На 07.01.2022 во 00.05 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Е.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.01.2022 во 22.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.01.2022 во 13.30 часот на подрачјето на Лисиче, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.П.(21) и Д.К.(19), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана, дробилка и ризла. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.01.2022 во 20.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.01.2021 во 12.35 часотво Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„Димитар Влахов“, ул.„Бел Камен“ и ул.„Крижевска“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.Д.(39) од с.Чешиново и патничко моторно возило „застава 750“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(77) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Г., а со телесни повреди се здобил М.Д. констатирани во Општата болница во Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
На 06.01.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на регионалниот пат Кратово-Чатал, кај с.Туралево, кратовско, патничко моторно возило „цитроен“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од И.М.(44) од Кратово, удрило во пешакот Д.Ф.(35) од Пробиштип. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кратово.
На 06.01.2022 во 10.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Љубојно“ во Битола, од А.Ч.(26) од с.Црнобуки, битолско, управувајќи товарно моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во куќа. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.
На 06.01.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Л.Г.(41) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ била касната од куче скитник.
На 06.01.2022 во 18.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(37) од с.Голема Речица, тетовско. Тој бил баран по потерница од основен суд Тетово за издржување затворска казна за сторено крвично дело по член 206 од Кривичниот законик . Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 07.01.2022 во 02.15 часот во с.Волковија, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.Б.(22) од с.Чегране, гостиварско, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и ризла. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.01.2022 во 11.20 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода А.М.(18) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во угостителски објект на ул.„Мара Угринова“ во Гостивар, каде одзел пари. Во врска со настанот, по кратко време, во полициска станица се пријавил и еден малолетник, кој исто така е осомничено за инволвираност во извршување на кривичното дело. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.01.2022 во периодот од 08 до 12.00 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициски службеници во Охрид затекнале и санкционирале 10 возачи на моторни возила кои управувале возила со брзина поголема од дозволената(03 надвор од населено место и 07 во населено место).
На 07.01.2022 во 00.30 часот во с.Групчин, тетовско, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода О.М.(19) од с.Џепчиште, тетовско и А.М.(19) од с.Порој затоа што физички нападнале и со возило „фолксваген лупо“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал О.М., удриле полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 06.01.2022 во 08.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.К.(25) од тетовско затоа што околу 07.00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 30 - годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.01.2022 во 14.53 часот во Полициската станица Бит Пазар, Х.И. пријавил дека на стадионот Чаир на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје во текот на ноќта 05/06.01 непознати сторители насилно влегле и оштетиле столчиња од трибините, врати и инвентар од соблекувалните, а бил запален и оган. Веднаш по добиената пријава полициски службеници излегле на место на настанот и се преземаат меркин и активности за расчистување на случајот.
На 06.01.2022 во 12.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Тополница, општина Македонски Брод со повреди од огнено оружје се здобил М.М.(41) од с.Тополница. Екипа од Полициската станица Македонски Брод излегла на местото и било констатирано дека околу 12.10 часот во атар на с.Тополница, М.М. со неговата пушка марка „Бајкал ИЖ-18 -ЕМ-М“, што ја поседувал со дозвола, испукал куршум и си нанел повреда на ногата.
На 06.01.2022 во 17.30 часот во СВР Скопје, М.И.(27) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
На 06.01.2022 во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Лисиче, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу В.М.(29) и С.Т.(22), двајцата од Скопје, во која бил употребен и тврд предмет. После тоа, според пријавеното, С.Т. физички го нападнал Љ.М.(59). По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 06.01.2022 во 20.00 часот во СВР Скопје, Б.И.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од две лица од с.Сингелиќ. Се работи на расчистување на случајот.
На 06.01.2022 во 19.24 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на работно место во фирма во с.Пепелиште, неготинско, бил пронајден починат М.Ч.(69) од Неготино. Од страна на страна на лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирана била смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
На 06.01.2022 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Перо Наков“ настанал пожар во магацин на приватна фирма. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
На 06.01.2022 во 15.40 часот во СВР Битола било пријавено дека во атарот на село Лопатица, битолско, настаналал пожар при што била зафатена нискостеблеста шума. Известени се Територијалната противпожарна единица Битола и Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за гасење на пожарот.
На 06.01.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Г.Ш.(41) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината сестра М.И.(33), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 06.01.2022 во 16.40 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, А.А. од Македонска Каменица пријавил дека околу 16.30 часот во атар на с.Цера, С.Н.(45) од Македонска Каменица со ловечка пушка застрелал едно куче на неговото семесјтво. Извршен бил увид на местото на настанот, а полициски службеници од С.Н. одзеле ловечка пушка „баикал 12 Н-43“ и дозвола за оружје. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.