Извадок на дел од дневни настани 02.12.2021


На 01.12.2021 во 22.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(22) од Скопје. За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување казна затвор од две години и шест месеци. Тој ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.


На 01.12.2021 околу 21.00 часот во автокамп во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода М.М.(34) и М.К.(24), двајцата од струшкото село Драслајца. При преглед на патничко возило „форд мондео“, со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 01.12.2021 околу 17.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода В.Т.(26), А.С.(21) и една малолетничка, сите од Кичево, затоа што кај малолетничката била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2021 во 21.00 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Чаир ги лишиле од слобода А.М.(24) и З.В.(19), двајцата од Скопје, поради сомнение дека на 30.10.2021 одзеле техничка стока од помошни простории на ул.„Бутелска“, сопственост на А.Р. од Скопје. Со нив бил извршен службен разговор и за случајот бил запознаен Јавен обвинител. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2021 во 09.45 часот во Неготино, полошко, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле Н.Ќ.(31) од гостиварско Ѓурѓевиште, поради сомнение дека извршил три тешки кражби во продавници во Неготино, полошко. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и со него бил извршен службен разговор. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 01.12.2021 околу 21.30 часот во тетовско Радиовце, полициски службеници на СВР Тетово ја привеле 19-годишната косовска државјанка Л.М., поради сомнение за илегален влез и престој во земјата. Таа била затекната во возило што го управувал 21-годишен жител на тетовско Горно Седларце, по што била задржана во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и ќе се соочи со соодветен поднесок.

На 01.12.2021 околу 21.10 на крстосница од улиците „Илинденска“ и „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле А.Р.(22) од Тетово, затоа што при преглед му бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот на А.Р. ќе му биде изготвен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

На 01.12.2021 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 26 прекршоци, од кои 17 надвор од населено место и 9 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 19 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 4 за технички неисправно возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за некористење сигурносен појас и 2 за користење мобилен телефон.

На 01.12.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 12 мерки за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место, а 3 мерки за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 01.12.2021 на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли на автобуси и други моторни возила што вршат јавен превоз на патници. Притоа, од 51 контролиран автобус, 47 се упатени на технички преглед (Охрид-12, Струга-11, Кичево-19, Дебар-05). Кај 7 автобуси констатирани се неисправни уреди за запирање (Охрид-03, Струга-03, Кичево-01), а кај 5 автобуси регистрирани се недостатоци од друга соодветна опрема (Кичево-02, Дебар-03), поради што се исклучени од сообраќај, а возачите се соодветно санкционирани.

На 01.12.2021 во 08.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.Б.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ била касната од куче скитник.

На 01.12.2021 во рамките на сообраќајно-контролните активности спроведени на тетовското подрачје, покрај другото, биле откриени и санкционирани 7 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, како и 13 возачи кои непрописно ги паркирале возилата, поради што биле подигнати од „пајак-службата“.

На 01.12.2021 година во 15.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во с.Пирава, валандовско, Б.Р.(18) од истото село, управувајки мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

На 01.12.2021 во 11.50 часот во Полициската станица Карпош, Ѓ.А.(39) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци бил каснат од куче скитник.

Во текот на изминатото деноноќие (01.12/02.12.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 63 прекршоци.

На 01.12.2021 во 17.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.С.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Мис Стон“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 02.12.2021 во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода М.З. (29) и Р.Е.(47), двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение дека на 19.02., 09.04 и 19.04, со употреба на сила влегле во две куќи и еден деловен објект и одзеле разни предмети. Тие биле спроведени во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.


На 02.12.2021 во 06.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода Ч.М.(19) и Е.С.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 03.02.2021 со употреба на сила од гаража на Ф.Н. на улица „Пелинска“ одзеле повеќе предмети. Тие биле спроведени во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.


На 02.12.2021 во 06.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода Б.И.(46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 289 и 292 од Кривичниот законик –„предизвикување опасност при работа“ и „тешки дела против општа сигурност“. Тој бил спроведен во Основен суд Скопје за понатамошна постапка.


На 01.12.2021 во 16.50 часот на ул.„7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода О.Р.(53) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во угостителски објект му се заканувал на 45-годишен маж од Кавадарци за долг од 6.500 евра што го имал 45-годишниот маж кон него и за кој му барал да му исплати 50.000 евра. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 


На 01.12.2021 во периодот од 08.00 до 11.00 часот на територијата на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над возила кои вршат јавен превоз на патници. Контролирани биле 50 возила, а кај две возила (1 во Струмица и 1 во Радовиш) биле констатирани неправилности. За сторените прекршоци биле изречени соодветни санкции. 

    

На 01.12.2021 во 12.00 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека околу 10.00 часот во спортска обложувалница во с.Марино, скопско, две лица со закана кон вработениот одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.Л (39) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од февруари до април 2021, пријавената во повеќе наврати измамила повеќе граѓани, претставувајќи им се лажно и нудејќи им услуги за кои оштетените и давале пари, по што заминувала и не ги извршувала услугите. Во февруари, на жена од Прилеп ѝ понудила да ја вработи ќерка и во фабрика за што добила 65.000 денари. На крајот на aприл 2021 година на жена од прилепско село понудила да помогне при полагање на инсрукторски испит за што добила 240.000 денари. Исто така, на крајот на април на лице од прилепско село му понудила да ја забрза процедурата околу купување на стан за што добила 35.000 денари. Од истото лице добила и 25.000 денари за ангажирање на дизајнер за уредување на станот. 


На 01.12.2021 во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од две лица кои на еден од нив му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(26) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во текот на април 2021 година, Ѓ.В. кој е на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Штип набавил хероин заради продажба на нарко зависници во затворот и му бил пронајден од затворските службеници. 


СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С(25) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во текот на март 2020 година С.С., кој е на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Штип набавил хероин заради продажба на наркозависници во затворот и му бил пронајден од затворските службеници.


На 01.12.2021 во 17.30 часот на ул.„Нов живот“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле Д.И.(13) за кого на 29.11.2021 социјална работничка пријави декла се оддалечил од домот. Тој бил предаден на вработена од Центар за социјални работи.

 

На 01.12.2021 во 21.30 часот во СВР Скопје, Д.Т.(49) од Скопје, возач во ЈСП, пријавил дека околу 18.30 часот на автобуска постојка во с.Смиљковци, скопско, додека бил на работно место, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 01.12.2021 околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода, Љ.К.(61) од Скопје бил физички нападнат од едно лице додека бил на работно место како такси возач во такси компанија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 01.12.2021 во 11,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди бил донесен М.И.(44) од Скопје. Според пријавеното, тој се повредил околу 10.30 часот додека извшрувал работни задачи во автомеханичарски сервис во ЈСП Скопје, каде бил вработен. За настанот известен е трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.  

 

На 01.12.2021 во 20.00 часот во СВР Скопје, С.С.(76) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Цанкар“ бил каснат од куче скитник.


На 01.12.2021 во 22.00 часот во СВР Скопје, С.Х.С.(56) од Скопје пријавила дека на ул.„Жорж Бизе“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.


На 01.12.2021 во 21.50 часот во СВР Скопје, М.Ц.(39) од Скопје пријавила дека на ул.„Жорж Бизе“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник. 


СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.М.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.11.2021, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција на ул.„9-ти Мај“ извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 


ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.А (36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори “. На 02.03.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.


На 01.12.2021 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот во кој живее на ул.„Босна и Херцеговина“ била пронајдена почината М.К.(52) од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.


На 01.12.2021 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено во аптека на ул.„Московска“ едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.