Извадок на дел од дневни настани 14.10.2021

На 13.10.2021 околу 20.00 часот на влезот за с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода З.Љ.(42) од Скопје. При контрола во возилото „пежо“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. З.Љ. бил приведен и предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.10.2021 во 14.30 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од собода Б.Д.(46) од Скопје, поради сомнение дека на 11.10.2021 од бул.„Борис Трајковски“ одзел патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Н. од Скопје, со кое подоцна во с.Ново Село, скопско, удрил во возило „цитроен берлинго“, сопственост на К.М. од Скопје и го напуштил местото. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 242 од Кривичниот законик.

На 13.10.2021 во 07.40 часот на граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода В.Р.(28) од Р.Косово, затоа што при извршена гранична контрола било констатирано дека во 06.30 часот остварил влез на Граничен премин „Долно Блаце“ и потпишал транзитна изјава за транзит до Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, но не се придржувал на изјавата. В.Р. бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

На 14.10.2021 во 00.50 часот во Валандово, полициски службеници од Полициската станица Валандово го привеле A.E.(27) од Република Турција, со престој во с.Дедели, валандовско, затоа што на 13.10.2021 во 23.00 часот физички го нападнал Н.М.(42) од с.Башибос, валандовско. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

На 13.10.2021 во СВР Битола било пријавено дека на трибина на Градскиот стадион „Тумбе Кафе“ во Битола биле пронајдени артилериски гранати. Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за две артилериски гранати со калибар 75 мм и една артилериска граната со калибар 105 мм од Првата светска војна.

На 13.10.2021 во 22.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар привеле малолетник од Скопје, кај кого бил пронајден нож. По документирање на случајот, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.10.2021 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“, патничко возило „киа сид“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(36) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 13.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 14 мерки против возачи, од кои 9 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 5 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 2 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 13.10.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“, непознато патничко возило удрило во пешакот Д.А.(70) од Скопје, по што го напуштило местото. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Терза“. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Скопје.

На 13.10.2021 во 11.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.Б.(74) од Скопје пријавила дека во населбата Влае била касната од куче скитник.

На 13.10.2021 во 12.50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во рудник „Бучим“ во близина на Радовиш, при изведување работни задачи како подизведувачи ангажирани од планинарскo-алпинистички клуб од Радовиш, починале З.М.(45) и Д.С.(20), двајцата од Радовиш. Од страна на лекар била констатирана смрт. Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од ОВР Радовиш и Tрудови инспектори, а по наредба на Јавен обвинител телата биле дадени на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие (13.10/14.10.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 25 прекршоци.

 Одделението за прекуграничен криминал, миграции, реадмисија и странци Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Д.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца” предвидено и казниво по член 284-а од Кривичниот законик. На 28.09.2021 околу 18.30 часот, на влезот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, при контрола на патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, констатирале дека не поседува лиценца за вршење на авто-такси превоз и сертификат за авто-такси возач, а во возилото биле затекнати две лица државјани на Р.Куба.

На 13.10.2021 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 26 прекршоци, од кои 25 надвор од населено место и 1 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 34 други видови на прекршоци, од кои 18 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 6 за технички неисправно возило, 1 за непрописно престигнување, 5 за некористење на сигурносен појас и 2 за користење мобилен телефон.

На 13.10.2021 во 22.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во 21.50 часот во атар на с.Стар Караорман, штипско, бил пронајден починат К.Ц.(43) од с.Стар Караорман. Според пријавеното, околу 16.00 часот тој отишол да врши земјоделски работи со трактор, при што се превртел и починал. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(38) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против З.К.(61) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Тој, на државно земјиште во селото со површина од 75 метри квадратни, неовластено и спротивно на Законот за градба започнал да гради деловен објект.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ј.Д. (44) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. При контрола извршена на 01.09.2021, полициските службеници констатирале дека тој не се придржува до решението за изолација издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, со што ги прекршил одредбите за заштита на населението од вирусот Ковид-19.

На 13.10.2021 во 15.20 часот во Полициската станица Гази Баба, било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ двајца малолетници биле физички нападнати од повеќе малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.С.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено крвично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 28.07.2021, полициски службеници извршиле претрес во деловни простории во Сингелиќ при што пронашле 20 куршуми калибар 7,62х25 мм боева муниција.

На 13.10.2021 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека Д.К.(26) од Скопје, при извршување работни задачи во фирма на подрачје на Кисела Вода, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.

На 13.10.2021 во 21.44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул.„Јане Сандански“ едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.10.2021 во 10.40 часот во СВР Скопје, С.М.(54) од Скопје пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка М.М.(33), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 14.01.2021 во 03.00 часот во Полициската станица Центар, С.К.(30) од Скопје пријавил дека околу 00.30 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“ едно лице со закана му одзело пари и мобилен телефон. Се работи на расчистување на случајот.

На 13.10.2021 во СВР Скопје било пријавено дека од Јавна установа за згрижување на деца се оддалечил нивниот штитеник Д.Д.(14) од Скопје, кој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 13.10.2021 во СВР Скопје било пријавено дека од Јавна установа за згрижување на деца самоволно се оддалечил нивниот штитеник М.А.(14), кој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.10.2021 во 20.56 часот во СВР Струмица било пријавено дека во близина на училиштето во с.Василево, струмичко, биле поставени плакати од политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.10.2021 во 10.00 часот во СВР Скопје С.А.(40) од Скопје пријавила дека на 12.10.2021 околу 18.00 часот од дома се оддалечила нејзината ќерка Љ.А.(16) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 13.10.2021 во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Коста Новаковиќ“ две лица со закана од вработената одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.