Извадок на дел од дневни настани 28.09.2021

На 27.09.2021 во 20.30 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Б.К.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.08.2021 во 21.45 часот на ул.„Шекспирова“, полициски службеници од Полициската станица Карпош го привеле Р.А.(29) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за сторен прекршок од Законот за оружје.

На 27.09.2021 во 17.00 часот СВР Битола било пријавено дека на ул.„Стрчин “ во Битола била пронајдена артилериска граната калибар 155 мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, а увид извршила екипа од СВР Битола.

На 27.09.2021 СВР Штип спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 58 возачи. Од нив 4 возила се движеле со брзина со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 32 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 26 во населено место. Санкционирани се и 28 други видови на прекршоци, меѓу кои 12 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 5 за управување возило под дејство на алкохол, 6 за некористење сигурносен појас и 2 за користење мобилен телефон.

На 27.09.2021 полициски службеници од СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани се 32 возачи, од кои 16 во Велес, 10 во Кавадарци и шест во Неготино.

На 27.09.2021 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1523“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фокус“, управувано од В.С.(56) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“, управувано од В.Т.(43) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 27.09.2021 во 16.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од бул.„Илинденска“ и ул.„Никола Тесла“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“, управувано од Ф.Р.(27) од с.Пирок, тетовско и мотоцикл „пиаџо“, управуван од Љ.О.(54) од Тетово, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Тетово.

На 27.09.2021 во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница од бул.„Туристичка“ и ул.„Хаџи Мустафа“ во Охрид, патничко возило „шкода јети“, со албански национални ознаки, управувано од А.Ѓ.(54) од Охрид, удрило во велосипед управуван од М.М.(75) од Охрид. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Охрид.

Во текот на изминатото деноноќие (27.09/28.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 30 прекршоци.
 

Денеска (28.09.2021) во 03.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.Б.(22) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Денеска (28.09.2021) полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Г.А.(50) и С.А.(22), двајцата од с.Крупиште, oпштина Карбинци, поради постоење основи на сомнение дека во атарот на с.Крупиште сториле кривично дело „незaконит лов“, казниво по член 228 од Кривичниот законик. Кај Г.А. бил пронајден и одземен еден реденик за куршуми, а кај С.А. била пронајдена и одземена ловечка пушка и куршум. Запознаен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.


На 27.09.2021, по преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Штип за нелегална сеча и транспорт на огревни дрва во атарот на селата Аргулица и Јонузлија, општина Карбинци, пронајдени се и одземени патничко возило „фиат“ и патничко возило „голф“, и двете без регистарски таблички, кои биле натоварени со бесправно исечени огревни дрва. Времено одземените возила и дрва се предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.  


СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Д.(66) од охридското с.Долно Лакочереј и С.С.(64) од с.Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. Тие на 05.09.2021 во атарот на охридското село Свињишта се затекнати во лов и без важечка дозвола, со употреба на ловечка пушка „Црвена застава“.  


На 27.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 22 мерки, од кои 13 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 9 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 27 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.  


На 28.09.2021 во 04.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Макази-Подмочани, во близина на место викано „Подмочански мост“, патничко возило „опел астра”, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.К.(27) од с.Подмочани, ресенско, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Ресен.


На 27.09.2021 во 17.20 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници од Оперативен тим Потраги од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода З.Ч.(46) од Скопје. За него била распишана потерница, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.


На 27.09.2021 во 17.00 часот во с.Зелениково, скопско, полициски службеници од Оперативен тим Потраги од ЕВР Аеродром и Драчево го лишиле од слобода З.З.(42) од с.Зелениково. Тој се барал по потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.


Денеска (28.09.2021) околу 01.30 часот во Градскиот трговски центар во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го пронашле и привеле Џ.Џ.(20) од Кочани, поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица. При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Струмица и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.


Од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар поднесена е кривична пријава против Н.Д.(45) од Скопје, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“, предвидено и казниво по член 247 од Кривичниот законик. Пријавениот, на 07.03.2021 во с. Долно Лисиче, скопско, со намера да се стекне со противправна имотна корист, на оштетениот В.Ц. од Скопје му се претставил како превозник-трговец со огревни дрва, нудејќи му огревни дрва по поволна цена, ако му позајми 14.500 денари за да ја замени гумата од камионот, на кој му се натоварени дрвата за продажба. Откако ги земал парите, Н.Д. ниту донел дрва, ниту се јавувал. На тој начин го довел во заблуда оштетениот, кој му ги дал парите и еден мобилен телефон на пријавениот, со што Н.Д. се стекнал противправна имотна корист од околу 20.000 денари.


Денеска (28.09.2021) во 07.00 часот на ул.„146“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле Р.Х.(31) од Тетово за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 140 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против О.С.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Во временскиот период јули-септември 2020, со намера да се стекне со противправна имотна корист, О.С. сторил две кривични дела „измама“, при што како вработен агент за недвижности во приватна агенција од Скопје, ги довел во заблуда И.К. и С.А., двете од Скопје, на кои им зел капар за продажба на два стана во изградба, но земениот капар не го уплатил во агенцијата во која е вработен. Извршувајќи ги овие дела О.С. се стекнал со противправна имотна корист од околу 110.000 денари.

На 26.09.2021 во 18.45 часот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул„Кузман Јосифоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(30) од Прилеп и работна машина управувана од С.С.(40) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка во работната машина, додека возачот С.С. и сопатничката С.Б.(44), како и малолетна сопатничка во патничкото возило се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Прилеп.


На 27.09.2021 околу 15.00 часот кај место викано „Ресулка“, атар на с.Лојане, општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода Р.Р.(68) од с.Лојане, затоа што со запалка предизвикал пожар на наведеното место, при што изгорела сува трева, а бил забележан од очевидец. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Матејче и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 27.09.2021 во 17.57 часот во ОВР Ресен било пријавено дека во с.Асамати, ресенско, во близина на шумска куќа на Јавно претпријатие „Национални шуми“, во атар на с.Претор, настанал пожар при што горела сува трева и стрниште. Полициски службеници и Јавен обвинител излегле на местото и го пронашле починат М.Л.(62) од с.Претор, а смрт констатирала екипа на Итна медицинска помош. По преземени мерки било констатирано дека М.Л. и неговата сопруга Н.Л.(56) запалиле гранки во нивна бавча на место викано „Крива нива“ од што настанал пожар, а од густиот чад М.Л. паднал во безсознание, по што бил извлечен од огнот, но веќе бил починат. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

 

На 27.09.2021 во 16.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Крстец, прилчепско, до дрво во дворно место од семејната куќа бил пронајден починат К.Т.(70) од Прилеп. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, а кај него биле забележани повреди, најверојатно при пад од дрво. Тој во текот на денот бил виден како бере јаболка од дрвото. Увид на место извршила екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.


На 27.09.2021 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Ѓорче Петров, поради должничко-доверителски односи, Х.М.(27) од с.Ново Село, скопско, физички ја нападнал А.П.(23) од Скопје. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок..


На 27.09.2021 во 16.30 часот во СВР Скопје, В.О.(60) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот на подрачјето на Чаир, по претходно случена сообраќајна несреќа, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 27.09.2021 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Веселин Маслеша“ во Скопје едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 27.09.2021 во Полициската станица Кичево, М.П.(38) од Кичево пријавила дека на ул.„Рудничка“ во Кичево била касната од куче скитник.


СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Х.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.02.2021, Затворската полиција од Казнено-поправната установа Затвор Идризово извршила преглед на пакет што го донела пријавената за нејзиниот брат – осуденик во затворот, при што биле пронајдени марихуана и таблети МДМА.