Извадок на дел дневните настани 19.09.2021


 На 18.09.2021 во 13.25 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на патот за Македонско село, во близина на Средно Водно, го лишиле од слобода К.Ј.(29) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.09.2021 околу 16.30 часот во с.Градец, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С.Ш.(25) и В.И.(30) од гостиварско Врапчиште, бидејќи при нивен и преглед на нивното патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, била пронајдена марихуана. Нешто подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во дом и помошни простории на С.Ш., при што била пронајдена и одземена марихуана. Двете лица се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 18.09.2021 во 19.10 часот од полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи Југ-Кавадарци биле приведени К.Р.Д.(26), П.С.Ј.(43), Р.В.Б.(33) и малолетник, сите од Куба. Тие во патните исправи немале евидентирано влез во државата и изјавиле дека истиот ден илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Северна Македонија. Нив им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата.

На 18.09.2021 во 13.30 часот било пријавено дека во Градската болница Прилеп било донесено лице со повреди здобиени од сообраќајна несреќа. Од полициски службеници било излезено на местото, при што било констатирано дека околу 09.00 часот на ул.„Јоска Јорданоски“ мопед „генерик“, управуван од М.С.(52) од Прилеп удрил во патничко возило „пасат“, управувано од Г.Т.(46) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки, по што М.С. паднал од мопедот и се здобил со тешки телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 18.09.2021 во 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Е.(49) од гостиварско Чајле, во чиј угостителски објект на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар биле затекнати гости без сертификат за вакцинација. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат, а против С.Е. ќе биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

На 18.09.2021 во 16.20 часот на регионалниот пат Р1-103, во правец од с.Марена кон Неготино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира“, со бугарски национални ознаки, управувано од С.Н.(32) од с.Дреново, кавадаречко и товарно возило „ман“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.Л.(27) од Неготино. Во несреќата С.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во медицинска установа. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

На 18.09.2021 во 11.30 часот во Полициската станица Драчево С.Д.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„Јанко Мишиќ“ бил каснат од куче скитник.

 ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Љ.Л.(46) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Тој, во месноста „Бадеми“, на брегот на Дебарското Езеро, на локација со површина од 62 метри квадратни во државна сопственост, неовластено и без соодветно одобрение издадено од надлежен орган, започнал градба на објект од црста градба. Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 122.760 денари.

На 18.09.2021 во 10.20 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце во с.Непроштено го привеле И.Н.(46) од истото село, бидејќи бил затекнат со огревни дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 18.09.2021 во 21.20 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.Е.(29) и А.А.(21), двајцата од Скопје, а поради нивно меѓусебно нетрпение. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.

На 18.09.2021 во 16.05 часот во Полициската станица Аеродром, А.Р.(27) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“, таа и М.Х.(29), биле физички нападнати со тврд предмет од Ж.В.(50) од Скопје. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

На 18.09.2021 од Општата болница Прилеп во СВР Битола - ОВР Прилеп било пријавено дека обезбедувањето на болницата забележало дека насилно бил оштетен механизмот за затварање на вратничето од електричното ормарче со осигурачи, поставено пред влезот на модуларната болница за ковид-19, сместена во кругот на Општата болница, извршено во временскиот период од 16.09.2021 до 20.30 часот на 18.09.2021. Извршен е увид, а од страна на стручно лице, по извршена проверка, била констатирана исправност во функционирање на осигурачите. Се работи на расчистување на случајот.

На 18.09.2021 во 20.10 часот во Полициската станица Гостивар бил приведен Ќ.С.(20) од Гостивар, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 18.09.2021 во 19,50 часот М.П.(42) од Велес пријавил дека во Велес, во угостителски објект на ул.„Трета кумановска ударна бригада“, во кој бил вработен, по кратка вербална расправија бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 18.09.2021 во 19.40 часот било пријавено дека во Скопје, во аптека на ул.„Втора македонска бригада“, едно лице со закана кон вработената одзело пари и мобилен телефон. Се работи на расчистување на случајот.

На 18.09.2021 во 13.15 часот во СВР Скопје, Љ.К.(71) од Скопје пријавил дека околу 12.00 часот на ул.„Орце Николов“, пред влезот во Управен суд - Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое според пријавителот е вработено во судската полиција. Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 18.09.2021 во 18.15 часот во Полициската станица Аеродром Р.В.(61) од Скопје пријавил дека на бул.„Трета македонска бригада“ бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 18.09.2021 во 13,15 часот во Полициската станица Виница, С.С.(69) од Виница пријавил дека пред обложувалница на ул.„Маршал Тито“ во Виница бил физички нападнат од Г.Н. од Виница. Се работи на расчистување на случајот.

На 18.09.2021 во 07.50 часот во Полициската станица Кавадарци Х.Н.(21) од Кавадарци пријавил дека на ул.„Страшо Пинџур“ бил физички нападнат од Р.П. од Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот.

На 18.09.2021 во 10.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.Б.(37) од Скопје пријавил дека на 17.09.2021 околу 12.30 часот на ул.„Индира Ганди“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од повеќе малолетни лица. Се работи на расчистување на случајот.

Денеска (19.03.2021) околу 09.00 часот во полициска станица при СВР Велес е извршен службен разговор со две лица од Велес, во врска со пријава според која на 18.09.2021 во периодот од 22.30 до 23.30 часот на место викано „Дворови“ неколу лица физички нападнале и извршиле обљуба врз малолетничка, за која во 18.10 часот од ЈУМЦСР-Град Скопје во Полициската станица Центар било пријавено дека се оддалечила од установата. За случајот е известен Јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.