Извадок на дел дневните настани 21.09.2021


 На 20.09.2021 во 14.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во Парк шума Гази Баба го лишиле од слобода Н.Ш.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.09.2021 година во ОВР Дебар било пријавено дека во месноста „Венец“ на брегот на Дебарското езеро биле пронајдени експлозивни направи. По извршениот увид од полициски екипи и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за шест рачни бомби од Втората светска војна кои, по преземени безбедносни мерки, биле поништени.

На 20.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 32 мерки против возачи, од кои 27 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 5 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 3 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

Во текот на вчерашниот ден (20.09.2021) на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 27 прекршоци, од кои 15 надвор од населено место и 12 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 15 други видови на прекршоци, од кои 9 прекршоци за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 1 за управување на возило под дејство на алкохол и 1 за користење на мобилен телефон.

На 20.09.2021 во 22.00 и 22.20 часот кај наплатна рампа „Демир Капија“, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ биле приведени А.Ш.(26) и С.С.(51), двајцата од Скопје, кои управувале патнички моторни возила „бмв“ и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и во нив превезувале шест лица – мигранти од Куба, кои илегално влегле во државата. За настанот бил известен Јавен обвинител. Приведените биле предадени на полициски службеници од ОВР Неготино, а на лицата-мигранти им биле издадени решенија за протерување и биле спроведени до граничен премин „Табановце“.

На 20.09.2021 во 12.35 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од бул.„1-ви Мај“ и ул.„Мирче Ацев“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(58) од Битола и мопед „Томос” без регистарски ознаки, управуван од П.П.(67) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.П., констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 20.09.2021 во 21.20 часот во Полициската станица Чаир, Ф.А.(51) од Скопје пријавила дека на ул.„Петар Манџуков“ била касната од куче скитник.

На 20.09.2021 во 18.20 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Т.(26) од Скопје пријавила дека на ул.„Филип Филиповиќ“ била касната од куче скитник.

Во текот на изминатото деноноќие (20.09/21.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 63 прекршоци.

Денеска (21 .09.2021) околу 09.15 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(47) од Скопје. При претрес, извршен со судска наредба, во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана, саксии со канабис, гранки со цвет од канабис и суви гранки од канабис. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.09.2021 во 17.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско, трактор „имт 533“, управуван од М.В.(68) од с.Горобинци излетал од патот. Во незгодата М.В. се здобил со повреди констатирани во Јавната здравствена установа Свети Николе, по што бил пуштен на домашно лекување. На 20.09.2021 во 05.00 часот, М.В. повторно отишол во ЈЗУ Свети Николе од каде со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде починал. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.К.(40) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“. Тој, на 04.09.2021 година, во дворот од семејната куќа во Вевчани, физички ја нападнал неговата мајка и ѝ нанел телесни повреди.

На 21.09.2021 во 06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на пругата Згрополци-Велес настанал пожар во локомотива од воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

На 21.09.2021 во 05.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Кемал Сејфула“ едно лице со закана од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.09.2021 во 20.20 часот во СВР Скопје, Т.К.(60) од Скопје пријавил дека на подрачје на Карпош бил физички нападнат од В.Ш.(39) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 20.09.2021 во СВР Скопје, Б.М.(44) од с.Љуботен, скопско, пријавил дека околу 21.20 часот на автобуска постојка на подрачје на Чаир неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ј.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.09.2021 во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушитено поведение било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Л.Д.(18), која и претходно во неколку наврати се оддалечувала. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 20.09.2021 во 11.38 часот во СВР Скопје, А.Ш.(38) од Скопје пријавил дека на 17.09.2021 околу 11.55 часот во близина на маркет на подрачје на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.09.2021 во 15.00 часот во СВР Скопје, А.М.(18) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека околу 14.00 часот во автобус кој сообраќал на подрачје на Бит Пазар бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.09.2021 во 12.45 часот во СВР Скопје, М.Р.(35) од Скопје пријавила дека околу 11.40 часот во основно училиште на подрачје на Чаир, каде била вработена, по претходно недоразбирање била физички нападната од нејзина колешка С.В.. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот з апрекршоците против јавниот ред и мир.

На 20.09.2021 во 19.55 часот во СВР Скопје, А.А.(61) од Скопје пријавил дека од домот со патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки и со пари од дневен промет се оддалечил неговиот син А.А.(36). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 20.09.2021 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени остри предмети помеѓу К.М.(39) од с.Батинци и малолетник од една страна и С.К.(49) од с.Драчевица, скопско, од друга страна. Сочинети се записници за сторен прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Денеска (21.09.2021), на локалниот пат Радишани- Побожје, кон с.Танушевци, скопско, при контрола на комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. од с.Танушевци, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север пронашле поголема количина стока за широка потрошувачка без соодветна документација. Поради постоење сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“ лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ц.П.(64) од с.Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 11.08.2021 во с.Октиси, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Н.Д.(48) од с. Октиси во неговиот двор и му се заканил со остар предмет, по што со тврд предмет ги оштетил неговите возила.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Т.(18) и А.К.(18) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед кај пријавените, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.А.(59) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. На 07.08.2021 во Кичево, полициски службеници извршиле контрола на ул.„Амит Челопечанец“, при што констатирале дека пријавениот, како сопственик и инвеститор извршувал градежни активности за кои немал соодветно одобрение за градба и не постапил по решението за привремена мерка да престане со изведување на какви било градежни работи до добивање на правосилно одобрение за градба.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривична дела „измама“. Во периодот од 04.05.2021 до 18.07.2021 во Казнено-поправната установа -Затвор „Идризово“, пријавениот, кој се наоѓал на издржување казна затвор, во неколку наврати со лажно претставување и со лажно прикажување на факти, ги измамил И.Б.(50) од Тетово, Б.Ш.(36) од с.Селце и Н.Е.(50) од с.Џепчиште. На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 60.175 денари.

СВР Куманово поднесе три кривични пријави против Ј.С.(19), С.Ј., Н.С.(55) и И.С.(54), сите од Скопје, поради постоње основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“. Пријавените, на 08.09.2021 на граничен премин Табановце приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.С.(51) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 13.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во неговиот и покрај тоа што бил лабораториски потврден позитивен случај на Ковид 19.