Извадок на дел од дневни настани 11.01.2021

 На 11.01.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.О.(40) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана, бела грутчеста материја, таблетки, дигитална вага и нож. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 11.01.2022 во 02.30 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Полициската станица Гази Баба бил лишен од слобода Ф.М.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.01.2022 во 04.50 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.01.2022 во 00.10 часот на подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода В.Д.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.01.2022 во 02.20 часот полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода С.У.(42) од Валандово, кој бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ на подрачјето на Валандово. Притоа од него биле одземени предмети кои потекнуваат од стореното кривично дело. Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 10.01.2022 во 22.30 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.01.2022 година во ОВР Кичево приведен е А.Н.(18) од кичевското село Пласница, бидејќи полициските службеници кај него пронашле марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.01.2022 во 17.35 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Методија Андонов Ченто“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП, управуван од С.С.(60) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(39) од Скопје. На местото на несреќата починал С.О., а возачот на автобусот и уште пет патници се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

На 10.01.2022 во рамки на контролите во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје изречени се вкупно 56 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

На 10.01.2022 во 13.30 часот било пријавено дека на автопатот „Гоце Делчев“, во насока од Скопје кон Штип, после наплатна станица „Миладиновци“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“, со албански национални ознаки, управувано од Б.Р.(29) од Р.Албанија и патничко возило „шевролет“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.М.(62) од с.Колешино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и сопатникот од истото возило, С.Џ.(60) од с.Колешино, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 10.01.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 10 прекршоци, од кои 6 надвор од населено место и 4 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 4 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за нерегистрирано возило, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 4 за непрописно паркирање.

На 10.01.2022 во 13.20 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Благоја Стевковски“ со ул.„Жан Жорес“, патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(21) од Скопје удрило во пешакот М.Б.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 10.01.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.А.(44) од Скопје пријавил дека на трим патеката, покрај пругата на подрачје на Кисела Вода, бил каснат од куче скитник.

На 10.01.2022 во 15.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Врбјани, патничко возило „бмв“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ф.(56) од Струга, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.И.(67) од с.Заграчани, струшко, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 10.01.2022 во 14.10 часот во Полициската станица Аеродром, С.Б.(53) од Скопје пријавил дека на ул.„23 Октомври“ неговата малолетна внука била касната од куче скитник.

Вчера (10 јануари) околу 14 часот и 30 минути, на улица "Маршал Тито" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово запреле автобус со прилепски регистарски ознаки, а кој претходно превезувал ученици од Прилеп на екскурзија на Попова Шапка.Кај автобусот, кој веднаш бил испратен на технички преглед, констатирани се технички неисправности, по што бил исклучен од сообраќај.Против возачот на автобусот, правното и неговото одговорно лице ќе бидат изготвени, односно ќе следуваат соодветни поднесоци, додека автобусот ќе биде надвор од функција до отстранување на техничките недостатоци.

На 10.01.2022 во 19.10  часот полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на  наредба од Казнено-поправна установа Затвор Куманово, го лишиле од слобода С.Б.(29) од Куманово, кој се барал за доиздржување на казна затвор за сторени кривични дела по член 237 и 236  од Кривичниот законик – „разбојништво“ и „тешка кражба“. Тој бил спроведен Казнено-поправна установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.


Денеска (11.01.2022), во периодот од 07.00 до 11.00 часот на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 42 прекршоци, од кои 33 надвор од населено место и 9 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.


На 10.01.2022 во 07.30 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Пчиња на место викано „Менкова колиба“, патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.К.(24) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата К.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.


На 11.01.2022 во 08.10 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ го лишиле од слобода С.Т.(50) од Тетово. За него била распишана централна потерница по наредба од Основното јавно обвинителство Скопје за истражна постапка во врска со кривично дело по чл.247 од Кривичниот законик. С.Т. бил предаден во полициска станица за понатамошна постапка.


На 10.01.2022 во 20.35 часот било пријавено дека на ул.„Јордан Хаџи Костантинов - Џинот“,  настанал пожар во напуштени бараки. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.  


Денеска (11.01.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници  на СВР Штип лишени се од слобода А.А.(32) и Ќ.А.(37), двајцата од Струмица и Д.А.(28) и С.Н.(26), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение дека се извршители на четири кривични дела „тешка кражба“ од Уметничката галерија „Безистен“ во Штип. Тие се сомничат дека со намера да се стекнат со противправна имотна корист, кривичните дела ги извршиле во месец јануари 2022 од Уметничката галерија – Споменик на културата „Безистен“ на ул. „Тошо Арсов“ во Штип, од каде со употреба на сила противправно одзеле поголем број на предмети од Уметничката галерија. Дел од одземените предмети се пронаједни, одземени и вратени на Националната установа Завод и музеј Штип. По комплетно документирање на случајот против нив до ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава



Денеска (11.01.2022) во периодот од 07.00 до 11.00 часот на територијата на СВР Охрид спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 28 возачи. Од нив 24 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а четири надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.


На 10.01.2022 во 22.30 часот било пријавено дека на автопатот Неготино-Демир Капија, пред Прждевски надвозник, патничко возило „фолксваген голф“, со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Т.(30) од Неготино, излетало надвор од коловозот. Во несреќата А.Т. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.  


На 11.01.2022 во периодот од 07.00 до 11.00 часот на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле санкционирани 15 возачи, од кои 8 на подрачјето на Струмица, 5 на подрачјето на Гевгелија и 2 на подрачјето на Радовиш. Од нив, 9 ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 6 во населено место.


На 10.01.2022 во 13.30 часот Д.М.(71) од Свети Николе пријавил дека на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија околу случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот. 


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ф.С.(67), Д.И.(77) и Ј.С.(58) сите од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На 21.10.2021 при преземени мерки од страна на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје - КЕЦ Кочани, било констатирано дека Ф.С. во текот на 2019-2020 година, на катастарска парцела започнал со изградба на два нови објекта, а Д.И. и Ј.С. во текот на 2017-2018 година, на истите катастарски парцели изградиле по еден нов објект- викенд куќа, без притоа да ја поседуват потребната документација односно одобрение за градба, а на штета на државата.


На 10.01.2022 во 17.00 часот А.М.(42) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром, поради нерасчистени меѓусебни односи, бил физички нападнат од З.А. и уште три лица. Се работи на расчистување на случајот. 


На 10.01.2022 во 15.40 часот во Полициската станица Аеродром, О.Н.(72) од Скопје пријавила дека на бул.„Асном“ била касната од куче скитник.


На 10.01.2022 во 12,30 часот М.Г.(74) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Карпош била физички нападната со тврд предмет од Ј.К.(51) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот. 


На 10.01.2022 во 18.00 часот З.Ј.(56) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од И.Н.. Се работи на расчистување на случајот.


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.М.(34) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „насилство“. На 01.08.2021 во Гостивар, оштетениот А.И.(39) од с.Мердита, гостиварско, отишол кај пријавениот за да му побара да му го врати долгот од 2.000 евра за претходно извршени градежни работи. По кратка расправија Ф.М. физички го нападнал А.И., предизвикувајќи му тешки телесни повреди.


На 11.01.2022 во 03.20 часот А.З.(35) од с.Арачиново пријавил дека две лица со употреба на сила влегле во неговиот дом и со закана извршиле претурање по собите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.