Извадок на дел од дневни настани 21.10.2021

 

На 20.10.2021 во 19.30 часот на ул.„Среќко Пужалка“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода М.И.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека околу 16.00 часот на ул„Методија Андонов Ченто“ одзел пари од возило „ауди“, сопственост на В.З.(45) од Скопје. Одземените пари биле пронајдени кај него и ќе бидат вратени на сопственикот. М.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.10.2021 во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, врз основа на распишана потерница од Основен Суд Скопје, го лишиле од слобода А.П.(41) од Скопје. Тој се барал за издржување казна затвор од две и пол години за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 20.10.2021 околу 23.30 часот, полициски службеници на СВР Tетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Ф.И.(31) од гостиварски Вруток, поради сомнение дека сторил повеќе кражби и тешки кражби на гостиварското подрачје, меѓу кои и вчерапријавената кражба на патничко возило „ауди А3“, со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на К.П.(26) од Гостивар, кое било паркирано на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар. Подоцна, возилото било пронајдено на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, додека кај Ф.И. биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои се наоѓале во возилото. Ф.И. бил задржан во Полициската станица Гостивар и по комплетно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 20.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 70 мерки, од кои за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место 45, додека за пречекорување на максималната дозволена брзина надвор од населено место превземени се 25 мерки. Откриени се и 13 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 20.10.2021 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 55 прекршоци, од кои 31 во населено место и 24 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои 14 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило и 2 за некористење на сигурносен појас.

На 20.10.2021 околу 15.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на крстосница од улиците „Првомајска“ и „Лазар Колишевски“ во Валандово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.А.(20) од Валандово и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Џ.К.(19) од с.Дедели, валандовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија, а увид извршила екипа на Полициската станица Валандово.

На 20.10.2021 на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата во и надвор од населено место. Притоа, откриени и санкционирани се вкупно 27 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-9 и ГВ-18), од кои едно (ТЕ) за повеќе од 70 километри на час и шест (ТЕ) за 50 до 70 километри на час. Покрај ова, санкционирани биле и 4 возачи (ТЕ) кои ја пречекориле дозволената брзина во населено место. При контролата, исто така, санкционирани се и 21 други видови прекршоци (ТЕ-15 и ГВ-6).

На 20.10.2021 во 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Даме Груев“, на излез од паркинг простор, Г.Г.(57) од Скопје ја отворил предната врата од запрено патничко возило „даихатсу териос“, со скопски регистарски ознаки, при што удрил велосипед, управуван од Ц.В.(73) од Скопје. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во текот на изминатото деноноќие (20.10/21.10.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 18
прекршоци.

На 20.10.2021 во 09.40 часот во Полициската станица Драчево, Г.В.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.А.(37) од струшкото село Шум, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 05.01.2021 на ул.„Партизанска“ во Струга, кај него биле понајден и одземен кокаин. Дополнително, при претрес во неговиот дом, бил одземени кокаин и марихуана. 


Денеска (21.10.2021) околу 10.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Добарски натпатник, кај месноста „Еребино“, патничко возило „тојота рав“, со американски национални ознаки, управувано од Ф.Л.(45) од тетовско Доброште, излетало од коловозот. Во несреќата, Ф.Л. се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. 


ОВР Дебар поднесе кривична пријава против З.И.(59) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.08.2021, полициските службеници извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во нејзиниот дом и покрај тоа што имала решение за задолжителна изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со што  постапила спротивно на законските прописи за заштита на населението од Ковид-19. 


На 20.10.2021 во 22.30 часот во Полициската станица Кичево бил приведен М.М.(30) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Н.М.(50), по што тој починал. Смрт констатирала медицинска екипа од Општата болница во Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево. По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  


На 20.10.2021 околу 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Ј.Т.(32) од Скопје. Според пријавеното, тој се повредил околу 14.50 часот додека вршел работни задачи, како вработен во фирма, на ул.„Киро Фетак“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 


На 20.10.2021 во 21.41 часот во СВР Скопје, М.С.(44) од с.Долно Количани, скопско, пријавил дека околу 21.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, по претходно случена сообраќајна несреќа, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 20.10.2021 во 10.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подрум од зграда на ул.„Методија Шаторов Шарло“ настанала експлозија при што Љ.С.(58) од с.Љубанци, скопско, се здобил со повреди по телото. Според пријавеното, експлозијата настанала додека Љ.С. и И.Ј.(49) сечеле метална конструкција. Увид извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  


На 20.10.2021 во 08.30 часот во СВР Скопје, Б.Г.(53) од Скопје пријавила дека во 00.05 часот во градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, додека била на своето работно место, била физички нападната од А.Г.(35) од с.Марино, скопско. Се работи на расчистување на случајот.  


На 20.10.2021 во 23.41 часот во СВР Скопје, Б.С.(37) од Скопје пријавил дека околу 23.30 часот на место викано „Теферич“, на подрачјето на Кисела Вода, додека бил со М.С.(32) и Р.Д.(32), двајцата од Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице, кое се заканило и со огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 21.10.2021 околу 04.30 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во стан на ул.„Орце Николов“ бил пронајден починат Н.П.(36) од Република Србија, со престој во Скопје. Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. 


На 20.10.2021 околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека во трговски центар на подрачјето на Аеродром едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.


СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Б.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 09.03.2021, пријавениот преку социјалната мрежа „Фејсбук“ упатил закани преку објава од неговиот профил. 


СВР Куманово поднесе кривични пријави против Џ.А.(29) од с.Ропаљце, општина Липково, Ѓ.Д.(21), М.Т.(20) и М.Ц.(20), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Пријавените, од 16.04. до 12.06.2021 биле затекнати како се движат без дозвола за движење за време на забрана за движење на населението. 


На 20.10.2021 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на бул.„Св.Климент Охридски“ две лица физички ја нападнале вработената, по што одзеле пари од дневниот промет. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.