Извадок на дел од дневни настани 02.11.2021

На 01.11.2021 во 16.50 часот во Крива Паланка, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода А.М.(65) од Крива Паланка за издржување на казна затвор. Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Куманово за издржување на казната.

На 01.11.2021 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода И.М.(33) од Кичево и О.Т.(34) од прилепското село Коњаре, затоа што при контрола на такси возило со кое се превезувале, кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.11.2021 околу 16.10 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Х.(20) од Тетово, кој половина час пред тоа во спортска обложувалница на ул.„113“ во Тетово со употреба на сила одзел пари. Тој бил приведен во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 02.11.2021 околу 01.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Д.Ј.(24) и Ѓ.Б.(21), двајцата од Богданци. На автопатот Гевгелија–Скопје, кај клучка „Миравци“, во возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Ј., а совозач бил Ѓ.Б., биле пронајдени 13 лица мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг во Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.11.2021 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 17 прекршоци, од кои 9 во населено место и 8 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 13 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило и 2 за користење мобилен телефон.

На 01.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 13 мерки и тоа 8 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 5 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 01.11.2021 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, пред железничкиот надвозник, товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(78) од Скопје, удрило во пешакот Ф.Т.(44) од с.Семениште, скопско. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

На 01.11.2021 во 19.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.П.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„1606“ неговата ќерка била касната од куче скитник.

Во текот на изминатото деноноќие (01.11/02.11.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 8 прекршоци.

На 01.11.2021 во 12.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.И.(33) од Скопје пријавила дека на ул.„Саса 2“ била касната од куче скитник.

На 01.11.2021 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.А.(36) од Прилеп, затоа што во негово возило превезувал огревни дрва без соодветна документација. Тој бил приведен во полициска станица, а дрвата биле одземени и предадени во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Денеска (02.11.2021) во 11.30 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле Д.С.(29) од с.Глоѓи, тетовско, за издржување на казна затвор од три години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 6 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.  


На 01.11.2021 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.А.(30) од Прилеп, затоа што во неговото патничко возило превезувал огревни дрва без соодветна документација. Тој бил приведен во полициска станица, а дрвата биле одземени и предадени во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  


Денеска (02.11.2021) во 11.45 часот на ул.„Тодор Чангов" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле М.П.(53) од Скопје. Тој се барал за издржување на казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. М.П. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.  


На 01.11.2021 во 23.45 часот во СВР Скопје, Б.Ј.(26) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил физички нападнат од Д.Н., со кого се познавал од претходно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.М.(67) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторeно кривично дело „повреда на тајноста на гласањето“. На 31.10.2021 во 10.45 часот, додека го остварувaл своето гласачко право на локалните избори на избирачко место 0835 во Кочани, јавно ѝ кажал на својата сопруга кој број да го заокружи, а откако бил предупреден од Избирачкиот одбор, јавно кажал за кој број гласал.    


На 01.11.2021 во 19.40 часот во СВР Скопје, М.А.(25) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



На 31.10.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 17.30 часот на избирачко место бр.2955, 2955/1, 2956, 2956/1 во Центар за рехабилитација во нас.Скопје – Север, додека полициски службеници вршеле обезбедување на избирачкото место, биле нападнати од И.Т.(42) од Скопје, заедно со повеќе, меѓу кои и И.Љ(39) од Скопје, кој со пиштол им упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава  против П.Р.(30) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.10.2021. полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го затекнале пријавениот како се движи на ул.„Доне Божинов“ во Пробиштип, и покрај тоа што имал решение за изолација и лекување во домашни услови од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.  


На 01.11.2021 во 11.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со повреди бил донесен С.С.(64) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 11.00 часот во својот двор во Шуто Оризари откако, по претходна расправија, бил нападнат со тврд предмет од М.С.(41) од Скопје. Сочинет е записник за константиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.