Извадок на дел од дневните настани 11.09.2021

На 10.09.2021 во 17.20 часот на подрачје на Бит пазар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Б.А.(27) од Скопје. Откако сопреле патничко моторно возило „ауди А7“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот излегол од возилото и се дал во бегство, но бил фатен и при преглед кај него е пронајден пиштол „ЦЗ 9мм“, две рамки со по седум куршуми кал.9мм без дозвола за поседување, мобилен телефон и други предмети. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 09.09.2021 во 18.20 во с.Глумово, скопско од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиени информации и издадена судска наредба, е лишен од слобода М.П.(30) од Скопје, бидејќи при извршен претрес врз него, во неговиот дом и викенд куќа пронајдени се марихуана, метамфетамин и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.09.2021 во 03.20 часот на подрачје на Гази баба од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода И.Б.(20) од с. Арачиново, скопско бидејќи при извршен претрес кај него се пронајдени марихуана и патничко моторно возило „ровер“ со кумановски регистарски ознаки, кое било предмет на прекршок по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.09.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје, Љ.Б.(57) од Скопје пријавил дека на ул.Христо Татарчев бил каснат од куче скитник.

На 10.09.2021 во 15.15 часот во СВР Скопје, М.М.(27) од Скопје пријавила дека на ул.Бутелска била касната од куче скитник.

На 10.09.2021 околу 13.30 часот на ул.Јордан Мијалков во Скопје, мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ш.(51) од Скопје, удрил во велосипедистката Е.Ѓ.(18) од Скопје. По незгодата Е.Ѓ. била пренесена во градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што од доктор и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

На 10.09.2021 во 08.00 часот во Струга на магистрален пат А2 Струга-Ќафасан во близина на каменолом се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од 16 годишен малолетник од Р.Албанија, и товарно моторно возило „сканија“ со приколка со беровски регистарски ознаки, управувано од Б.О.(63) од Велес. По незгодата малолетниот возач е пренесен во болницата „Св.Еразмо Охрид“ каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Струга.

На 10.09.2021 во 21,50 часот на крстосница од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани се случила сообракајна незгода помегу патничко моторно возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки управувано од Д.Т.(23) од с.Спанчево и патничко моторно возило „бмв“ со валандовски регистарски ознаки управувано од Ф.О.(49). од с.Дедели,валандовско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.Т. додека нејзините сопатници И.М.(41) и К.Н.(22) двете од Кочани се здобиле со повреди констатирани од доктор во здравствена установа-Кочани. Увид на лице место извршил јавен обвинител и екипа од Полициска станица Кочани.

Во текот на изминатото деноноќие (10.09/11.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 47 прекршоци.

Вчера (10.09.) полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 21 возачи.

На 10.09.2021 околу 10,30 часот на граничен премин „Долно Блаце“ на место викано „Дупки“ од полициски службеници приведени се А.Б.(23) и К.С.(30) двајцата од Р.Косово поради обид за илегално преминување на државната граница. Лицата се предедени на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции- Скопје за понатамошна постапка.

На 10.09.2021 во 22,15 часот на граничен премин „Деве Баир“ од полициски службеници е приведен О.Ф.(54) од Р.Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. За настанот е известен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кратово за понатамошна постапка.

На 10.09.2021 во 11.45 часот во СВР Скопје, М.М.(64) од Скопје пријавил дека на ул.Иван Хаџиниколов бил каснат од куче скитник.

Вчера (10.09.) полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за прекршоци кои ги чинат пешаците на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 18 пешаци.

На 10.09.2021 во 12.15 часот во Полициска станица Прилеп, Т.Ј. пријавил сообраќајна незгода на патот Битола- Прилеп во близина на с.Ерековци. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека на патот Битола-Прилеп патничко моторно возило „сеат леон“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.М.(47) од с.Дебреште излегло надвор од коловозот. Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобил Н.М. кои му биле констатирани од доктор во општа болница-Прилеп. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

На 10.09.2021 година од 10 до 15 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници регистрираа и санкционираа 50 пешаци пoради небезбедно преминување улица односно преминување коловоз надвор од пешачки премин (Охрид-16, Струга-09, Кичево-23, Дебар-02). Дополнително, во Охрид регистрирани се 3 прекршоци направени од возачи на моторцили.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекусори,, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.З.(45) од Скопје.На него, одредена му е мерка притвор од 30 дена. При претрес извршен на 04.09.2021 година, во куќа, сопственост на неговата мајка, во селото Долно Мелничани, општина Центар Жупа, полициските службеници пронајдоа насади со 24 стебла од растението Канабис како и 5 стебла насадени во пластични саксии.

На 10.09.2021 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение на 09.09.2021 се вратила нивната штитеничка Л.Д.(18) која на 31.08.2021 била пријавен дека се оддалечила од установата.


На 10.09.2021 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред спортски објект на подрачје на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Б.(29) и Б.В.Т.(37) двете од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

На 10.09.2021 во 18.24 часот во СВР Скопје, М.С.(23) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот во близина на угостителски објекти во трговски центар на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.09.2021 во 18.45 часот во СВР Скопје, А.Т.(57) од с.Волково,скопско пријавил дека на 09.09.2021 околу 19.45 часот на подрачје на Карпош по претходно случена сообраќајна несреќа бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.09.2021 во 17.30 часот од полициски службеници на СВР Скопје е пронајден и лишен од слобода 13 годишен малолетник поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“.

На 10.09.2021 во 15.50 часот во СВР Битола, С.Т.(54) од Битола пријавила дека на 02.06.2021 во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.09.2021 во 00,50 часот во Полициска станица Кочани било пријавено дека пред угостителски објект во Кочани по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(41) и П.П.(22) двајцата од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.09.2021 во 14.30 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека во неговиот дом во Богданци од неговата сопруга е пронајден починат Б.С.(79) кој имал здравствени проблеми. Лекар од итна медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Гевгелија, а по овластување на јавен обвинител издадена е наредба за обдукција.

На 10.09.2021 во 16.30 часот во СВР Струмица, М.Е.(22) од Струмица пријавил дека додека бил во неговиот дом во Струмица заедно со неговото семејство биле физички нападнат од М.Н., Е.Н., М.Н. и уште едно лице, по што пријавителот од пријавените со возило бил однесен на место викано „Цареви Кули“ каде повторно бил физички нападнат од претходно пријавените и уште две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.09.2021 во 14.35 часот во ОВР-Кавадарци, К.Ѓ.(53) од Кавадарци пријавил дека околу 08.45 часот во канцеларија на локална самоуправа во Кавадарци бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.09.2021 во 22.40 часот на ул. 29-ти Ноеври во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода А.Д.(41) од Велес поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“ , пријавено од Ц.С. од Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.09.2021 во 01.00 часот во Полициско одделение Галате, Ш.С.(23) од с.Врапчиште,гостиварско пријавил дека на 10.09.2021 околу 23.10 часот во с.Врапчиште по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од А.С. и М.А. двајцата од с.Врапчиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.09.2021 во 20.50 часот во с.Градец од полициски службеници од Полициско оддление Галате се лишени од слобода В.А.(35) и Б.А.(69) двајцата од с.Градец поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „кражба“ казниво по член 235 од Кривичен законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.