Извадок на дел од дневни настани 05.12.2021

На 04.12.2021 во 21.30 часот кај наплатна рампа Смоквица полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и Граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода Ф.Д.(19), кој управувал патничко возило „опел вектра“, со штипски регистарски ознаки и 16-годишен совозач, двајцата државјани на Р.Србија, бидејќи при контрола во возилото биле пронајдени 9 лица мигранти. Од нив, шест биле кубански, а три индиски државјани. Поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело по чл.418-б од Кривичниот законик, во координација со ОЈО за ГОКК возачот и совозачот биле приведени во полициска станица и ќе се соочат со законски превидените поднесоци, а лицата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.

На 04.12.2021 во ОВР Кичево приведени се Е.А.(27) и М.М.(36), двајцата од с.Пласница. При преглед извршен во патничко возило „мазда“, во кое се превезувале, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќеска (04/05.12.2021) полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол. Во контролата биле откриени и санкционирани 29 пијани возачи (ТЕ-23 и ГВ-6). Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се законски предвидените поднесоци. Покрај тоа, на сите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци.

На 04.12.2021 во 11.30 часот било пријавено дека во Штип, на крстосницата од ул.„Борис Крајгер“ и ул.„Џемал Бјејдиќ“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген венто“, управувано од С.М.(71) од Штип и мотоцикл „кавасаки“, без регистарски ознаки, управуван од Е.И.(19) од с.Селце. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а малолетен сопатник од мотоциклот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Штип.

На 04/05.12.2021 во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол. Притоа, полициските службеници затекнале 8 возачи кои пијани управувале возило (Охрид-02, Струга-04, Кичево-02). Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и издадени им се соодветни поднесоци.

На 04.12.2021 во 13.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(57) од Битола и трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, со приколка, управуван од Г.П.(45) од с.Подмочани, ресенско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле возачот И.Ј. и уште тројца сопатници од возилото, Л.Ј.(51), Б.Ј.(19) и З.Ј.(59), сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од Полициската станица Ресен.

На 04.12.2021 А.Д.(38) од кичевското село Челопеци, во ОВР Кичево пријавила дека нејзиниот малолетен син, на локален пат во селото, бил каснат од куче скитник. Истиот ден, К.А.(49) од Кичево пријави дека на локален пат во с.Осломеј бил каснат од куче скитник.

На 04.12.2021 во 21.30 часот на Граничниот премин „Табановце“, на излез од Р.С.Македонија при извршена проверка на А.Н.(48) од Р.Србија било констатирано дека тој незаконски и непријавено престојувал во Р.С.Македонија од 19.06.2021 до 04.12.2021. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Во текот на изминатото деноноќие (04.12/05.12.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 39 прекршоци.

На 04.12.2021 во 09.30 часот во Полициската станица Центар, М.С.(88) од Скопје пријавил дека на бул.„Партизански одреди“ бил каснат од куче скитник.

 

 

Денеска (05.12.2021) во периодот од 00.30 часот до 02.00 часот, на подрачјето на Полициска станица Битола, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спровеле заедничка акциска контрола во угостителски објекти во Битола. При контролата биле затекнати 4 лица без Ковид-сертификат и едно лице со лажен Ковид-сертификат, за што се изречени соодветни санкции. За време на контролата од страна на УЈП и ДПИ регистрирани се и други неправилности за кои, исто така, се изречени соодветни мерки.

На 04.12.2021 во 14.10 часот било пријавено дека на ул.„Иван Хаџи Николов“, поради претходно нарушени меѓусебни односи, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу С.Ф.(37) и Н.Ф.(46), двајцата од с.Зелениково од една страна, и А.Д.(32) од с.Страхојадица, од друга страна, во која бил употребен и остар предмет. Сочинети биле записници по чл. 11 од ЗППЈРМ.

СВР Кичево поднесе кривична пријава против лицето Х.М.(32) од с.Стрелци, кичевско, поради постоење основано сомнение за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 08.06.2021 на ул.„Булевар ослободување“ во Кичево, од полициски службеници кај него е пронајден и одземен кокаин.

На 04.12.2021 во 01.00 часот П.К.(19) од Куманово пријавил дека на 03.21.2021 околу 22.30 часот во Куманово бил физички нападнат од Д.Д. од Куманово. Се работи на расчистување на случајот.

На 04.12.2021 во 01.30 часот на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка од полициски службеници од СВР Куманово бил лишен од слобода Ѓ.Д.(32) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 04.12.2021 во 16.10 часот С.А.(37) од Куманово пријавил дека во Куманово, на регионален пат кај место викано „Ливади“, по претходна расправија околу сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Кочани поднесе кривична пријава против Е.А.(34), поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 21.12.2020 на магистралниот пат Штип –Кочани, во патничко возило „опел“, во кое се превезувал, од полициски службеници биле пронајдени и одземени марихуана и хероин.

На 05.12.2021 во 00.40 часот било пријавено дека во угостителски објект во Радовиш, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.П.(19) и Б.С.(20), двете од Радовиш. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 05.12.2021 во 02.00 часот било пријавено дека во Неготино, на бензиска пумпа, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(34), од една страна, и Д.Ш.(34), Ј.Ф.(30) и Ј.С.(34), од друга страна, сите од Неготино. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

СВР Куманово поднесе кривична пријава В.А.(23) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. Пријавениот во неколку наврати набавил марихуана и марихуана помешана со тутун и неовластено ги пуштил во промет.

На 05.12.2021 во 01.15 часот било пријавено дека на 04.12.2021 околу 23.30 часот во угостителски објект во Тетово, малолетник од Тетово бил физички нападнат од друг малолетник со кого од претходно се познавале. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 05.12.2021 во 04.10 часот А.Н.(18) од с.Сараќино пријавил дека околу 02.30 часот во угостителски објект во Тетово бил физички нападнат од Б.З.(18) од Тетово, со кого се познавал од претходно. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Ц.(47) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 02.06.2021 во Куманово тој бил затекнат на ул.„Србо Томовиќ“ како се движи без да има дозвола за движење.

На 04.12.2021 во 13.40 часот Д.С.(27) од Тетово пријавил дека околу 00.45 часот во Тетово, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од 17-годишник од Тетово, со кого се познавале. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 04.12.2021 во 18.00 часот А.Б.(59) од с.Долна Бањица, гостиварско пријавил дека околу 16.20 часот во Гостивар, во кругот на регионалниот склад на Шумско стопанство „Шар“ од Гостивар, каде работел, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Б.А.(29) од Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесен кривична пријава против М.И.(35) од с.Стримница, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. На 05.08.2021 во Тетово тој приложил ПЦР тест на негово име дека е негативен на заразната болест Ковид-19, но по извршени проверки во лабараторијата било констатирано дека приемниот број е регистриран со анализи за друго лице.

На 04.12.2021 во 09.30 часот А.Ј.(66) од с.Леуново, мавровско, пријавил дека во с.Леуново, по претходни расправии, бил физички нападнат од Ј.Н.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.12.2021 во 17.40 часот било пријавено дека во автобус бр.41 на ЈСП, кој се движел на релација Скопје–Драчево, кај раскрсницата за с.Батинци, В.Ф.(19) од с.Палиград бил физички нападнат од четири лица на возраст од околу 20 години. Се работи на расчистување на случајот.

На 04.12.2021 во 16.40 часот во Полициското одделение Сарај, Н.С.(69) од с.Сарај, скопско, пријавила дека од домот се одалечила нејзината ќерка М.С.(47), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против лицето В.А.(23) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 09.06.2021 во Куманово на ул.„Индустриска“ бил затекнат како се движи без да има дозвола за движење.