Извадок на дел од дневни настани 18.10.2021

На 17.10.2021 во 20.15 часот полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје во с.Сарај го лишиле од слобода И.С.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.10.2021 во 02.45 часот во ОВР Кичево, приведен е Д.Р. (18) од Кичево кај кого при преглед извршен на ул.„Тренко Тасески“ во Кичево била пронајдена марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.10.2021 во Полициската станица Велес С.С.(40) од Велес пријавила дека на ул.„Андон Шурков“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 17.10.2021 во 22.06 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„11 Октомври“ патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(29) од Прилеп удрило во пешаците О.С.(37), Б.М.(18) и уште двајца малолетници, сите од Прилеп. Во несреќата О.С. се здобил со тешки телесни повреди, а останатите пешаци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 17.10.2021 во 16.25 часот во Полициската станица Чаир, М.М.(27) од Скопје пријавила дека на ул.„Галичник“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

 

Денеска (18.10.2021) во 13.45 часот во нас.Ќерамидница во Скопје, од слобода била лишена В.А.(55) од Скопје, врз основа на централна потерница и наредба од Основно јавно обвинителство за спроведување на истражна постапка во врска со чл.247 од Кривичниот законик за „измама“.


Денеска (18.10.2021) во 12.40 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги, на ул.„Народен Фронт“ во Скопје ја лишија од слобода Г.К.(74) од Скопје за која биле распишана централна потерница и наредба од Основно јавно обвинителство за истражна постапка во врска со чл.279 ст.2 од Кривичниот законик за „даночно затајување“.


Одделението за прекуграничен криминал, миграции, реадмисија и странци - Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.П.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 28.09.2021 во дворно место на ул.„Серменинска“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ го затекнале пријавениот со патничко возило „опел фронтера“, со бугарски регистарски ознаки, натоварено со дабови огревни дрва без жиг и моторна пила. Притоа, во дворното место биле пронајдени и други огревни дрва без жиг, кои пријавениот ги донел претходно. 


На 17.10.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје, Т.С.(48) од Скопје пријавил дека околу 23.00 часот во казино на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


На 17.10.2021 во 18.35 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Ј.(45) од Прилеп, поради претходна пријава за нарушен избирачки процес односно кинење на гласачко ливче на избирачко место во основно училиште во населба Варош. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок. 


ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(75) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 09.06.2021 во с.Г.Манастирец – општина Македонски Брод, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 44 куршуми од различен калибар. 


На 17.10.2021 во 20.54 часот во СВР Скопје, Б.Х.(41) од с.Сингелиќ, скопско, пријавил дека во 19.30 часот забележал дека неговото патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на ул.„Методија Андонов Ченто“, било оштетено од залутано зрно од огнено оружје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  


СВР Скопје поднесе кривична пријава против Л.Д.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 25.07.2021 на регионалниот пат Скопје-Велес, во близина на с.Катланово, во возилото на пријавениот полициски службеници пронашле и одзеле 25 куршуми со калибар 9 мм.