Извадок на дел дневните настани 12.09.2021

 На 12.09.2021 во 00.45 часот на подрачје на Гази баба од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Ф.С.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.09.2021 во 13.00 часот во Скопје на пат Драчево - Планинарски дом „Караџица“, трактор „стеелс“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.М.(64) од Скопје изгубил контрола и излетал од патот. По несреќата К.М. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.


На 11.09.2021 околу 20,50 часот во Штип на ул.„Велко Влаховиќ“ во близина на мост на река Брегалница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген Т-Рок“ со штипски регистарски ознаки управувано од З.С.(46) од Штип и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки управувано од Ј.П.(56) од Штип. По несреќата возачот Ј.П. е пренесен во клиничка болница-Штип каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Штип.


На 11.09.2021 во 19.00 часот во Скопје на ул.„1“-Сопиште се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.К.(26) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.Ш.(77) од Скопје. По несреќата Н.К. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

На 11.09.2021 околу 20.10 часот на граничен премин „Долно Блаце“ на место викано „Дупки“ од полициски службеници бил приведен Е.Ѕ.(21) од Р.Косово поради постоење основано сомнение за илегално преминување на државната граница. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции - Скопје за понатамошна постапка.


На 12.09.2021 во 02.10 часот на граничен премин „Meѓународен Аеродром Скопје“ од полициски службеници е приведен И.J.(50) од Р.Албанија бидејќи по извршена пасошка контрола и проверка во службената евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ издадена од Интерпол затоа што е предмет на потрага. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

На 11.09.2021 во 19.15 часот во СВР Скопје, Р.Е.(40) од Скопје, пријавил дека на ул.Кеј Димитар Влахов бил каснат од куче скитник.


На 12.09.2021 во 00.20 часот во СВР Скопје, А.М.(33) од Скопје пријавил дека на ул.Иван Хаџиниколов бил каснат од куче скитник.


На 12.09.2021 во 13.00 часот на подрачје на Гази Баба од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода А.Б.(33) од с.Арачиново, скопско, кој со потерница се барал за издржување на казна затвор во траење од 18 месеци, поради сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ казниво по чл.418-б од Кривичен законик. Лицето ќе биде предадено на соодветната установа.

На 12.09.2021 во 02.45 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода И.Д.(21) од Штип затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.09.2021 во 13,55 часот, при контрола на магистралниот пат Кичево-Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Кичево сопреле товарно моторно возило „фиат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од селото Србјани. Притоа, констатирано е дека истиот, бесправно и без соодветна документација превезувал огревни дабови дрва. Товарното возило и огревното дрво, со записник се одземени и предаени на Шумска полиција во Кичево по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11/12.09.2021 година, од 23 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се сообраќајни контроли при што, полициските службеници во Охрид санкционирале 28 возачи кои управувале моторно возило со поголема брзина од дозволената (09 надвор од населено место и 19 во населено место). Во Кичево, при преземените мерки, полициските службеници регистрирале и санкционирале 3 возачи на моторно возило кои извршиле престигнување на недозволено место, а од сообраќај исклучиле еден возач кој управувал моторно возило под дејство на алкохол.

На 11.09.2021 во 16.00 часот на крстосница од ул.Св.Јоаким Осоговски и ул.Јоаким Крчовски во Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки управуван од 15 годишен малолетник од Крива Паланка и патничко моторно возило „фиат пунто“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од И.М.(21) од Крива Паланка. Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, што му биле констатирани од доктор во здравствен дом Крива паланка. За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

На 11.09.2021 во во 13.45 часот на пат Р-2331 Битола-Ниже Поле во близина на крстосница за с.Дихово во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со бугарски национални ознаки, управуван од В.К.(46) од Битола и патничко моторно возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, упарвувано од П.П.(43) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.К. констатирани од доктор во клиничка болница Битола. Увид на лице место извршила екипа од СВР Битола.

На 11.09.2021 во 22,20 часот на ул.„Маршал Тито“ во Свети Николе патничко моторно возило „бмв“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.П.(25) од Свети Николе излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Т. од Свети Николе, констатирани од доктор во здравствена установа Свети Николе. Увид на лице место извршен од екипа на ОВР Свети Николе.

На 11.09.2021 во 22.40 часот во СВР Куманово Џ.И.(71) од Куманово пријавил дека околу 22.10 часот во неговиот дом во Куманово бил физички нападнат од две лица, од кои едното имало пиштол, кои му одзеле пари и два мобилни телефони. Извршен е увид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Тетово е пријавено дека на 10/11.09.2021 во периодот од 21.00 до 09.00 часот од црквата „Св.Петар и Павле“ во с.Горна Бањица, гостиварско од непознат сторилет биле одземени пари. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.09.2021 околу 00.15 часот во СВР Скопје од противпожарна единица Скопје било пријавено дека во фабрика на подрачје на Гази Баба при вршење на работни обврски бил повреден работникот Б.Д.(23) од Скопје, кoj бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид.

На 11.09.2021 во 23.00 часот во СВР Скопје, Љ.Д.(35) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот во близина на угостителски објект на подрачје на Гази Баба бил физички нападнат со остар предмет од Р.П. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.09.2021 во 20.00 часот во СВР Скопје, Б.Ш.(23) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот во фирма на подрачје на Бутел додека бил на своето работно место бил физички напднат со тврд предмет од неговиот колега Ј.Ч. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.

На 11.09.2021 во 21.00 часот во СВР Скопје, С.С.(66) од с.Шишево,скопско пријавил дека околу 20.20 часот пред продавница во с.Шишево неговите два внука биле физички нападнати од А.Ш.(31) и И.Ш.(29) употребувајќи тврд предмет, сите од с.Шишево. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.12 ст.2 од ЗППЈРМ.

На 11.09.2021 во 20.10 часот во Полициска станица Радовиш, Д.Н.(24) од с.Ораовица пријавил дека околу 18.15 часот додека бил во своето дворно место со воздушна пушка била испукана една дијабола од неговата сосетка Ј.М. во правец на неговата куќа каде во непосредна близина бил и пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.09.2021 во 21.00 часот во Полициска станица Радовиш, Н.М.(18) од с.Бучим пријавила дека околу 18.30 часот во с.Бучим била физички нападната од Д.С., У.Д. и М.Д. сите од с.Бучим. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.09.2021 во 21.50 часот во СВР Струмица, Н.А.(44) од Струмица пријавила дека околу 17.30 часот во казино во Струмица била физички нападната од М.А. од с.Секирник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.09.2021 во 04.30 часот на локален пат Ново Село-с.Барбарево, на место викано „Репетиторот„ патничко моторно возило „опел астра„ со струмички регистарски ознаки управувано од Т.Е.(23) од Ново Село, во кое сопатник бил А.Ш.(25) од Ново Село излетало од патот. Во незгодата со тешки телсени повреди се здобил сопатникот А.Ш. кои му биле констатирани до доктор во медицински центар Струмица каде му е укажана и лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од СВР Струмица.

На 11.09.2021 во 21.10 часот во СВР Тетово, А.С.(34) од Тетово пријавила дека околу 20.00 часот во Тетово по претходна расправија била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.09.2021 во 21.00 часот во Полициска станица Гостивар, В.Б.(51) од Гостивар пријавил дека околу 20.00 часот во градскиот парк во Гостивар неговиот малолетен син по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Б.А. и Е.С. двајцата од с.Калиште,гостиварско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.09.2021 во 21,15 часот во Полициска станица Гостивар, С.Ј.(34) од Гостивар пријавила дека околу 20,30 часот во Гостивар била физички нападната од Н.А. од Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие (11.09/12.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 57 прекршоци.

На 11.09.2021 во 15.00 часот во СВР Скопје, С.И.(52) од Скопје пријавила дека изгубила контакт со нејзината керќа И.И.(34) од Куманово која имала здравствени проблеми и истата не и се јавувала на телефон. Според пријавеното, пријавителката последен пат се видела со неа пред околу една година.