Извадок на дел од дневни настани 19.10.2021

На 18.10.2021 околу 14.00 часот на ул.„Ѓорче Петров" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово, на возраст од 17 години. При нивен преглед и во нивна непосредна близина им била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

НА 18.10.2021 околу 15.50 часот во тетовско Теарце лишен од слобода е А.Ф.(31) од ова село, затоа што му била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

На 19.10.2021 во 04.40 часот полициски службеници од Полициската станица Аеродром на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода С.М.(32) од Виница, а со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.10.2021 во 21.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.Т.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.10.2021 околу 21.30 часот во Полициската станица Гостивар бил повикан Е.Ј.(44) од гостиварски Градец, постапувајќи по пријава според која на 17.10.2021 околу 21.00 часот пукал со огнено оружје на прослава пред штаб на политичка партија во Неготино, полошко. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и на посоченото место пронајдени се и подигнати за вештачење две празни чаури, а од Е.Ј. бил одземен пиштол што го поседувал со дозвола.

На 18.10.2021 во 16.20 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, по извршена пасошка контрола на Б.Е.(31) од Република Албанија, било констатирано дека се наоѓа во оперативните евиденции со мерка „апси“, по барање на Интерпол Франција. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

На 18.10.2021 во 11.30 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ (возачка дозвола), бил лишен од слобода A.Ц.(32) од Република Турција, кој управувал товарно возило „рено“, со турски национални ознаки, а при контролата ја доставил на увид возaчката дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 18.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 21 мерка, од кои 13 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место, додека за пречекорување на максималната дозволена брзина надвор од населено место преземени се 8 мерки. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 18.10.2021 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 18 прекршоци, од кои 11 за управување на возило со брзина поголема од дозволената во населено место и 7 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување на возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирани возила, 2 за управување возило под дејство на алкохол и 2 за некористење сигурносен појас.

На 18.10.2021 во рамки на сообраќајно-контролните активности што ги спроведува тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај, биле откриени и законски санкционирани вкупно 16 пречекорувања на дозволената брзина, претежно во населено место. Покрај ова, санкционирани се и 7 непрописно паркирани возила кои биле подигнати од „пајак-службата“, 2 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа и други видови прекршоци.

На 18.10.2021 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, К.М.(81) од Скопје пријавила дека на ул.„Кленоец“ била касната од куче скитник.

Во текот на изминатото деноноќие (18.10/19.10.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 11
прекршоци.
 

На 18.10.2021 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода М.З.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 1 од Кривичниот законик за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Тој бил спроведен во Основен суд Куманово за понатамошна постапка. 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.И.(23) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 02.09.2021,  пријавениот на социјалната мрежа „Инстаграм“ постирал фотографии со експлицитна содржина од женско лице, кое претходно му ги испратило фотографиите во пораки. 


На 18.10.2021 во СВР Тетово Н.И.(29) од Гостивар пријавил дека во парк на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.


На 18.10.2021 околу 20.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од 22.30 часот на 17.10.2021 до 07.00 часот на 18.10.2021 било скршено стакло од штаб на политичка партија на ул.„Орде Чопела“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


На 18.10.2021 Ј.Б.(69) од Кичево, во надлежната полициска станица пријави дека во кичевската населба „Горица“ бил каснат од куче скитник.


На 18.10.2021 во 19.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.А.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга В.А.(45). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 


На 18.10.2021 околу 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Христо Татарчев“, едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.   


На 18.10.2021 во 10.40 часот Х.П.В.(30) од Скопје во СВР Тетово пријавила дека на ул.„Илинденска“ во Тетово била касната од куче скитник.


СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ч.(30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „загрозување на сигурноста“. На 09.09.2021, пријавениот физички нападнал малолетник и со закана со остар предмет му го одзел мобилниот телефон. На 10.10.2021, пријавениот со остар предмет се заканил на Д.А., по што бил лишен од слобода и изведен пред судија.  


СВР Тетово поднесе кривична пријава против еден малолетник од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „тешка телесна повреда“ и против шест други малолетници од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „насилство“. На 26.07.2021 во Жена-парк во Тетово, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што првопријавениот малолетник употребил метален предмет.