Извадок на дел од дневните настани 25.11.2021

 На 24.11.2021 во 15.00 часот во с.Катланово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.М.(32) од с.Пакошево, општина Зелениково. Таа била барана со потерница од Основниот суд Скопје-1 за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. С.М. била спроведена во Казнено – поправната установа Идризово за издржување на казната.

 

На 24.11.2021 во 13.10 часот во Полициската станица Аеродром биле повикани И.И.(29) и С.А.(28), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 18.11.2021 одзеле повеќе предмети од објект во изградба на ул.„Фрањо Клуз“ во Скопје. Во службен разговор со полициски службеници тие го признале делото, а одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 24.11.2021 во 20.15 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода А.П.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 24.11.2021 во 17.30 часот на граничниот премин Блато од слобода бил лишен Г.А.(26) од Република Албанија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека во службената евиденција за него има мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.

 

На 24.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 25 мерки и тоа 7 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 18 за пречекорување на максималната дозволена брзина надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

 

На 24.11.2021 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди здобиени од сообраќајна несреќа била донесена Е.С.(70) од Скопје. При разговор со повредената извршен од полициски службеници од СВР Скопје, таа изјавила дека околу 14.00 часот на ул.„Св.Кирил и Методиј“ била удрена од непознато возило, кое по несреќата го напуштило местото. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 24.11.2021 во 09.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.Т.(70) од Скопје пријавил дека на ул.„Франц Розман“ бил каснат од куче скитник.

 

На 24.11.2021 во 11.15 часот во Полициската станица Центар, М.Ѓ.(30) од Скопје пријавил дека на кеј „Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник.

 

Во текот на изминатото деноноќие (24.11/25.11.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 73 прекршоци.

 

На 24.11.2021 во 12.50 часот во Полициската станица Аеродром, М.В.(64) од Скопје пријавил дека на бул.„АВНОЈ“ бил каснат од куче скитник. 



На 24.11.2021 во ОВР Прилеп било пријавено дека во Казнено - поправната установа Затвор Прилеп кај осуденикот Н.Р.(21) од Битола биле пронајдени две пакувања со кафеава прашкаста материја. Пакувањата биле одземени од екипа на ОВР Прилеп за натамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 24.11.2021 во 15.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ѓ.(38) од Куманово, поради сомнение дека со употреба на сила влегол во црквата Св.„Спас“ во населбата Долно Којнаре и одзел пари. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(57) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. При претрес, извршен со судска наредба во неговиот дом на 23.04.2021, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „CZ VZOR 50“, пет куршуми калибар 7,65 милиметри, смола од хашиш и марихуана.


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Н.(26) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.05.2021 околу 22.00 часот, при преглед извршен во Кичево на патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, во кој се превезувал Г.Н., кај него било пронајдено и одземено пакување со марихуана.  


На 24.11.2021 во рамки на планираните активности на СВР Тетово за поголем ред и безбедност со паркирањето во Тетово биле санкционирани и од тетовската „пајак-служба“ подигнати вкупно 18 непрописно паркирани возила.


На 24.11.2021, полициски службеници од ОВР Прилеп, од А.С.(24) од с.Пешталево, општина Долнени, одзеле пиштол, две рамки за пиштол, муниција за пиштол (25 парчиња) и гумена палка, поради сомнение дека се предмет на кривично дело „кражба“. По целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 24.11.2021 во 21.00 часот во СВР Скопје, Д.К.(27) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на подрачјето на Бит Пазар тој и неговиот малолетен внук биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 24.11.2021 во 16.50 часот, односно во 23.45 часот во СВР Скопје, М.С.(47) и М.Ш.(37), двајцата од Скопје пријавиле дека на ул.„23 Октомври“ биле каснати од куче скитник.



СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ф.(19), А.Е.(24), А.Ј.(23), Б.Ш.(30) и С.С.(24),  сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство’’. На 13.09.2021 во Тетово, пријавените физички нападнале две лица.


СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца малолетници од село Радуша и од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Во периодот од 11.07.2021 до 25.07.2021, со употреба на физичка сила и подесен предмет, пријавените влегле во црквата „Свети Никола“ во с.Копанце и „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во с.Туденце и одзеле пари. Во присуство на нивните родители, инспектор по малолетничка деликвенција  при СВР Тетово и претставник од Центарот за социјални работи во Тетово со пријавените бил извршен службен разговор.


На 24.11.2021 во 19.20 часот во СВР Скопје, И.П.(51) од Скопје пријавила дека во населба Бутел била касната од куче скитник.    


На 24.11.2021 во 19.05 часот во СВР Скопје, Б.В.(28) од Пробиштип пријавила дека околу 18.50 часот пред зграда на подрачјето на Аеродром, нејзината малолетна ќерка била физички нападната со тврд предмет од М.Ф.(24). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против О.С.(44) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.11.2021, пријавениот физички нападнал негов сосед и му нанел телесни повреди.


На 24.11.2021 во 19.00 часот во СВР Скопје, Д.Г.(47) од Скопје пријавил дека околу 09.40 часот во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син и негов соученик биле физички нападнати од О.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


СВР Куманово и СВР Охрид поднесоа кривични пријави против од Ѓ.Л.(30) од Кичево, Д.К. (29), М.Д.(22), С.З.(31), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија. Пријавените биле затекнати како без дозвола се движеле за време на забрана за движење на населението на територијата на државата.


На 25.11.2021 во 04.40 часот во Полициската станица Аеродром, С.С.(28) од Скопје пријавил дека околу 02.30 часот на ул.„Тодор Чангов“ настанал пожар во неговото возило „бмв“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.


 

На 24.11.2021 во 11.00 часот во СВР Скопје, В.Ј.(56) од Скопје пријавила дека на ул.„Вера Јоциќ“ била касната од куче скитник.