Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 13.12.2021

 

На 12.12.2021 во 05.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на патот за Сончев град го лишиле од слобода А.А.Г.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.12.2021 во 16.50 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Кисела Вода го лишиле од слобода Д.М.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.12.2021 во 12.20 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода М.Т.(32) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени прашкаста материја и нож. По документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 12.12.2021 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 23 прекршоци, од кои 12 надвор од населено место и 11 во населено место. Истиот ден, во периодот од 12.00 до 16.00 часот, на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа, биле откриени 5 прекршоци и на сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 7 други видови на прекршоци од кои 3 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за нерегистрирано возило и 3 за некористење сигурносен појас.

На 12.12.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 31 мерка, од кои 25 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 6 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 12.12.2021 во 20.35 часот на Граничен премин Делчево, при царинска контрола на И.П.Ц.(26) од Република Бугарија, кој управувал патничко моторно возило „ауди“, кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.

На 12.12.2021 во 06.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Саса-2“, патничко возило „шевролет спарк“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото М.Ч.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 12.12.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа соренто“, управувано од Н.Ј.(43) од с.Праленик, општина Центар Жупа и патничко возило „форд фокус“, управувано од Ќ.К.(46) од Дебар, двете со дебарски регистарски ознаки. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Ќ.К. и М.С.(21) од с.Новак, општина Центар Жупа, сопатничка во возилото „киа соренто“, констатирани во Општата болница во Дебар. Со телесни повреди се здобиле Н.Ј. и сопатниците З.Ј.(48) и С.Ј.(27) од с.Праленик, како и две малолетни лица од Дебар, сопатници во возилото „форд фокус“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Дебар.

На 12.12.2021 во 15.20 часот во Полициската станица Драчево, Ф.Б.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Бранко Заревски“ била касната од куче скитник.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.Б.(59) од дебарското село Коњари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривилни дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Тој, во текот на 2021, во месноста „Бадеми“ покрај Дебарското eзеро, бесправно присвоил државно земјиште и без одобрение изградил објект од тврд материјал.


Во текот на изминатиот викенд (10-12.12.2021 ) на територија на Куманово спроведени се акциски контроли за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, како и санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, санкционирани се 34 возачи за управување возило со брзина поголема од пропишаната и 24 кои управуваат возило под дејство на алкохол.


На 12.12.2021 полициски службеници од СВР Тетово на поширокото полошко подрачје откриле и санкционирале 7 лица (ТЕ-2 и ГВ-5) без возачки дозволи, кои веднаш се исклучени од сообраќај, на кои им се изготвени законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 250 евра во денарска противвредност.


На 13.12.2021 во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Смирненски“ настанал пожар во стан, сопственост на Б.М.(24) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.


На 12.12.2021 во 19.05 часот во СВР Скопје, М.К.(43) од Скопје пријавил дека во 18.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Аеродром, каде извршувал работни задачи, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.Г.(30) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.З.(50) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 31.08.2021 и 01.09.2021, пријавената неовластено искористила податоци од дебитна  банкарска картичка на лице од Македонска Каменица и извадила пари од банкомат, со што предизвикала материјална штета во износ од 13.000 денари.


На 12.12.2021 во 16.30 часот во СВР Скопје, Н.С.(40) од с.Р'жаничино, скопско, пријавил дека околу 15.30 часот на автопат кон Велес, пред клучка Арачиново, бил физички нападнат од Б.И.(29) од с.Сингелиќ, скопско. Сочинет е записник за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.


СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Ш.(59) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Пријавениот, во текот на првата половина од 2021 извршил надградба на постојна градба на станбен објект за индивидуално домување во негова сопственост, со вкупна површина од 107м², за што не поседувал одобрение за градење издадено од надлежен орган.


На 12.12.2021 околу 14.20 часот на ул.„Јустинијан први“ во Скопје, М.И.(29) од с.Горно Количани, скопско, се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 12.12.2021 во 21.15 часот во СВР Скопје, С.С.(37) од Скопје пријавил дека околу 20.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од К.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривични пријави против И.Џ.(25) и И.О.(24), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија”. На 09.10.2021 во 13.00 часот на Граничен премин Табановце, при влез во државата  тие приложилиле фалсификувани ПЦР тестови.


 

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.К.(52) од Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 08.04.2021 полициски службеници извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во својот дом и покрај тоа што имала решение за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат.