавил дека околу 10.30 часот неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 14.01.2022 во 23.30 часот во Полициска станица Радовиш, З.П.(33) од Кавадарци пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка А.П.(13) од Кавадарци. Пријавителот се сомнева дека таа е со С.М. од с.Ракитец, со кого претходно била во врска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ф.О.(33) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Имено во Прилеп, во Старата чаршија, по извршен преглед на Ф.О. од страна на полициски службеници биле пронајдени и одземени пиротехнички производи – петарди.

 

На 14.01.2022 во 19.45 часот било пријавено дека во маркет во Свети Николе две лица со закана од вработената одзеле пари од дневниот промет. Се работи на расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Б.(47) од с.Добридол, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 02.10.2021 во с.Врапчиште, во угостителски објект, пријавениот како сопственик не постапил според прописите и наредбите за време на епидемија и во внатрешниот дел од објектот дозволил присуство на повеќе од 30% гости од вкупниот капацитет на локалот, односно постапил спротивно од владината уредба, при што во локалот биле заткнати и лица без сертификат за вакцинација.

 

На 14.01.2022 околу 13.00 часот 47-годишна жена од струмичко пријавила дека врз нејзината 44-годишна сестра била извршена обљуба од Б.Н. од струмичко село, со кого таа невенчано живеела, и од уште неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.