Извадок на дел дневните настани 22.09.2021

 Денеска (22.09.2021) околу 01.10 часот на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на наплатната станица Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.Р.(52) и 28-годишната М.И. од гостиварските села Леуново и Вруток, затоа што при преглед кај нив и во нивното возило бил пронајден кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

На 21.09.2021 околу 21.20 часот на ул.„Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода В.К.(37) од охридското село Велгошти затоа што кај него била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.09.2021 околу 15.30 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б. А.К.(64) од Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

На 21.09.2021 во 19.30 часот на автопатот Скопје-Гевгелија, кај наплатна станица Градско, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор „Михајлово“ го лишиле од слобода Б.П.(67) од Скопје. при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени Р.В.Ј.(25), Р.В.О.(22) и Х.М.В.А.(42), сите од Куба, кои илегално влегле во државата. Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (21.09.2021) на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 31 прекршок, од кои 16 за управување возило со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и 15 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 11 други видови на прекршоци, од кои 8 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило и 2 за користење на мобилен телефон. Истиот ден, во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е акциска конторла за санкционирање на прекршоците што ги прават пешаците во сообраќајот. Од извршената контрола биле констатирани 35 прекршоци. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци.

На 21.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 30 мерки против возачи, од кои 23 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 7 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 6 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 21.09.2021 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаци во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани 39 прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-20) и сите биле за небезбедно - преминување улици надвор од обележани пешачки премини. При контролата, исто така, санкционирани се и 11 други видови прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-10).

На 21.09.2021 во 15.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Марксова“ и ул.„Панде Чесноска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(19) од Прилеп и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(44) од с.Житоше. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 21.09.2021 во 11,30 чaсот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, товарно моторно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(44) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Д.Т.(40) од Скопје. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настнот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 21.09.2021 во 12.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Диме Димески“ во Прилеп, велосипед управуван од засега непознат возач удрил во малолетен пешак од Прилеп, по што го напуштил местотото на настанот. Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие (21.09/22.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 51 прекршок.

На 21.09.2021 во 18.45 часот во СВР Куманово бил приведен О.Џ.(27) од Куманово. При контрола, извршена од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР, на граничниот премин Табановце, кај него бил пронајден кокаин. Исто така, било утврдено дека при пасошка контрола приложил фалсисфикуван негативен ПЦР тест. По целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(39) и Б.М.(36), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавените, на катастарска парцела на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, без соодветно одобрение за градење издадено од надлежен орган, изградиле два објекти и не го почитувале решението за отстранување на градбата издадено од о властен градежен инспектор.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Р.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Тој, во периодот март-мај 2021 година, довел во заблуда 48-годишен маж и 37-годижен маж, двајцата од Кичево, и им ветил дека од странство по поволни услови може да им набави работни машини и моторно возило-комби. За таа цел, оштетените во неколку наврати, на пријавениот му исплатиле 14.700 евра, но услугата не била извршена.

На 21.09.2021 во 17.40 часот во СВР Тетово, седумдесет и шестгодишниот А.Ш. од тетовско Шемшово пријавил дека, вршејќи ископ во дворот од семејната куќа, пронашол тромблонска мина. Извршен бил увид и било констатирано дека мината потекнува од 2001 година, по што била подигната и транспортирана од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување

На 21.09.2021 околу 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1737“ во центарот на Скопје настанал пожар во напуштена куќа. Од екипи на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

На 22.09.2021 во 02.40 часот во СВР Скопје, И.Т.(19) од Скопје пријавила дека околу 00.30 часот на паркинг на Средно Водно, по претходно недоразбирање, била физички нападната од М.Ш. и М.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.09.2021 во 21.30 часот во СВР Скопје, Д.Б.(41) од Скопје пријавил дека на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка била физички нападната од 16- годишен малолетник. Сочинет е записник за констатиран прекршок.

На 21.09.2021 во 17.00 часот во СВР Скопје, Н.З.(21) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот на подрачје на Гази баба бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.И.(41), А.И.(34), двајцата од с.Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 02.05.2021 во с.Добридол, пријавените физички и со тврд предмет го нападнале Е.Ќ.(63) од с.Добридол.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.И.(54) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија’’. На 18.08.2021, полициски службеници не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што бил лабораториски потврден позитивен случај на Ковид 19.
На 21.09.2021 во 01.10 часот во Полициското одделение Сарај, Ш.А.(47) од с.Буковиќ, скопско, пријавила дека нејзината ќерка И.А.(17) се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Е.(34) од с.Копанце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 13.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што бил лабораториски потврден позитивен случај на Ковид 19.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Б. (32) од с.Отља, општина Липково и Л.Ш.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Пријавените, на 01.09.2021 на граничен премин Табановце, при пасошка контрола, приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Ч.Д.(64) од село во општина Ранковце и Р.Д.(60) од село во кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. Пријавените, на 16.09.2021 постапиле спротивно на Решенија од Државен санитарен и здравствен иснпекторат, со кои им биле изречени мерки на изолација поради коронавирус и го напуштиле својот дом.