Извадок на дел од дневни настани 16.10.2021

 На 14.10.2021 во 16.10 часот во с.Долно Соње, општина Сопиште, полициски службеници од Оперативен тим потраги ја лишиле од слобода А.В.М.(46) од Скопје која се барала со потерница за издржување затворска казна.Таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

 

На 15.10.2021 во 23.00 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево  ги лишиле од слобода М.Д.(28) и С.К.(21), двајцата од Делчево, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, реадмисија и странци Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.П.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”, предвидено и казниво по член 284-а од Кривичниот законик. На 22.09.2021 околу 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија на влезот во Гевгелија извршиле контрола на патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, со натпис „такси“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека Д.П. не поседува лиценца за вршење на авто-такси превоз и сертификат за авто-такси возач, а во возилото биле затекнати три лица од Куба.

 

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден (15.10.2021) во областа на сообраќајот изречени се 19 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 3, една санкција за минување на црвено светло, една за возач почетник, три за технички неисправни и нерегистрирани возила...

 

На 15.10.2021 во 16.00 часот во Полициската станица Карпош, Л.Ц.П.(51) од Скопје пријавила дека на  ул.„Франце Прешерн“ нејзиниот син бил каснат од куче скитник.

 

Во текот на изминатото деноноќие (15.10/16.10.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 10 прекршоци.        

                                           
 

На 15.10.2021 околу 19 часот на подрачјето на ПС Драчево, на место викано Аџево, биле забележани лица кои давале пари во замена за глас на претстојните локални избори односно вршеле кривично дело по член 162 од Кривичниот законик „поткуп при избори и гласање“. Од страна на полициски службеници приведени се четири лица. Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35), а кај нив пронајдени се 121000 денари и 250 евра. Известен е јавен обвинител и по добиени судски наредби извршени се и претреси во домовите на лицата, а тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 16.10.2021 околу 00.02 часот во СВР Велес, С.К. од Кавадарци пријавила дека на нејзиното патничко моторно возило „фиат пунто“ со кавадаречки регистарски ознаки имало расфрлани изборни плакати од кандидат за градоначаник на Кавадарци и носител на советничка листа од една политичка партија. Извршен е увид и известен е Јавен обвинител.

 

Денеска (16.10.2021) во 07.50 часот на ул.„23ти Октомври“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода И.Т.(62) од Скопје поради сомнение дека околу 06.30 часот во нејзиниот дом со остар предмет и нанел убодна рана на неговата мајка В.Т.(84) од Скопје, по што таа починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.С.(45) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен на 29.09.2021 година на улица „11 септември“ во Кичево, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана. 

 

На 15.10.2021 од 15 до 19 часот, при извршена сообраќајна контрола, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид регистрираа и санкционираа 9 возачи на моторни возила кои извршиле пречекорување на дозволената брзина на движење (03 возачи ја надминале дозволената брзина надвор од населено место и 06 возеле побрзо од дозволената брзина во населено место).

 

Денеска (16.10.2021) во 01.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во влез од зграда на бул.„Борис Трајковски“, С.Р.(30) од Скопје физички ги нападнал Б.П.(21), А.С.(19) и С.С.(18), сите од Охрид, со престој во Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

 

Денеска (16.10 2021) во 00.45 часот во Полициската станица Крива Паланка бил приведен Г.М.(42) од Крива Паланка затоа што околу 00.20 часот агресивно се однесувал и оштетил апарати во казино во Крива Паланка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 15.10.2021 во 04.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги привеле В.Ј.(29) од с.Конче, С.Р.(30) и Ѓ.М.(22) двајцата од с.Ракитец, општина Конче, поради постоење основи на сомнение дека извршиле обљуба врз 33-годишна жена од радовишко село. Се работи на расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 15.10.2021 во 23.50 часот во СВР Тетово, Н.С.(64) од с.Доброште, тетовско, пријавил дека околу 19.00 часот во Тетово неговиот малолетен внук бил физички нападнат од малолетен соученик и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.10.2021 во 18.30 часот во Полициската станица Гостивар, ученик во средно училиште во Гостивар пријавил дека околу 16.30 часот во кругот на училиштето две лица од с.Добридол, кои ги познавал, дошле и започнале физичка пресметка со него и неговите другари, при што едниот од нив со остар предмет му нанел повреда на раката. Се работи на расчистување на случајот.  

 

Денеска (16.10.2021) во 02.00 часот во Полициската станица Гостивар, С.Ј.(20) од Гостивар пријавил дека околу 01.40 часот во и пред угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат од Ф.И., М.Т. и Ѓ.Т., сите од Гостивар. Се работи нарасчистување на случајот.

 

На 15.10.2021 во 20.20 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во двор на правно лице бил нарушен јавниот ред со физичка пресметка помеѓу Р.А.(27) и И.А.(43), двајцата од Струмица. Полициски службеници излегле на местото и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 15.10.2021 околу 20.25 часот во Полициската станица Чаир, Е.Д.(47) од Скопје пријавил дека околу 20.08 часот во неговиот двор биле фрлени две запалени шишиња. Нема повредени лица и оштетувања на неговиот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.10.2021 околу 08.00 часот во с.Дрен, демиркаписко, бил пронајден починат Ш.У.(24) од Авганистан. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт со видливи повреди по телото. Извршен е увид и по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.  

 

На 16.10.2021 во 04.25 во СВР Велес било пријавено дека лица со возило растуриле летоци на две локации во Неготино. Полициски службеници излегле на местото и на посочените локации пронашле различни летоци, по што било пронајдено патничкото моторно возило со велешки регистарски ознаки во кое имало три лица Б.П. (18), С.Ф. (18) и Д.И. (18) сите од Неготино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

Денеска (16.10.2021) во 01.50 часот пред угостителски објект на ул.„23ти Октомври“, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.П.(22), Б.Ј.(22), Б.С.(21), Ф.Ѓ.(21) и Х.С.(20), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.