Извадок на дел дневните настани 26.09.2021


 Ноќва (26.09.2021) околу 01.10 часот во близина на манастирчето во Кочани од страна на полициски службеници од ОВР Кочани биле лишени од слобода Ш.М.(32) и малолетник, и двајцата од Кочани, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени хероин и пари кои потекнуват од извршено кривично дело „кражба“. По насока на Јавен обвинител од ОЈО Кочани, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 215 и 216 од Кривичниот законик.

Ноќва (26.09.2021) во 00.15 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.Х.(25) од Скопје, кој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во аптека. Тој бил приведен во полициска станица и од него бил одземен предметот кој го употребил при извршување на делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (26.09.2021) во 02.00 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Ф.Ј.(34) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 216 од Кривичниот законик. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.09.2021 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 9 за возење под дејство на алкохол, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 3 мерки за неносење на сигурносен појас, 7 за возач почетник, 8 за користењена мобилен телефон, 21 за непрописно паркирање.

На 25.09.2021 околу 16.10 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај с.Облавце – општина Старо Нагоричане, патничко возило „форд фјужн“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ц.(75) од Скопје, излетало од патот. Во несреќата, возачот и сопатничката Р.И.(80) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што околу 20.00 часот Р.И. починала. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

На 25.09.2021, во рамки на зајакнатите акциски контроли на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 338 возачи. Од нив, 19 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 153 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 185 надвор од населено место.

Во текот на изминатото деноноќие (25.09/26.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 58 прекршоци.

На 26.09.2021 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле С.С.(23) од Куманово, затоа што во семејниот двор физички го нападнал неговиот брат Б.С.. На него му бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 26.09.2021 во Полициската станица Кавадарци биле приведени десет лица, поради тоа што во 01.30 часот на ул.„Илинденска“ во Кавадарци учествувале во физичка пресметка, која настанала помеѓу А.Ц.(25), Д.В.(20), М.В.(21), М.М.(21), М.М.(21) и Г.Ј.(21), сите од Скопје, од една страна и И.Т.(20), Ф.А.(24), Ј.Н.(27) и Д.А.(26), сите од Кавадарци, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе им бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 25.09.2021 во 17.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Марко Цепенков“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.Ѓ.(61) и К.Ѓ.(66), од една страна и С.Ѓ.(54) и Н.Ѓ.(37), од друга страна, сите од Охрид. Ним им биле изготвени записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 25.09.2021 во 15.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.20 часот на бул.„Кочо Рацин“, пред станот во зградата во која живее, М.И.(65) од Скопје била физички нападната од соседот Л.У.(44). На Л.У. му бил сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 26.09.2021 во 01.30 часот во СВР Скопје, Д.Џ.(33) од н.Илинден во Скопје пријавил дека околу 00.30 часот во Градски парк, по претходна расправија, бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.09.2021 во 14.11 часот во Полициската станица Ресен, 35-годишен жител на ресенско село пријавил дека околу 14.00 часот дошла неговата сопруга Д.Н.(31), со која се во бракоразводна постапка, заедно со нејзината мајка и физички ги нападнале баба му и неговата девојка, по што Д.Н. се обидела со нож да го повреди него. Полициски службеници излегле на местото и од Д.Н. бил одземен ножот. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.09.2021 во 17.40 часот во Полициската станица Македонски Брод, А.Д., пријавил дека, додека со чамец ловеле риба на езерото Козјак заедно со Б.Л.(55) од с.Пополжани, кичевско, чамецот се превртел. Според пријавеното, А.Д. останал на чамецот и дошол до брегот, а Б.Л. пливал, но на околу 30 метри пред брегот потонал во водите на езерото. Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на Б.Л. и за расчистување на случајот.

На 25.09.2021 во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 16.00 часот на 24.09. до 03.50 часот на 25.09.2021 била извршена тешка кражба во две приватни фирми во с.Визбегово, скопско, сопственост на И.Д.(44) од Скопје. Според пријавеното, сторителот со употреба на сила и подесен алат влегол во две канцеларии и одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.09.2021 во 00.30 часот во Полициската станица Карпош, од Итна медицинска помош било пријавено дека во собата за дежурни лекари во Психијатриска болница Скопје бил пронајден починат дежурниот лекар Љ.Н.(61) од Скопје. Смрт без траги на насилство констатирала екипа од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 26.09.2021 во 02.30 часот во Меѓународниот Аеродром – Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода К.Р.А.(50) од Скопје, затоа што го нарушила јавниот ред и мир со викање, непристојно и дрско однесување и со навредување на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Нејзе ѝ бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 4 и член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 25.09.2021 во 14.54 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот Н.И.(25) од Скопје бил повреден во ногата со остар предмет од осуденикот О.Е.(23) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.