Извадок на дел од дневни настани 12.01.2022

На 11.01.2022 во 19.50 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.Ј.(24) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.01.2022 во 22.50 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Н.Ј.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.01.2022 во 22.50 часот во парк-шума Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.01.2022 во 17.10 часот полициски службеници од СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар на ул.„ЈНА“ во Гостивар го лишиле од слобода Џ.Р.(41) од Гостивар, кој што околу 16.45 часот извршил тешка кражба во трговски центар. По комплетно документирање на случајот против В.Ф. ќе следува соодветен поднесок.

На 11.01.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 52 прекршоци, од кои 38 надвор од населено место и 14 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 18 други видови на прекршоци, од кои 1 за нерегистрирано возило, 2 за непрописно престигнување, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 11 за непрописно паркирање.

На 11.01.2022 во 11.20 часот во Полициската станица Аеродром, М.А.(26) од Неготино со живеалиште во Скопје пријавила дека на ул.„Бојмија“ била касната од куче скитник.

На 11.01.2022 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 19 мерки, од кои 9 мерки за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 10 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 11.01.2022 во 10.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.С.(72) од Скопје пријавил дека во населбата Хиподром бил каснат од куче скитник.

Во текот на изминатото деноноќие (11.01/12.01.2022) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се седум прекршоци.

На 11.01.2022 во 19.30 часот во Полициската станица Драчево, Ѓ.А.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник. 

На 11.01.2022 во 13.25 часот полициски службеници од СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, на ул.„18 Ноември“ го лишиле од слобода В.Ф.(27) од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, пријавена од лице од гостиварска Горна Бањица во 11.00 часот. По документирање на случајот против В.Ф. ќе следува соодветен поднесок.


На 11.01.2022 околу 21.00 часот од полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода малолетник од Скопје поради тоа што претходно во продавница во ГТЦ сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар во координација со Јавен обвинител бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и бранител. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 11.01.2022 во 03.30 часот на магистралниот пат Свети Николе – Штип, кај населбата Три Чешми, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ж.А.(61) од Струмица, бидејќи при контрола на товарно возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени околу 100 килограми сечкан тутун, спакуван во ќеси и кутии на кои имало називи и логоа од познати брендови на тутун, но без акцизни маркички и декларции. За случајот се запознати Јавен обвинител и Царинската управа на Република Северна Македонија, а по негово комплетирање ќе следи соодветен поднесок.


На 11.01.2022 во Полициската станица Драчево Ж.Н.(56) од Скопје пријавила дека на ул.“Бранко Заревски“ била касната од куче скитник.


На 11.01.2022 во 18.00 часот К.Г.(51) од Скопје пријавил дека на 01.01.2022 околу 02.00 часот на подрачјето на Карпош неговиот малоллетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои еден употребил тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот. 


На 11.01.2022 во 14.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров В.К.(84) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг Ј.К.(85). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 11.01.2022. во 18.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.Ж.(74) од Скопје пријавил дека на ул.„Серска“ бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против правен субјект од Пробиштип и одговорното лице во правниот субјект М.З.(62) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторeно кривично дело „узурпација на недвижности“. Во периодот од 2015 до 2021 година од страна на правниот субјект застапуван од пријавениот М.З. била извршена узурпација на земјоделско земјиште на катастарска парцела на место викано „Преслап“, со површина од 6 120 метри квадратни, во сопственост на В.Ј. од Пробиштип..  


На 12.01.2022 во 11.50 часот било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“, управувано од С.С.(37) од Скопје и патничко возило „опел вектра“, управувано од А.М.(64) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки. На местото на несреќата од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај возачот А.М.. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.


СВР Тетово и СВР Штип поднесоа пет кривични пријави против пет сторители: В.И.(39) од Гостивар, Б.Б.(41) од с.Форино, гостиварско, Н.Р.(39) од с.Неготино, Х.Л. од с.Долна Бањица, гостиварско и Ј.П.(46) од с.Добрево, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 09.09. до 01.11.2021, при извршена проверка од страна на полициски службеници не биле затекнати во својот дом, со што постапиле спротивно на решенијата за изолација издадени од страна на Министерството за здравство.      


На 11.01.2021 во 10.12 часот, О.А.(63) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар, во цвеќарница, едно лице одзело ташна во која имало пари и други предмети. Се работи на расчистување на случајот.


 

На 11.01.2022 во 19.05 часот било пријавено дека во близина на терминал на Граничен премин „Деве Баир“, патничко возило „дачија дастер“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, удрило во товарно возило „рено“, со турски национални ознаки, паркирано од С.А.(63) од Р.Турција. Двајца полициски службеници се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка. Извршен е увид.