Извадок на дел дневните настани 14.09.2021

 
На 13.09.2021 во 20.20 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Ч.(31) и И.Г.(31), двајцата од Скопје. При преглед во патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ч., а сопатник бил И.Г. и при нивен личен преглед кај Ф.Ч. била пронајдена и одземена прашкаста материја. Исто така, И.Г. се барал по централна потерница за доиздржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Куманово. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, а И.Г. ќе биде спроведен во затворот за доиздржување на казната.

На 13.09.2021, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Д.И.(20) од кратовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“. На 06.09.2021 во Полициската станица Чаир Д.И. пријавил дека на ул.„Гоце Стојчевски“ во Скопје му било одземено патничко возило „фолксваген туарег“ со италијански регистарски ознаки. Но, по преземени мерки и активности од полициски службеници било констатирано дека станува збор за лажно пријавување. Д.И. го признал делото и изјавил дека го сторил тоа по претходен договор со едно лице поради должничко доверителски односи и за да го прикрие тоа од неговото семејство. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.09.2021 во 14.45 часот во парк на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ во книжарница на ул„Ѓуро Стругар“ во Скопје. Во разговор со полициски службеници тој ги признал делата. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (13.09.2021), СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 87 мерки, меѓу кои 52 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 12 за управување на возило без возачка дозвола, 9 за технички неисправно возило, 4 за нерегистрирано возило, 8 за некористење сигурносен појас и 2 за користење мобилен телефон.

На 13.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 32 мерки против возачи, од кои 20 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 12 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 27 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 13.09.2021 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„34“ во населба Илинден-Скопје, патничко моторно возило „ауди“ удрило во пешакот Б.К.(45) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот..

На 13.09.2021 во 13.10 часот во Полициската станица Центар, Г.Ч.(46) од Скопје пријавил дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил каснат од куче скитник.

На 13.09.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.Ј.К.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Митевски“ нејзиниот син бил каснат од куче скитник.

Во текот на изминатото деноноќие (13.09/14.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 53 прекршоци.

\Во текот на вчерашниот ден (13.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 245 возачи. Од нив, 15 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 91 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 154 надвор од населено место.

На 13.09.2021 во 19.15 часот на кеј „Осми Ноември“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Т.А.(23) од с.Подгорци, струшко, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.09.2020 во 18.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Ј.С.(23) од с.Гошинце, општина Липково. Тој бил спречен при обид илегално да влезе во Република Северна Македонија од Косово. При преглед во возилото „џип командер“ со кумановски регистарски ознаки, во кое се превезувало и малолетно лице, била пронајдена поголема количина трговска стока за која Ј.С. не поседувал никаква документација. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера (13 септември) од 8 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина, во која биле откриени и санкционирани 19 пречекорувања на максимално дозволената бризна (ТЕ-9 и ГВ-10) надвор од населено место, најмногу за 30 до 50 километри на час. Покрај ова, санкционирани биле и 4 пречекорувања на дозволената брзина во населено место (ТЕ), од кои 1 за повеќе од 50 километри на час, а санкционирани се и 28 други видови прекршоци (ТЕ-22 и ГВ-6).Вчера (13/14 септември) од 21 до 2 часот, санкционирани се и 2 возачи (ТЕ-1 и ГВ-1) кои ги управувале нивните возила под дејство на алкохол, како и 27 други прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-16). Во засилени контролни активности вчера спроведени на тетовското подрачје откриени биле и вкупно 10 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит, а соодветно санкционирани и подигнати од тетовската „пајак-служба“ се и 9 непрописно паркирани возила.

На 12.09.2021 во 17.30 часот во Полициската станица Кичево, 40-годишен жител на кичевско село пријавил дека едно лице се обидело да го измами за сума од 300 евра. Според пријавеното, околу 17.00 часот на неговиот број му се јавило лице кое се претставило дека се познавал со неговиот татко и дека со неговиот брат се во Косово. Како што е пријавено, тој побарал од него да ги даде парите на негов внук за да плати казна која им била напишана на граничен премин при транспорт на неговата почината сестра од Република Албанија во Република Северна Македонија. Исто така, според пријавеното, во 18.18 часот му се јавило лице кое му кажало дека околу 18.30 часот ќе дојде во село Колари да ги земе парите. Во меѓувреме, тој го пријавил настанот, а по наредба на Јавен обвинител околу 18.30 часот кај с.Колари од слобода бил лишен Р.М.(45) од Тетово. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.09.2021 во Полициската станица Карпош, вработена во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено здравје пријавила дека од Организациската единица Козле се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(14) од Куманово, кој и претходно се оддалечувал од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.П.(61) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 09.09.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за изолација поради контакт со заболен од Ковид 19.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против О.А.(63) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. При влез во државата на 03.09.2021 пријавениот потпишал изјава за самоизолација и добил Решение за задолжителна домашна изолација од ДСЗИ, но на 05.09.2021 го напуштил својот дом.

На 13.09.2021 во 11.45 часот во Полициската станица Бит Пазар, Р.Ј.(24) од с.Студеничани, скопско, пријавила дека околу 11.20 часот на ул.„192“ едно лице со употреба на сила и одзело чанта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.09.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Центар, Д.Н.(27) од Скопје пријавил дека на бул.„ВМРО“ бил каснат од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ш.(45) од с. Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 24.01.2021 на локален пат во село Челопек, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане извршиле преглед во патничко возило „Опел“, управувано од пријавениот, при што пронашле ловечка пушка „Црвена Застава“ калибар 12мм и 11 куршуми калибар 12мм,.

На 13.09.2021 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено во сопствениот стан на подрачје на Аеродром бил пронајден починат Џ.М.. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од итна медицинска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено во Судска медицина на обдукција.

На 13.09.2021 во 17.30 часот во СВР Скопје, В.Д.(37) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот пред една од клиниките на комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде била вработена, по завршување на работното време и по претходно недоразбирање била физички нападната од К.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.09.2021 во 18.15 часот во СВР Скопје, С.Б.(18) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.09.2021 во 15.00 часот во СВР Скопје, Н.Б.(41) од с.Блаце, скопско, пријавил дека околу 12.15 часот на пешачки премин на подрачје на Бутел неговиот син, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице кое управувало патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки. Сочинет е записник за констатиран прекршок по Законот з апрекршоцит епротив јавниот ред и мир.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.С.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 22.04.2021 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле марихуана, амфетамин и метилен-диоксиметаамфетамин .

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Џ.Ј.(55) од с.Букојчани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување , држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 06.04.2021 во с.Букојчани, полициските службеници од ОВР Кичево извршиле претрес во дом и други помошни простории сопственост на пријавениот, при што пронашле и одзеле ловечка пушка „ИЖ 18“, која ја чувал без дозвола.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.(31) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’. На 13.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што бил лабораториски потврден позитивен случај на Ковид 19 и имал решение за домашна изолација и лекување.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(28) од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’. На 13.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во својот дом и покрај тоа што била лабораториски потврден позитивен случај на Ковид 19 и имала решение за домашна изолација и лекување.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.Ј.(34) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 01.09.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за изолација поради контакт со заболен од Ковид 19. Подоцна, истиот ден тој бил забележан пред угостителски објект во Виница.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Е.А.(31) од с.Бачишта, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 06.06.2021 во 01.15 часот на локалниот пат во с.Долно Строгомиште, полициски службеници го затекнале пријавениот со патничко возило и констатирале дека немал дозвола за движење и покрај воведената забрана за движење заради спречување на ширењето на Ковид 19.
На 13.09.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 55-годишен маж од с.Копаница, скопско, пријавил дека неговата ќерка била физички нападната и еден период противправно задржана од А.С. (18), со кого била во љубовна врска, и неговите родители Р.С.(46) и С.С.(45), сите од с.Ласкарци, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.П.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 03.06.2021 во 01.20 часот на бул.„Октомвриска Револуција“ во Куманово, полициски службеници го затекнале пријавениот со патничко возило и констатирале дека не поседувал дозвола за движење и покрај воведената забрана за движење заради спречување на ширењето на Ковид 19.