Извадок на дел од дневни настани 14.01.2022

 

 

На 13.01.2022 во 13.30 часот на Средно Водно, патот за Нерези, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(24) од Свети Николе, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 13.01.2022 полициски службеници го лишиле од слобода Ј.П.58) од Кочани, бидејќи во место викано „Потоците“, атар на Оризари, кочанско, бил затекнат како врши незаконит лов со ловечка пушка „цифсан ЦСП 555“ калибар 12 ГА. Од страна на полициски службеници биле одземени ловечката пушка со ремник, испукан ловен патрон калибар 12 ГА, ловна муниција 34 броја калибар 12 ГА. По целосно комплетирање на случајот против Ј.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.01.2022 во 13.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода М.О.(40) и М.П.(35), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Денеска (14.01.2022) во 05.20 часот со заедничка акција на полициски службеници од полицискиот пункт од оперативната акција „Рефлекс“, мото патрола од Полициското одделение Петровец и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на с.Катланово се лишени од слобода М.М.(22) и К.Р.(25), двајцата од Скопје. Тие, дваесеттина минути претходно, на бензинска пумпа на локалниот пат с.Ржаничино - с.Катланово со закана со нож од вработените одзеле чанта со дневен промет. Кај лицата се пронајдени одземените парични средства и ножот кој е користен при извршување на кривичното дело. Тие се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 13.01.2022 во 23.20 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 13.01.2022 во 16.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба се приведени Џ.Д.(20) и Е.Д.(22), двајцата од Скопје, со што е расчистено кривично дело „кражба“, извршено на 28.12.2021 во 01.20 часот во казино на подрачјето на Гази Баба. Притоа, било утврдено дека кривичното дело го извршила Џ.Д., додека Е.Д. ѝ помогнал во извршувањето. Одземеното е пронајдено кај приведените и вратено на сопственикот. Во координација со Јавен обвинител по комплетно документирање на случајот против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 13.01.2022 во 23.50 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода А.Т.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 13.01.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, во која биле констатирани 19 прекршоци, од кои 12 во населено место и 7 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. На 13/14.01.2022 во периодот од 20.00 до 02.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа било констатирано дека 7 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 4 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 7 за непрописно паркирање.

 

На 13.01.2022 во 18.50 часот било пријавено дека на ул.„Алија Авдовиќ“, Г.А.(40) од с.Стајковци, кој управувал патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Полициски службеници од СВР Тетово, во рамки на континуираните контролни активности за откривање и санкционирање на лица кои управуваат под дејство на алкохол, ноќва (14.01.2022) откриле и санкционирале 8 возачи (ТЕ-7 и ГВ-1), кои управувале возило под дејство на алкохол и еден возач во Тетово кој одбил да се алкотестира. Тие веднаш биле исклучени од сообраќај. При контролата биле констатирани и санкционирани и 20 останати прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-8). На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

 

На 13.01.2022 во 18.25 часот било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“, патничко возило „пежо 407“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С. од Скопје удрило во пешакот Љ.Б.(57) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 13.01.2022 во 23.30 часот во Полициската станица Центар, Т.Б.(25) од Скопје пријавил дека во с.Сопиште бил каснат од куче скитник.

 

Во текот на изминатото деноноќие (13.01/14.01.2022) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се девет прекршоци.

 

На 13.01.2022 во 19.45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.П.(61) од Скопје пријавил дека на ул.„Жорж Бизе“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

 На 13.01.2022 во 20.20 часот од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север биле лишени од слобода М.А.(33) и Е.А.(45), двајцата од с.Танушевци, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по чл.278 од Кривичниот законик. Имено, на локалниот пат од с.Бродец кон с.Танушевци кај м.в. Чешма кон Рамно околу 20.00 часот, при контрола на товарно возило „дајмлер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А., била пронајдена поголема количина разновидна роба за широка потрошувачка, без соодветна документација за нејзиното потекло. При преземање на службените дејства полициските службеници биле попречувани од Е.А.. Во врска со случајот на 14.01.2022 околу 00.00 часот од полициски службеници во реонот на Визбегово било забележано товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.А. од Скопје, брат на Е.А., кое не сопрело на даден знак за запирање, туку ја зголемило брзината и се упатило кон магацински простор. По обезбедена наредба од Судија за претходна постапка, извршен бил преглед над возилото, при што било констатирано дека во него има поголема количина на производи без декларација. Во координација со Јавен обвинител, лицата биле приведени во полициска станица, а возилата се обезбедени за понатамошна постапка и по комплетно документирање на материјалот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Нa 13.01.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.К. (39) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик. Со цел стекнување на противправна имотна корист пријавениот заради понатамошна продажба набавил и во неговиот дом чувал наркотична дрога која со патничко возило неовластено ја разнесувал и продавал на лица на подрачјето на Скопје. На 12.01.2022 во 21.30 часот во н.Идризово, Скопје од страна на полициски службеници од ОСОСК извршен е преглед на патничко возило „рено флуенс“, со скопски регистерски ознаки, управувано од К.К., при што е пронајдена дрога. Истиот ден, по наредба на Судија на претходна постапка од Основен Кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и други простории кај К.К. каде, исто така, е пронајдена дрога и предмети поврзани со кривичното дело. При претресите пронајден е кокаин, амфетамин МДМА, ринкофилин, митрагинин... Лицето е лишено од слобода и преддадено на обвинителството, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

На 13.01.2022 во 13.20 часот било пријавено дека на потегот помеѓу Струга и с.Калишта настанал пожар покрај брегот на Охридското Езеро, при што била опожарена трска со површина од околу 10.000 м2, сопственост на Република Северна Македонија. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против З.М.(58) од с.Могорче, дебарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2020 година пријавениот, со намера да се стекне со противправна имотна корист од А.А. од Струга, го довел и држел во заблуда дека за сума од 72.000 денари ќе му обезбедел оригинална хрватска возачка дозвола.

На 13.01.2022 во 15.20 часот на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ф.К.(71) и Н.К.С.(67), двете од Скопје, на која претходела вербална расправија околу имотно-правни недоразбирања. Сочинети биле записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

На 13.01.2022 во 10.30 часот А.Р.(68) од с.Шишево пријавил дека во с.Кондово, додека управувал приватен автобус, најпрво вербално, а потоа и физички бил нападнат од Б.А.(50) од с.Кондово, кој бил патник во автобусот. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 ст.1 од ЗППЈРМ.

На 13.01.2022 година во 15.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во стан во Охрид пронајдена е почината М.М.Ш.(42) од Охрид. Од извршениот увид, во координација со Јавен обвинител, а во присуство на медицински и полициски екипи, како и по извршената обдукција била констатирана смрт без траги на насилство.

На 13.01.2022 во 12.30 часот П.Д.(18) од Скопје пријавил дека на 11.01.2022 околу 20.15 часот на подрачјето на Карпош, во близина на бензинска пумпа, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 14.01.2022 во 00.05 часот Б.С.(46) од Скопје пријавил дека на 13.01.2022 околу 23.55 часот на подрачјето на Ѓорче Петров настанал пожар на неговото патничко возило „киа“, со скопски регистарски ознаки. Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.