Извадок на дел од дневни настани 22.10.2021

На 21.10.2021 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ќ.(23) од Скопје, фатен по извршено кривично дело „кражба“. А.Ќ. го извршил делото околу 16.55 часот на скопскиот Камен мост, при што од оштетениот О.К.(30) одзел пари. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

На 21.10.2021 во 17.30 часот од страна на полициски службеници од Оперативен тим за потраги при СВР Скопје, на подрачјето на Бит Пазар бил лишен од слобода С.Ш.(36) од Скопје. За него била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор за сторено кривично дело од чл.418 б ст.2 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. С.Ш. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Ноќеска (22.10.2021) околу 01.30 часот, во акциска контрола спроведена од полициски службеници на МВР во угостителски објект во гостиварски Добридол, приведена е 25-годишната Т.Г. од Република Србија, поради сомнение за нелегален престој.Таа е задржана во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

На 21.10.2021 во 21.30 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници бил приведен T.M.(26) од Холандија, затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека незаконски престојувал во државата. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 21.10.2021 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 21 прекршок, од кои 19 надвор од населено место и 2 во населено место. Истиот ден, во периодот од 08.00 до 13.00 часот спроведена е акциска контрола на прекршоци кои ги прават пешаците. Притоа, биле изречени санкции за 26 прекршоци. Санкционирани биле и 16 други видови на прекршоци, од кои 12 за управување возило без возчка дозвола, 2 за нерегистрирани возила и 2 за управување возило под дејство на алкохол.

На 21.10.2021 во 16.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Кочани, пред влез во с.Чардаклија, товарно возило „цитроен џампер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од К.А.(51) од с.Гардошорци, струмичко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Ѓ.(53) од с.Владиевци, струмичко, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На 21.10.2021 во периодот од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Струмица биле преземени засилени мерки во сообраќајот, при што биле констатирани 14 прекршоци сторени од страна на пешаци, од кои 5 во Радовиш, 4 во Гевгелија, 3 во Валандово и 2 во Струмица. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

На 21.10.2021 во 08.30 часот Полициската станица Центар, В.К.(47) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк неговиот син бил каснат од куче скитник.

На 21.10.2021 во периодот од 08.00 до 18.00 часот на тетовското подрачје спроведена е акциска контрола на пешаци. При контролата откриени се и санкционирани 10 прекршоци. Покрај ова, санкционирани биле и 5 други видови сообраќајни прекршоци.

Во текот на изминатото деноноќие (21.10/22.10.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 15
прекршоци.

На 21.10.2021 во 12.20 часот во Полициската станица Аеродром, Д.И.(56) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилески Бато“ бил каснат од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.М.(39) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „одземање на моторно возило“ и едно „тешка кражба“. Пријавениот, во периодот од 01.12.2020 до 08.02.2021 на различни локации на тетовското подрачје, со употреба на физичка сила и подесен алат одзел четири патнички моторни возила и едно товарно моторно возило. По преземени мерки, возилата биле пронајдени и вратени на сопствениците. 


На 21.09.2021 во периодот од 08.00 до 13.00 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници санкционирале 18 пешаци кои направиле сообраќаен прекршок (Охрид-08, Струга-01, Кичево-05, Дебар-04). 


Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“, заради оневозможување на гласање, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.Г.(49) од Дебар. 


На 22.10.2021 во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во куќа во с.Визбегово, сопственост на Ф.М.(29). Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Р.(42) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 19.06.2020, полициски службеници извршиле претрес во стан на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, кокаин, семки од растението канабис и куршум од пиштолска муниција со калибар 9мм.


На 21.10.2021 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу малолетник од с.Горно Количани, скопско и малолетник од с.Долно Количани, скопско. Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  


На 21.10.2021 во 18.20 часот во СВР Скопје, А.С.(25) од Куманово пријавил дека околу 17.30 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


На 21.10.2021 во 22.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез во с.Бадар, скопско, настанал пожар во викенд куќа, во која подолго време никој не престојувал. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната бригада Скопје. 


СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.И.(51) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Полициски службеници извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во својот дом. Со ваквото дејствие тој не ја почитувал Одлуката на Владата на РСМ за заштита на населението за време на епидемија.


На 22.10.2021 во СВР Скопје, Д.И.(44) од Скопје пријавил дека на 21.10.2021 околу 23.30 часот на ул.„Гвадалахара“ тој и С.С. биле физички нападнати од Р.М., Б.С., Е.С. и Т.А.. Според пријавеното, во нападот тие употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


На 21.10.2021 во 10.50 часот на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар – Бит Пазар лишиле од слобода малолетник од Битола, затоа што бил затекнат во обид да изврши кражба на велосипед, сопственост на М.А.(62) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 21.10.2021 во 19.00 часот во СВР Скопје, С.М.(52) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син О.М.(25), кој имал здравствени проблеми. Тој и претходно во неколку наврати се оддалечувал од домот и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  


На 21.10.2021 во 19.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Ќемал Сејфула“ едно лице со закана од вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  


На 21.10.2021 во 15.45 часот во СВР Скопје, С.С.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Скупи“ бил каснат од куче скитник. 


На 22.10.2021 околу 00.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека од Јавна установа за згрижување на деца во с.Визбегово, скопско, самоволно се оддалечил Д.С.(17) од Крива Паланка. Тој и претходно, во повеќе наврати се оддалечувал од установата и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 


На 22.10.2021 во 00.06 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди во ногата од огнено оружје бил донесен Б.И.(27) од Скопје. Според пријавеното, Б.И. отиштол во својата викенд куќа во с.Кучково со Б.Л. и откако излегол од возилото бил погоден од огнено оружје од страна на непознато лице. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(25) од Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.04.2021 во 22.15 часот, полициски службеници во Липково го затекнале пријавениот како се движи без дозвола за движење за време на забрана за движење.      

                         

На 21.10.2021 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на И.С.(44) во с.Арнакија, скопско, дошле А.Ј. и Ј.Ј., физички го нападнале синот на И.С. и му упатиле закани со огнено оружје. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.