Извадок на дел од дневни настани 11.10.2021

На 11.10.2021 во 02.30 часот во Тетово на ул.„Маршал Тито“, од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода Б.А.(36) и М.С.(29), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.10.2021 во 11.45 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ на влез во државата, по извршена пасошка контрола на С.Е.(26) од Р.Албанија, било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Германија. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 11.10.2021 во 02.15 часот од полициски службеници од Полициската станица Делчево, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.123, а во врска со чл.19 од Кривичниот законик „убиство во обид“, лишена од слобода била А.О.(30) од Р.Албанија, а со место на живеење во с.Тработивиште, делчевско. А.О. кривичното дело го сторила во 2016 година. Таа била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.

На 10.10.2021 во 23.45 часот било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф караван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(28) од с.Арачиново, скопско и „фолксваген голф 3“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „голф 3“, А.М.(54) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле малолетна сопатничка и сопатник И.Ш.(20) од истото возило, како и двајцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 10/11.10.2021 во периодот од 23.00 до 04.00 часот беше спроведена акциска контрола на подрачјето на СВР Тетово за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа откриени и санкционирани биле вкупно 11 возачи, од кои шест на тетовско подрачје и пет на гостиварското подрачје. Исто така, констатирани биле 16 други сообраќајни прекршоци, од кои 11 на тетовското подрачје и пет на гостиварското подрачје.

На 10.10.2021 во 19.10 часот било пријавено во Тетово на бул.„Илинденска“ патничко возило „пежо“ удрило во пешакот С.И.(73) од Тетово по што го напуштило местото на несреќата. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот.

На 10.10.2021 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53, 29 санкции за возење без возачка дозвола, 14 за возење под дејство на алкохол, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, седум за возач почетник, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 32 мерки за непрописно паркирање.

На 10.10.2021 во 17.10 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Никола Карев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“, управувано од О.Б.(33) од Скопје и патничко возило „форд фокус“, управувано од Ј.Г.(41) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „форд фокус“, С.А.(71) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Ј.Г., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 10.10.2021 во 10.00 часот во Полициската станица Аеродром, Г.П.(53) од Скопје пријавила дека на бул.„Трета македонска бригада“ била касната од куче скитник.

Во текот на изминатото деноноќие (10.10/11.10.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 29 прекршоци.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.В.(21) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 17.02.2021 пред угостителски објект во Кичево, полициски службеници кај него пронашле две ќеси со марихуана.


На 10.10.2021 во 19.00 часот 60-годишен жител на Скопје пријавил дека во 18.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од неговиот син К.У.(19). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 11.10.2021 во 00.20 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево бил лишен од слобода А.Д.(30) од с.Студеничани, скопско, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.К.С., поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 08.02.2021 во Гостивар, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана.


На 10.10.2021 во 13.30 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен З.Ѓ.(54) од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди при изведување на градежни работи во викенд куќа во с.Алдинци. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот.


На 10.10.2021 во 10.00 часот било пријавено дека во дом на подрачјето на Шуто Оризари има починато бебе на возраст од околу еден месец. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција. 


На 10.10.2021 во 11.30 часот Т.С.(76) од Скопје пријавил дека пред влезот од пазарот Бит Пазар, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.


На 11.10.2021 во 00.25 часот било пријавено дека на Градски плочник во Свети Николе, по претходна расправиј,а дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Ѓ.Ѓ.(20) и Б.Б.(18), двајцата од Свети Николе. По кратко време повторно дошло до меѓусебна пресметка помеѓу Ѓ.Ѓ. и малолетник од Свети Николе. Се работи на расчистување на случајот. 


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.И.(83) од с.Бајрамовци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 31.08.2021 полициски службеници извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во својот дом и покрај тоа што имала решение за домашна изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. 


На 10.10.2021 во 20.45 часот О.А.(22) од с.Пирок пријавил дека во с.Пирок, пред угостителски објект, по претходна расправија, бил физички нападнат од Х.И.(61).. Се работи на расчистување на случајот.


Денеска (11.10.2021) околу 12.30 часот, Б.С.(57) од тетовско Доброште во Полициското одделение Теарце пријавил дека со боја била оштетена надворешно поставената икона на црквата „Свети Никола“ во ова село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 10.10.2021 во 22.00 часот во СВР Скопје Е.И.(55) од Скопје пријавила дека на 09.10.2021 околу 23.45 часот нејзината малолетна ќерка била физички нападната од С.С., откако претходно со него, Д.Н., И.Н. и нејзината малолетна другарка биле заедно во угостителски објект во Маџари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 10.10.2021 во 17.50 часот Р.Р.(28) од Радовиш пријавил дека во Радовиш, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ф.Е.. Се работи на расчистување на случајот.


На 10.10.2021 во 17.30 часот Р.В.(46) од с.Моноспитово, струмичко, пријавил дека околу 00.30 часот во угостителски објект во Струмица неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица на возраст помеѓу 25 и 30 години. Се работи на расчистување на случајот. 


На 10.10.2021 во 14.30 часот во СВР Скопје В.С.(39) од Скопје пријавила дека на 09.10.2021 околу 21.00 часот С.С. и Д.Н. извршиле обљуба врз малолетничка со привремено живеалиште во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 11.10.2021 во 05.25 часот било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар  во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Б.(43) од Скопје, од кој бил зафатен и дел од уште едно патничко возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма. Повредени лица нема. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје