Извадок на дел од дневни настани 25.09.2021

 

На 24.09.2021 во 23.25 на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода Ф.А.(30) и М.С.(30), двајцата од Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 24.09.2021 во 16.20 часот во Градски парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.09.2021 во 21.20 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода Р.А.(20) од Гостивар и А.М.(32) од с.Долна Бањица, гостиварско, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 24.09.2021 во 13.20 часот во близина на Железничка станица во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ш.Т.(18) и А.М.(18), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 24.09.2021 околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека при вршење ископ во фирма на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје била пронајдена неексплодирана граната. Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и од Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за минофрлачка граната м-1913, која потекнува од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

На 24.09.2021 околу 16.00 часот во Полициската станица Чаир, Т.Н.(21) од Скопје пријавила дека ул.„Цетинска“ била касната од куче скитник.

Во текот на изминатото деноноќие (24.09/25.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, во однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 70 прекршоци.

На 24.09.2021 во 08.30 часот во Полициската станица Драчево, Д.С.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.

 

Денеска (25.09.2021) во 13.45 часот полициски службеници од Полициска станица Богородица кај место викано „Одморалиште“ на автопатот „Пријателство“, го лишиле од слобода Д.С. од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „криумчарење на мигранти“. При контрола во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти (Сомалија-6, Сирија-3 и Пакистан-1). За случајот е известен Јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 24.09.221 во 11.45 часот во СВР Тетово, 50-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од Н.„Н“ од Тетово. Според пријавеното, пред околу девет месеци тие се договориле Н. да му обезбеди парцела на Попова Шапка за сума од 1300 евра, по што пријавителот му ги дал парите, но откако проверил дека не постои таква парцела побарал да му бидат вратени, по што Н. му вратил само 610 евра. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 24.09.2021 во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.М.(22), В.М.(31) и Б.И.(41), сите од Куманово, затоа што учествувале во меѓусебна физичка пресметка, а Б.И. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. На лицата А.М. и В.М. им бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, а по целосно документирање на случајот против Б.И. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

На 24.09.2021 во Полициската станица Струга било пријавено дека во три спортски обложувалници во Струга биле пуштени во оптек фалсификувани евра. Според пријавеното, во трите обложувалници во периодот од 21.00 до 21.30 часот влегле по три лица и од вработени размениле фалсификувани банкноти од по 100 евра. Банкнотите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

 

На 24.09.2021 во 14.55 часот во с. Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ѓ.(39) од с.Волково, затоа што физички ги нападнал неговите два малолетни синови. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 24.09.2021 во 14.52 часот во Полициското одделение Велешта, од Територијалната противпожарна единица Струга било пријавено дека настанал пожар во две штали во с.Велешта, сопственост на Р.Р.(38) и Р.Б.(54), при што изгорело сено и други предмети. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

 

На 24.09.2021 во 14.10 часот во СВР Скопје, Н.Д.(41) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на 20.09.2021 околу 11.00 часот во двор на фирма на ул.„Скупи“ бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.09.2021 во 20.20 часот во СВР Битола, Т.Ч.(46) од Битола пријавил дека на ул. „Батаљон Стив Наумов“ бил каснат од куче скитник.

 

На 24.09.2021 во 16.30 часот во ОВР Прилеп, Х,Б.(30) од Прилеп пријавил дека на 20.09.2021 околу 01.30 часот бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.09.2021 околу 14.00 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека на место викано „Ѓерен“, атар на с.Црник, пехчевско, настанал пожар во кој биле зафатени пасишта и шума. Пожарот бил изгаснат од екипа на Национални шуми – Пехчево, а повредени лица нема. Од извршениот увид било констатирано дека на местото биле присутни А.Д.(63) и М.Џ.(59), двајцата од с.Црник, кои напасувале добиток. Со нив бил извршен службен разговор и известен бил Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 24.09.2021 во 22.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 19.00 часот во двор на средно училиште во Тетово, малолетник од село Боговиње, тетовско, бил физички нападнат од друг малолетник. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 24.09.2021 во 15.45 часот во СВР Штип, 49-годишна жителка на Штип пријавила дека З.Ј. од Штип ѝ испраќал пораки на социјалните мрежи со вознемирувачки содржини, а и лично ѝ упатил закани. Според пријавеното, причина за тоа е што пред извесен период таа ја прекинала љубовната врската со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.09.2021 во 20.40 часот во Полициската станица Кочани, И.А.(73) од Кочани пријавил дека во помошна просторија во нас.„Трајаново трло“ две лица физички го нападнале и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.09.2021 околу 01.55 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ѓ.(18) од Велес, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 24.09.2021 во 13.20 часот во Полициската станица Кичево, Л.Т.(64) од Кичево пријавил дека во с.Пополжани бил каснат од куче скитник.

 

На 24.09.2021 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ѓ.(22) од Скопје, постапувајќи по пријава на 25-годишна жителка на Скопје, според која Н.Ѓ., со кого од претходно се познавале, во периодот од 12.00 до 15.00 часот ја однел со своето возило и физички ја нападнал, не дозволувајќи ѝ да си замине доколку не бидат во врска. Со него е извршен службен разговор, известен е Јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува поднесок.

 

На 24.09.2021 во 13.15 часот во Полициското одделение Галате, Џ.Џ.(44) од с.Добридол, гостиварско, пријавил дека околу 12.30 часот, во двор на основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ј.М. од с.Добридол. Се работи на расчистување на случајот.