Извадок на дел дневните настани 23.09.2021


 На 22.09.2021 во 06.40 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(32) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен Кривичен Суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.09.2021 во населба Точила во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода В.Д.(39) од Прилеп. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.09.2021 во 19.05 часот на влез во Гевгелија. од полициски службеници од Полициска станица за граничен премин Богородица приведени се М.И.(54) од Скопје, кој управувал патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, во кое при контрола биле пронајдени Д.П.Д.А.(20), Р.Р.Т.(51), С.Г.Е.(20) и А.К.Г.(30), сите од Куба, кои илегално влегле од државата. Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (22.09.2021) на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 28 прекршоци, од кои 19 за управување возило со брзина подголема од дозволената во населено место и 9 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 16 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 2 за управување возило под дејство на алкохол и 2 за некористење на сигурносен појас.

На 22.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 17 мерки против возачи, од кои 10 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 7 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 23 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 22.09.2021 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена e регионална акциска контрола за санкционирање на прекшоците шти прават возачи на мототцикли. Притоа, биле констатирани 22 прекршоци и против возачите биле поднесени соодветни поднесоци.

На 22.09.2021 во СВР Охрид било пријавено дека при рушење на стар објект во селото Песочан, општина Дебарца, биле пронајдени експлозивни направи. По извршен увид од полициски службеници и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за две неексплодирани рачни бомби, кои биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.

На 22.09.2021 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружната крстосница на булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(33) и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од В.И.(51), двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.

На 22.09.2021 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(45) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од И.И.(46) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 22.09.2021 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“, Ј.Ј.(49) од Скопје, додека управувал електричен тротинет, паднал на коловозот. Во несреќата Ј.Ј. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Во текот на изминатото деноноќие (22.09/23.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 45 прекршок.

На 22.09.2021 во 19.45 часот во Полициската станица Аеродром, С.Е.(39) од Скопје пријавила дека на ул.„23-ти Октомври“ била касната од куче скитник.

На 22.09.2021 во 11.10 часот во Полициската станица Драчево, Б.Ј.(70) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.

На 22.09.2021 полициски службеници од ЕВР Гази Баба ја лишиле од слобода Б.А.(35) од Скопје поради сомнение за сторени повеќе кривични дела -„измама“ „дрска кражба“ и „кражба“ на подрачјето на Гази Баба. По судска наредба бил извршен претрес во нејзиниот дом и била пронајдена облеката што ја носела при извршување на кривичните дела. Во присуство на јавен обвинител било извршено препознавање од оштетените, при што биле расчистени шест кривични дела – три измами, една тешка кражба на дрзок начин и две кражби. По целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 23.09.2021 во 06.30 часот во атарот на с. Лојане, општина Липково, поточно кај место викано „Шорта“, од полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север биле откриени 52 лица илегални мигранти со потекло од африкански и азиски земји. Тие биле приведени и однесени во Транзитниот центар Табановце. Четири лица од Пакистан биле лишени од слобода затоа што кај нив биле пронајдени нелегални супстанци и ладно оружје а биле посочени и дека физички ги напаѓале останатите од групата. Тие се предадени во СВР Куманово. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 22.09.2021 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Џон Кенеди“ едно лице со закана со нож кон вработената го одзел дневниот промет. Десетина минути подоцна во аптеката дошол сопственикот А.С.(40), на кого, според пријавеното, му се слошило. За кратко време со Итна медицинска помош бил однесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар е констатирана смрт. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.09.2021 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Х.Т. и Ќ.Ѓ.Т.(38), двајцата од Република Турција. Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Во текот на вчерашниот ден (22.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 256 возачи. Од нив, 17 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 135 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

На 22.09.2021 околу 17.15 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош биле попречувани од повеќе лица при извршување службани дејствија по претходна пријава од М.М.(53) од Скопје дека дел од овие лица физички го нападнале. Тие фрлале со тврди предмети кон полициските службеници, при што повредиле двајца од нив, а оштетиле и три службени возила. Во врска со настанот биле приведени три лица, а се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.

На 22.09.2021 во 14.30 часот во СВР Скопје, А.Н.(73) од Скопје пријавил дека во 09.30 часот на подрачје на Кисела вода, по претходна расправија, бил физички нападнат од М.Б.(63) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 22.09.2021 во 13.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот стан на подрачје на Аеродром бил пронајден починат Н.М.(77) од Скопје. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.К.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 29.12.2020 на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници извршиле контрола на импровизирана тезга на пријавениот, при што пронашле и одзеле поголема количина разновидни пиротехнички средства.

На 22.09.2021 во 21.05 часот на влез во Гевгелија, од полициски службеници од Полициската станица Гевгелија лишени од слобода се Д.П.(43) од Скопје, кој управувал патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое при контрола биле пронајдени Т.К.П.Л.(28), В.К.Г.Ј.(23) и С.П.К.Ј.(20), сите од Куба, кои илегално влегле од државата. Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

На 22.09.2021 во 16.10 часот, полициски службеници од Одделот за Крим-полиција-Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(36) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени таблети, марихуана, семки од канабис, како и предмети кои ги набавил за подготовка на мини лабораторија за производство на марихуана - импровизирана направа наменета за производство и одгледување на растенија, вентилатори, рефлектори и друга опрема.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.09.2021 околу 00.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сендвичара на ул.„Васко Карангелевски“ едно лице со закана од вработениот одзел пари од дневниот промет. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 17.09.2021, полициски службеници од СВР Скопје извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин, таблети екстази, семки од растението канабис и две дигитални ваги.

На 22.09.2021 во 12.37 часот во СВР Куманово, З.М.(33) од Куманово пријавила дека околу 12.27 часот во нејзиниот дом била нападната од едно лице. Според пријавеното, лицето се претставило дека е од кабелска телевизија и побарало да наплати сметки, а кога влегла да побара пари лицето ја нападнало. Како што е пријавено, за неколку минути дошол нејзиниот сопруг и започнале физичка пресметка со лицето, кое потоа се дало во бегство и при тоа му испаднал пиштол. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а пиштолот бил подигнат за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.