Извадок на дел од дневни настани 12.10.2021

На 11.10.2021 во 22.20 часот на граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Х.(32) од Република Албанија затоа што по извршени проверки било констатирано дека евидира во службената евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

На 11.10.2021 во 21.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода О.А.(27) од с.Грчец, општина Сарај, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од три ипол години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвро Идризово за издржување на казната.

На 11.10.2021 во 21.00 часот во близина на граничната линија со Косово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Белановце го лишиле од слобода А.С.(33) од с.Гошинце, општина Липково, кој управувал патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, затоа што се обидел илегално да ја премине државната граница. По извршената проверка било констатирано дека А.С. се бара по наредба од Основен Суд Скопје1 за издржување казна затвор за сторено кривично дело „нелојална конкуренција во работи на надворешно-трговскиот промет“, казниво по член 284 од Кривичниот законик. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

На 11.10.2021 на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзината поголема од пропишаната, при што се регистрирани и санкционирани 79 прекршоци, од кои 17 во Велес, 50 во Кавадарци и 12 во Неготино.

На 11.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 73 мерки, од кои 37 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 36 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 8 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 11.10.2021 СВР Штип спроведе зајакната акциска контрола на подрачјето на СВР Штип за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 47 возачи. Од нив 3 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 26 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 21 во населено место. Санционирани се и 26 други видови на прекршоци, меѓу кои 11 за управување возило без возачка дозвола, 5 за нерегистрирано возило, 6 за управување возило под дејство на алкохол и 4 за некористење сигурносен појас.

На 11.10.2021 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 42 прекршоци за кои биле изречени соодветни санкции.

На 12.10.2021 во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во близина на крстосницата со ул.„Македонска Косовска бригада“ и бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(47) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Е.А.(23) од Скопје, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка Е.И.(25) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Во текот на изминатото деноноќие (11.10/12.10.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 57 прекршоци.

На 11.10.2021 во 17.45 часот во Полициската станица Аеродром, Т.Т.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„АВНОЈ“ бил каснат од куче скитник.

На 11.10.2021 во 20.00 часот во Полициската станица Драчево, Д.Ѓ.(29) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.

 На 11.10.2021 на подрачјето на СВР Охрид биле извршени сообраќајни контроли при што полициските службеници регистрирале и санкционирале 38 возачи кои ја надминале дозволената брзина на движење во населено место (Охрид-09, Струга-20, Кичево-09), како и 25 возачи кои надвор од населено место возеле со поголема брзина од дозволената. Во Дебар, полициските службеници санкционирале тројца возачи кои извршиле престигнување на непрегледно место. 

 

На 11.10.2021 во 18.00 часот во СВР Скопје, Е.Н.(37) од Скопје пријавил дека на 10.10.2021 околу 15.15 часот на подрачје на Бит Пазар, по претходно меѓусебно нетрпение, бил физички нападнат од Г.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.10.2021 во 14.00 часот во СВР Скопје, А.Ј.П.(46) од Скопје пријавила дека на 10.10.2021 во периодот од 19.45 до 20.05 часот, на подрачје на Кисела Вода, нејзиниот син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.10.2021 во 21,15 часот Б.И.(32) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20,00 часот на ул.“Дижонска“ оштетено било неговото патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко моторно возило “форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А.(46) од Скопје. Возилата биле паркирани на улицата веднаш до ѕидот на соседот Н.И.(54), а во еден момент од непознати причини ѕидот паднал врз возилата и ги оштетил. Од полициски службеници од СВР Скопје било излезено на местото на настанот.

 

На 11.10.2021 во 21.10 часот во СВР Скопје, С.С.(39) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот во камп за бездомници во с.Визбегово, скопско, по претходна расправија бил физички нападнат од С.Ш.(24) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. 

 

На 11.10.2021 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека во трговски центар на бул.„Партизански Одреди“ едно лице со закана и употреба на сила кон вработената одзело пари од касата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 09.10.2021 во 11.40 часот во СВР Куманово, кандидат за градоначалник на Кратово пријавил дека на ул.„Гоце Делчев“ во Кратово биле искинати повеќе негови плакати. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 09.10.2021 на разговор во Полициската станица Драчево биле повикани Г.Ф., А.А. и Р.А. во врска со оштетување на штаб на политичка партија во Драчево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.