Извадок на дел од дневни настани 04.12.2021

На 03.12.2021 во 15.00 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, при пасошка контрола на Е.С.(24) од Р.Албанија било констатирано дека се послужила со туѓа патна исправа. Извршен бил претрес над неа и багажот, при што не биле пронајдени нејзините оргинални документи, а по извршена дополнителна проверка било утврдено дека лицето поседува албанска лична карта со нејзиниот вистински идентитет, на име Н.С.(31) од Р.Aлбанија. Таа била приведена и предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 03.12.2021 во 19.30 часот во Тетово, во угостителски објект на ул.„Илинденска“, од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода В.Ф.(27) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, која била пријавена околу 01.30 часот од жител од с.Теарце, тетовско. Тој бил задржан во полициска станица и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.12.2021 во 16.30 часот, на мaгистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Лескоец, патничко возило „ауди А4“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.П.(23), удрило во пешакот Д.Т.(68), двајцата од село Лескоец. На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид извршија полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.

На 03.12.2021 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 32 прекршоци што ги чинат пешаците, три санкции за нерегистрирани возила, 38 за непрописно паркирање.

На 03.12.2021 во 17,30 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Методија Андонов Ченто“, патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(24) удрило во пешакот А.Д.(39), двајцата од с.Арачиново, скопско. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Одделението за прекуграничен криминал и миграции Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(36), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. На 17.10.2021 на Граничен премин Табановце приложил фалсификуван ПЦР тест.

На 03.12.2021 во 11.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, З.Т.(27) од Скопје пријавил дека на ул.„Народни херои“ бил каснат од куче скитник.

На 04.12.2021 во 01.30 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Маџари“, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Скопје удрило во велосипед управуван од А.А.(58) од Скопје. Велосипедистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Во текот на изминатото деноноќие (03.12/04.12.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 56 прекршоци.

На 03.12.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, П.С.(78) од Скопје пријавил дека на ул.„Вера Јоциќ“ бил каснат од куче скитник.

На 03.12.2021 полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Б.Т.(26) и М.Б.(26), двајцата од Струга. При преглед во патничко возило „киа сид“, со струшки регистарски ознаки, во кое двајцата се превезувале, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

На 03.12.2021 од страна на полициски службеници од ОВР Кичево лишена е од слобода А.И.(49) од Кичево, бидејќи околу 13.00 часот, на ул.„11 септември“ во Кичево, го нарушила јавниот ред и мир и, по претходна вербална расправија, со метален предмет ја нападнала Л.А.(34) од Кичево. А.И. е приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.С.(28) од Скопје, поради постоење основано сомнение за стоено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропно супстанции и прекурсори“. На 17.11.2021 од полициски службеници кај Х.С. пронајдени се и одземени еден килограм марихуана, пиштол „чешка зброевка“ и рамка калибар 6,35 мм, 25 куршуми и пари во разни валути и апоени.

На 03.12.2021 во 15.00 часот С.А.(65) од Струмица пријавил дека во Струмица, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од Д.Ш. и неговиот син С.Ш.. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.12.2021 во 20.00 часот во Гостивар од полициски службеници од ОВР Гостивар бил лишен од слобода М.Ц.(29) од Гостивар, кој околу 19.30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 55-годишен татко. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.12.2021 во 09.30 часот Д.Р.(25) од Битола пријавил дека околу 01.40 часот во угостителски објект во Битола бил физички нападнат од М.Г.(30) и Ф.К.(36), двајцата од Битола, вработени како обезбедување во објектот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(29) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 19.08.2021 од полициски службеници во патничко возило, управувано од пријавениот, се пронајдени марихуана и 25 семки од растението канабис.

На 03.12.2021 во 15.15 часот било пријавено дека во Прилеп, по претходна вербална расправија, дошло до физичка пресметка помеѓу Е.М.(32), Р.А.(40) и О.А.(42), од една страна и Е.А.(36) и М.О.(33), од друга страна, сите од Прилеп. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.12.2021 во 16.10 часот М.И.(45) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот во канцеларија, додека бил на работното место во објект на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од друг вработен, С.И.(42) од Скопје. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

На 03.12.2021 во 18.30 часот во Полициската станица Чаир Е.А.(54) од Скопје пријавила дека од домот се одалечил нејзиниот син А.А.(32) од Скопје. Тој и претходно се оддалечувал од дома и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 04.12.2021 во 01.30 часот Ф.Ф.(26) од с.Сенокос пријавил дека околу 00.10 часот во с.Неготино, гостиварско, на бензиска пумпа каде работел, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил физички нападнат од малолетник од истото село. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(26), поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 14.06.2021 во Тетово од полициски службеници во домот на пријавениот се пронајдени марихуана и мешавина од марихуана и тутун.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А.(29) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 15.05.2021 во Куманово, на ул.„Доне Божинов“, тој бил затекнат без да има дозвола за движење за време на забрана за движење населението.

На 03.12.2021 во 19.00 часот во СВР Битола Е.М.(26) од Битола пријавил дека од шелтер центар во Битола самоволно се оддалечила неговата сестра Б.Ј.Р.(21). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 03.12.2021 во 19.50 часот било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Лисиче, едно лице со закана од вработениот одзел пари. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривични пријави против А.Н.(29) и А.И.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. Пријавените на 16.04. и 19.04.2021 биле затекнати без дозвола за движење за време на забрана за движење населението.

На 03.12.2021 во 18.30 часот било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Лисиче две лица со закана од вработениот одзеле пари. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.12.2021 во 18.00 часот К.Н.(21) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода ѝ била извршена обљуба од Д.Ѓ., кој бил пријател на нејзиното поранешно момче. Се работи на целосно расчистување на случајот.