Извадок на дел дневните настани 24.09.2021


 На 23.09.2021 во 16,39 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека при изведување градежни работи на зграда во изградба на подрачје на Гази Баба паднал работникот М.Ц.(55) од Скопје, кој починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и инспектор од Државен инспекторат за труд, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

На 23.09.2021 во 12,55 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.Т.Ф.(23) од Велика Британија затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.09.2021 во 08,45 часот било пријавено дека во Струмица на бул.“Ленинова“ после крстосницата со ул.“Цветан Димов“ патничко моторно возило “цитроен“ со струмички регистарски ознаки управувано од К.Т.(39) од Струмица удрило во велосипед управуван од Л.С.(56) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Во текот на вчерашниот ден (23.09.2021) на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 74 прекршоци, од кои 54 надвор од населено место и 20 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 46 други видови на прекршоци, од кои 30 прекршоци за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 3 за технички неисправно возило, 3 за некористење сигурносен појас и 8 за користење на мобилен телефон. Истиот ден во периодот од 08.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. За време на акциската контрола биле констатирани 10 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани.

Во текот на изминатото деноноќие (23.09/24.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 93 прекршоци.

На 23.09.2021 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Л.К.(42) од Битола бидејќи при извршен претрес во неговиот дом во Битола била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле санкционирани 34 возачи, од кои 22 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 12 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 24 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 23.09.2021 во 17,10 часот било пријавено дека во Велес на ул.„Васил Ѓоргов“ патничко возило удрило во пешакот А.А.(79) од Велес, по што го напуштило местото на настанот. Во несреќата А.А. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.09.2021 во 13.30 часот во с.Таранеш,дебарско, во близина на граничен камен ГКЕ 16/3 од полициски службеници се лишени од слобода Ј.М.(22) и А.М.(24) двајцата од Р.Албанија затоа што оствариле илегален влез во државава и кај нив биле пронајдени предмети кои потекнувале од кривично дело „кражба“. Лицата се предадени на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и редамисија- Дебар за понатамошна постапка.

 

На 24.09.2021 во 02.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Н.(19) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Р.(34) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 14.05.2020 во Казнено поправен дом Штип, во полуотворено одделение, од затворски чувари бил пронајден хероин претходно набавен и сокриен од пријавениот заради продажба.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Д. (39) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено во Казнено поправен дом Штип, од затворски чувари бил пронајден хероин кој претходно бил набавен и сокриен од пријавениот заради продажба.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Х. од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 02.03.2020 во Виница од полициски службеници, при извршен претрес и била пронајдена марихуана и мешавина од тутун и марихуана.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(25) од с.Доброште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “пренесување заразна болест“. На 23.08.2021 во домот на пријавената од полициски службеници била извршена редовна контрола и утврдено дека не е во домот односно постапила спротивно на решението од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат Тетово за изолација и лекување во домашни услови.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(32) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 18.08.2021 во Тетово, во домот на пријавениот од полициски службеници била извршена редовна контрола, но тој не бил затекнат во домот иако имал решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат Тетово за изолација и лекување во домашни услови.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.О.(18) од с.Доброште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “пренесување заразна болест“. На 23.08.2021 во с. Доброште, во домот на пријавениот од полициски службеници била извршена редовна контрола и утврденое е дека не во домот односно не го почитува решението од Државен санитарен и здравствен инспекторат Тетово за изолација и лекување во домашни услови.

     

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.В.(32) од Штип, поради постоење основи за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.05.2021 во 00,35 часот, од полициски службеници, пријавениот бил затекнат во движење за време на полициски час без дозвола за движење, кога со Одлука на Влада на Република Северна Македонија се забранува движење на населението со цел спречување на ширење заразна болест Ковид-19 и заштита на населението. 

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(15) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на пандемија“. На 05.06.2021 во 00,25 часот, од полициски службеници, пријавениот бил затекнат во движење за време на полициски час без дозвола за движење, кога со Одлука на Влада на Република Северна Македонија, се забранува движење на населението со цел спречување на ширење заразна болест Ковид - 19 и заштита на населението.

 

На 23.09.2021 во 09.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Аеродором две лица од кои едното имало пиштол со закана врз вработениот К.С.(32) од Скопје одзеле пари. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.09.2021 во 02,30 часот Н.С.(28) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода по претходна расправија бил физички нападнат од Б.А.(26) и Н.Х.(27) двајцата од с.Црн Врв,скопско. Сочинети записници за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

 

На 23.09.2021 околу 13,20 часот Б.М.(58) од Скопје пријавил дека во сервис за автомобили на подрачје на Ѓорче Петров по претходна расправија бил физички нападнат од Г.С.(41) од с.Инџиково,скопско. Сочинет е записник за костатиран прекршок по чл 12 од ЗППЈРМ.

 

На 23.09.2021 во 16.05 часот во СВР Скопје З.А.(35) од Скопје пријавил дека на 17.09.2021 во 01.00 часот пред угостителски објект на подрачје на Драчево бил физички нападнат од М.Ц.(21) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

 

На 24.09.2021 околу 05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Гази баба било опожарено возило „фиат пунто“ сопственост на А.М.. Извршен е увид на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (23 септември) од 8 до 20 часот, на неколку пунктови, спровеле акциска контрола за брзина, во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 39 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-15 и ГВ-24), претежно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и магистралата Гостивар-Кичево. Едно од пречекорувањата било за над 70 километри на час, а 8 (ТЕ-4 и ГВ-4) за над 50 километри на час.

Во рамките на акцијата, исто така, санкционирани се и 10 (ТЕ) пречекорувања на дозволената брзина во населено место, како и 8 други видови прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-1).

 

На 24.09.2021 во 07,20 часот на граничен премин „Богородица“ од полициски службеници биле приведени Х.Б.(30) и Х.М.(38) двајцата од Р.Косово кои биле сопатници во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.А.(61) од Скопје, затоа што при пасошка контрола пријавените приложиле фалсификувани патни исправи. Лицата се предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.