Извадок на дел од дневни настани 10.10.2021


На 09.10.2021 во 23.10 часот на Граничниот премин „Табановце“, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(31) од Скопје. При извршена пасошка контрола било констатирано дека А.А. се бара по телеграма од Сектор за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, поради сомнение дека е сторител на кривично дело по член 418 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 09.10.2021 во 10.20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, на спојката со локалниот пат за с.Годивје-Дебрца се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорд“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(48) од Кичево и патничко возило „опел мерива“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од истото возило, Б.С.(22) и Б.С.(52), двете од Скопје, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 09.10.2021 во 10.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на излез од државата, од страна на полициски службеници бил лишен од слобода В.Х.(36) од Р.Австрија, бидејќи при извршена пасошка контрола било утврдено дека во 07.30 часот остварил влез во државата на истиот граничен премин, при што потпишал „транзитна изјава за транзит до Граничниот премин Ќафасан“, според која бил должен во рок од три часа да ја напушти територијата на државата. В.Х. не ја испочитувал потпишаната изјава, со што сторил кривично дело по чл.206 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 09.10.2021 во 09.15 часот било пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“, управувано од Ѓ.Х.(66) од Скопје и патничко возило „даеву матиз“, управувано од С.М.(63) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 09.10.2021 во 18.45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, од страна на полициски службеници бил приведен С.Р.(42) од Косово. При извршена пасошка контрола тој покажал патна исправа на С.К.(36) од Скопје, при што било констатирано дека фотографијата од исправата не се совпаѓа со лицето, односно тој се послужил со туѓа патна исправа. При извршен претрес и преглед на багажот била пронајдена неговата оригинална косовска лична карта, со неговиот вистински идентитет. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово, а од страна на Основен суд Куманово била изречена глоба и санкција за протерување од земјата.

Во текот на изминатото деноноќие (09.10/10.10.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 36 прекршоци.

На 09.10.2021 во 00.30 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, кај наплатна рампа Градско, полициски службеници ги привеле И.Е.(19) и 17-годишник, двајцата од Р.Србија. При проверка на такси возило „ауди“, со велешки регистарски ознаки, во кое двајцата биле патници, било констатирано дека илегално влегле во државата. Од страна на Регионалниот центар за Гранични работи Југ-Кавадарци бил поднесен соодветен поднесок, а од Основен суд Велес им била изречена глоба и мерка „протерување на странец од територијата на Република Северна Македонија“, по што од страна на полициски службеници биле спроведени до Граничниот премин Табановце.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.С.(45) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 29.09.2021 на ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници кај него пронашле ќеса со марихуана.

На 09.10.2021 во СВР Охрид бил приведен Р.Ч.(30) од Охрид, кој претходно, од вработен во угостителски објект во Охрид со заканa му одзел мобилен телефон. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.10.2021 во 00.15 часот било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар, по предходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.А.(24), Т.С.(32), А.П.Ч.(37), од една страна и Б.А.(25), Д.К.(54), П.А.(31), З.К.(57), Д.Р.(56), од друга, сите од Скопје. Сочинети биле записници за констатиран прекршок по чл.11 ст.2 од ЗППЈРМ.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Б.(22) од с.Челопек, тетовско, за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’. На 25.08.2021 во с.Челопек, при извршена контрола од страна на полициски службеници, пријавениот не бил затекнат дома, иако од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат Тетово му било изготвено решение за изолација.

На 09.10.2021 во 11.00 часот Ѓ.Р.(22) од Велес пријавил дека во кругот на фабрика лоцирана во Бунарџик бил физички нападнат од негов колега М.И. од Куманово. Се работи на расчистување на случајот.

На 09.10.2021 во Полициска станица Тетово биле приведени П.П.(18) и Д.И.(18), двајцата од с.Туденце, тетовско, постапувајќи по пријава од Д.А.(26) од Тетово, според која околу 23.35 часот тие физички го нападнале додека бил на работното место како обезбедување во угостителски објект во Тетово. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 09.10.2021 во 18.50 часот од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода С.Ј.(45) и С.П.(45), двајцата од Битола, постапувајќи по пријава дека околу 18.30 часот на ул.„Охридска“ во Битола испукале проектил во воздух. Од С.П. биле одземени метална шипка и нож, а од С.Ј. бил одземен пиштол „магнум 44“. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 09.10.2021 околу 23.20 часот кај Градско во правец кон Гевгелија полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, кое не застанало, туку ја зголемило брзината. Кај „Прждевски надвозник“ удрило во службеното возило на МВР и запрело, а возачот избегал. Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, кои се префрлени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа од Полициска станица Неготино и Јавен обвинител, по чии насоки возилото е обезбедено, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.10.2021 во 12.20 часот Љ.К.(59) пријавил дека на патниот правец од с.Новаци кон Битола, во близина на Француските гробишта, додека се движел со возило, без негово одобрение бил сниман од В.Н., кој управувал друго возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.10.2021 во 17.33 часот било пријавено дека на ул.„Првомајска“ бил насилно отворен прозорец од објект во кој бил сместен штаб на политичка партија, но не било влезено внатре, а од надворешната страна на објектот биле искинати плакати од кандидат за градоначалник и со спреј биле испишани графити. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 10.10.2021 во 03.05 часот А.Р. од Битола пријавил дека на 09.10.2021 околу 23.00 часот во атарот на с.Меџитлија бил физички нападнат со тврд предмет од З.С. од Битола и уште едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 10.10.2021 во 02.00 часот М.С.(18) од Кочани пријавил дека во Кочани тој и неговиот пријател С.К. биле физички нападнати од А.А. и П.Г. Се работи на расчистување на случајот.

На 09.10.2021 во Полициското одделение Жеровјане биле приведени шест лица мигранти од Авганистан, од кои две биле малолетни, кои во 13.55 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово биле затекнати на регионалниот пат Радиовце-Брвеница. Со нив бил извршен службен разговор, по што биле пренесени во Транзитниот центар Табановце.

На 09.10.2021 во 00.30 часот М.Ѓ.(18) од Македонска Каменица пријавил дека во угостителски објект во Македонска Каменица бил физички нападнат од Д.П.. Се работи на расчистување на случајот.

На 10.10.2021 во 01.55 часот Ф.Е.(21) од Радовиш пријавил дека во Радовиш бил физички нападнат од Р.Р.. Се работи на расчистување на случајот.

На 09.10.2021 во 23.40 часот А.М.(26) од Тетово пријавил дека во Тетово, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ф.Љ. и уште едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 09.10.2021 во 22.40 часот Ш.Б.(31) од Тетово пријавил дека пред угостителски објект во Тетово, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од Н.М. и неговиот син Н.М. Се работи на расчистување на случајот.

На 09.10.2021 во 16.00 часот Т.Г.(19) од нас.„Илинден“ пријавил дека околу 01.00 часот во населбата, по претходна вербална расправија, бил удрен од патничко возило, управувано од едно лице, а потоа и физички нападнат од К.К. и Д.М.. Се работи на расчистување на случајот.

На 09.10.2021 во 16.00 часот полициски службеници ги привеле Е.М.(42) од Тетово и М.Н.(26) од Р.Србија, со престој во тетовско. Имено, околу 15.30 на магистралниот пат А2-Прогрес 98, во близина на угостителски објект, полициски службеници сопреле патничко возило „пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.М., а во кое како совозач била М.Н., која барала помош. По извршен разговор М.Н., која била во видно алкохолизирана состојба, кажала дека била во љубовна врска со Е.М. и сама влегла во возилото. Се работи на расчистување на случајот.

На 09.10.2021 во 14.45 часот Ф.Ј.(39) од Р.Австрија, со престојувалиште во Скопје во СВР Скопје пријавила дека околу 11.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, во нејзина близина забележала машко лице како врши самозадоволување на јавно место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.