Извадок на дел дневните настани 20.09.2021

 
На 19.09.2021 околу 11.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште поради сомнение дека во периодот 18/19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додека Н.А. е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Денеска (20.09.2021) во 00.50 часот во с.Соколари, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Н.Х.(59) од с.Боговиње, тетовско. Полициски службеници го запреле Н.Х. со неговото возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и откако констатирале дека направил сообраќаен прекршок изготвиле записник и прекршочен платен налог, по што тој им понудил поткуп за да не го констатираат прекршокот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во својство на овластен технички испитувач во правен субјект од Скопје, ја искористил својата службена положба и овластување и противзаконски започнал постапка за единечно одобрување на товарно возило „Мерцедес“, сопственост на правно лице од Лабуништа. Потоа, иако знаел дека возилото не ги исполнува условите за такво одобрение, изготвил лажна потврда со што на сопственикот му овозможил фалсификуваната докуметација да ја употреби пред Бирото за метрологија при Министерството за економија и ОВР Струга за негова регистрација.

Во текот на вчерашниот ден (19.09.2021) на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Од извршената контрола било констатирано дека 53 возачи ја пречекориле брзината на движење, од кои 31 надвор од населено место и 22 во населено место. Сите биле соодветно санкционирани. Истиот ден во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли во сообраќајот. За време на акциската контрола биле констатирани 22 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани. Oдземени се 2 мотоцикли поради техничка неисправност или поради тоа што се нерегистрирани повеќе од 6 месеци.

На 19.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 22 мерки против возачи, од кои 14 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 8 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 7 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 19.09.2021 во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Притоа, биле констатирани 25 прекршоци и против возачите биле поднесени соодветни поднесоци.

На 19.09.2021 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле преземени засилени мерки над учесниците во сообракајот, при што биле констатирани 18 прекршоци сторени од страна на возачи на мотоцикли. Од нив 7 прекршоци биле за неносење заштитен шлем (кацига), 6 за управување без возачка потврда (дозвола), 1 за управување на мотоцикл по изминување на важноста на регистрацијата и 4 останати видови прекршоци. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

На 19.09.2021 во 22.00 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Н.(26) од Скопје пријавил дека на бул.„Трета Македонска Бригада“ бил каснат од куче скитник.

Во текот на изминатото деноноќие (19.09/20.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 58 прекршоци.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 08.06.2021, полициски службеници од СВР Скопје извршиле преглед над пријавениот при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамин.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.С.(30) од Куманово поради постоење основи на сомнениe за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.04.2021, при извршен преглед над возило и пријавениот, бил пронајдена и одземена марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(30) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 15.06.2020, полициски службеници од ОВР Струга извршиле преглед над А.М., при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.И.(46) од с.Слатина, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 23.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во домот и покрај тоа што била лобораториски потврден позитивен случај на Ковид 19 и имала решение за изолација и домашно лекување.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.А.(46) од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 13.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во домот и покрај тоа што бил лобораториски потврден позитивен случај на Ковид 19 и имал решение за изолација и домашно лекување.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(34) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 16.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во домот и покрај тоа што била лобораториски потврден позитивен случај на Ковид 19 и имала решение за изолација и домашно лекување.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К. (27) од с.Долно Седларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 24.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во домот и покрај тоа што бил лобораториски потврден позитивен случај на Ковид 19 и имал решение за изолација и домашно лекување.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(32) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и против З.Г.(46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 18.05.2021 околу 23.00 часот во дворно место на Д.П. била одржана семејна прослава каде биле затекнати околу 15 лица, што било спротивно на одлуките на Владата за спречување на ширењето на ковид 19. Притоа, З.Г. одбил да се легитимира, упатувал закани кон полициските службеници и ги попречувал во вршење службени дејствија.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(41) од с. Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.08.2021, полициски службеници од ОВР Струга извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во домот и покрај тоа што имал решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.И.(33) од Сарај-Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. Пријавениот, на 08.09.2021 на граничен премин Табановце приложил фалсификувани негативни ПЦР тестови.


Денеска (20.09.2021) во 10.15 часот на ул.„Апостол Гусларот" во Скопје, Оперативен тим Потраги, врз основа на потерница од Основен Суд-Скопје 1, го лиши од слобода А.Ќ.(46) од Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 186 од Кривичниот законик.

На 19.09.2021 година во 22.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.М.(27) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.09.2021 во 10.00 часот на ул.„Вера Јоциќ“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Е.А.(43) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 16.09.2021 од казино на ул.„Христо Татарчев“ тој одзел пари. Во разговор со полициски службеници тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.09.2021 во 19.50 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север ги затекнале и спречиле С.Р.(47) и А.Р. (23), двајцата од Куманово, да остварат илегален влез во Република Северна Македонија од Косово со возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал С.Р.. При претрес во возилото била пронајдена разновидна стока за широка потрошувачка за која не поседувале никаква документација. С.Р. бил лишен од слобода и заедно со возилото и одземената стока бил предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 19.09.2021 од место викано „Воденици“ во с.Слепче, демирхисарско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода В.Ц.(31) од Скопје. Тој бил затекнат на шумски пат како управувал возило без регистарски ознаки натоварено со нежигосано дабово огревно дрво. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.09.2021 околу 21.30 часот во СВР Скопје, М.Б.(53) од с.Огњанци, скопско, пријавил дека во угостителски објект во с.Огњанци неговиот малолетен син, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од М.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.09.2021 во 13.05 часот во СВР Скопје, Б.Г.(51) од Скопје пријавил дека во 13.00 часот во близина на пазар во населба Ченто, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и Х.У.(48) од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 19.09.2021 во 05.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од СОС - Детско село се оддалечила нивната штитеничка А.М.(18), која и претходно се оддалечувала. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 19.09.2021 во 23.00 часот во СВР Скопје, М.С.(44) од Скопје пријавил дека околу 18.50 часот во двор од куќа на подрачје на Чаир, по претходно недоразбирање, тој и И.С. биле физички нападнати од Ф.С. и Ф.С.. Според пријавеното, едниот од нив носел огнено оружје, но не го употребил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.09.2021 во 04.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека од СОС - Детско Село Радишани се оддалечила нивната штитеничка И.П.(16), која и претходно се оддалечувала. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 19.09.2021 во 20.20 часот во СВР Скопје, Н.Џ.(46) од Скопје пријавил дека околу 15.45 часот на подрачје на Шуто Оризари, по претходно недоразбирање бил физички нападнат од К.Н., А.Н и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.09.2021 во 01.55 часот во СВР Скопје, А.С. од с.Идризово пријавил дека две лица влегле во неговиот дом преку незаклучена врата. Според пријавеното, едното лице физички го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.