Извадок на дел од дневни настани 17.10.2021

 На 16.10.2021 во 09.15 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба бил лишен од слобода малолетник од Кавадарци, со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.10.2021 во 20.00 часот полициски службеници од СВР Скопје во с.Сарај го лишиле од слобода В.М.(32) од Штип затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.10.2021 во 14.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Тетово-Волковија со локален пат за с.Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат леон“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(29) од с.Мала Речица и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(43) од с.Радиовце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“ А.Б.(41) од с.Радиовце, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

На 16.10.2021 во 21.55 часот во СВР Скопје, претседател на избирачкиот одбор пријавила дека во с.Средно Коњари и во с.Катланово биле поставени плакати од кандидат за градоначалник на општина Петровец. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

На 16.10.2021 во 23.00 часот во СВР Штип, од една политичка партија било пријавено дека од нивен штаб во с.Таринци бил отстранет плакат од нивниот кандидат за градоначалник на општина Карбинци. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.10.2021 во 21.42 часот во ОВР Прилеп, И.Т. пријавил дека неовластено бил сниман пред штаб на политичка партија и дека бил физички нападнат од две лица. Во врска со истиот настан , И.Н.(29), од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од едно лице и дека му била оштетена камерата пред штабот на политичката партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.10.2021 во 21.10 часот во ОВР Прилеп, М.М.(27) и И.Н.(29), двајцата од Скопје пријавиле дека биле физички нападнати и навредувани од неколку лица пред штаб на политичка партија во Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.10.2021 во 11.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Облешево, кочанско, на зграда бил испишан графит во врска со изборите, а биле залепени и повеќе плакати од кандидат за градоначалник на општина Чешиново-Облешево. Бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.10.2021 во 19.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.К.(27) од Скопје пријавил дека на ул.„Ениџевардарска“ бил каснат од куче скитник.

На 16.10.2021 во 09.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.К.(61) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Б.В.(24) од Р.Србија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, казниво по чл.418-б ст.2 од Кривичниот законик. На 16.10.2021 околу 10.00 часот во близина на бензинска пумпа кај с.Мрзенци тој бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициска станица Богородица, бидејќи со патничкото возило „фолксваген голф“, со српски регистарски ознаки, кое тој го управувал, превезувал шест лица мигранти од Куба, а на даден сигнал од полициски службеници продолжил да се движи, по што во близина на с.Мрзенци ги оставил лицата мигранти. Од судија од Основен кривичен суд Скопје на пријавениот му е изречена мерка притвор.


На 17.10.2021 во 03.30 часот И.Б.Л.(45) од Скопје пријавила дека околу 01.30 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од С.Л.(41) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.


На 17.10.2021 на подрачјето на Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Б.(24) од Скопје, постапувајќи по пријава од Е.М.(38) од Скопје според која околу 01.45 часот, на подрачјето на Аеродром, Б.Б. физички ги нападнал и се заканувал со остар предмет кон пријавителот, П.Н., К.П. и Н.С.. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 16.10.2021 во 11.33 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека на објект во градба во близина на трговски центар на подрачје на Центар со тешки телесни повреди се здобил А.Ш.(32) од с.Студеничани, скопско, додека извршувал работни задачи за фирма. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а известени се Јавен обвинител и Трудов инспектор.


На 16.10.2021 во 14.50 часот во Полициската станица Драчево, Т.Б.(55) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорѓи Динката“ бил каснат од куче скитник.


На 17.10.2021 во 01.00 часот Н.М.(35) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се работи на расчистување на случајот. 


На 16.10.2021 околу 23.30 часот пред угостителски објект во Кичево од полициски службеници од Полициска станица Кичево е лишен од слобода Ј.Ч.(43) од с.Црвивци, кичевско, затоа што по претходна расправија, со употреба на остар предмет ги нападнал Ш.С.(44) од Кичево и И.Б.(57) од с.Црвивци, кичевско. По целосно документирање на случајот, против Ј.Ч.  ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 16.10.2021 околу 16.30 часот во СВР Скопје Р.С.(21) од Скопје пријавил дека во близина на аптека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и Д.З.(50) од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок од ЗППЈРМ.


На 17.10.2021 во 00.35 часот Ф.А.(34) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Автокоманда бил физички нападнат од четири лица кои при нападот користеле тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.


На 16.10.2021 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на Центар, едно лице со закана од вработената С.Е.(34) од Скопје одземал пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 16.10.2021 во 21.50 часот во СВР Скопје Ф.И.(26) од Скопје пријавил дека околу 20.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нападнат со тврд предмет од Н.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.